Скопје
Ќе се изработи основен проект за Јужен булевар
По речиси пет години од потпишувањето на договорот за изградба на подземната сообраќајница, Градот Скопје распиша оглас за избор на проектантска куќа што ќе го изработи основниот проект и основниот сообраќаен проект со вклучена ревизија за булеварот „Македонија“ (поранешен Јужен булевар).
Проектната документација за капиталниот зафат се однесува на трасата од кружната крстосница со улиците „Костурски херои“ и „Митрополит Теодосиј Гологанов“ до раскрсницата со улиците „11 Октомври“ и „Борис Трајковски“. Изработката на проектната документација е проценето дека ќе чини 6,2 милиони денари, без вклучен ДДВ. Можноста за доставување на понуди од компаниите е отворена до 15 февруари, за кога е закажано и нивното јавно отворање.
Подземната сообраќајница зад трговскиот центар „Рамстор“ треба да ја гради турската компанија „Лимак“, која во 2012 година го купи земјиштето за изградба на надземен комплекс со површина од околу 300.000 метри квадратни. Како обврска од договорот, турски „Лимак“ е должен да ја изгради трасата под земја во должина од 800 метри. Сообраќајницата ќе започнува со кружен тек кај зградата на поранешна НИП „Нова Македонија“, додека од тунелот ќе се излегува кај Стара рампа каде што е предвиден и вториот кружен тек. Подземната сообраќајница ќе се состои од шест коловозни ленти што треба да го намалат бројот на возила во строгиот центар на Скопје, овозможувајќи ја опцијата за брз транзит во правецот исток-запад./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




