Македонија
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во „војна“ за Скупи
Во Скупи да не се гради нов театар, инсистира СДСМ, додека од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека тие не знаат што зборуваат поради тоа што немаат поим како фунционираат државните институции и не ја познаат легислативата за темата за која зборуваат.
„Овде сме да порачаме (министерката за култура Елизабета) Канческа – Милевска веднаш да се откаже од уништувањето на грандиозниот објект Скупи, чиишто остатоци се стари 20 века. Предупредуваме дека намерата да се руши дел од културното наследство Скупи, за да се гради театар, е кривично дело поврзано со оштетување и уништување културно наследство и дека ќе има одговорност“, рече Роберт Алаѓозовски од СДСМ.
Тој, заклучокот дека на локалитетот Скупи ќе се гради театар го црпи од Годишната програма за 2017 годнина, каде наместо конзервацијата за којашто тврдеше Канческа Милевска, сега е наведено дека ќе се прави „делумна реконструкција на сценската зграда на театарот во Скупи“.
„Предупредуваме дека според важечкото Решение на Скупи, за утврдување својство споменик на културата, наведена е “забрана за поставување на какви било објекти на овој простор“, рече Алаѓозовски.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека Алаѓозовски покажува елементарно непознавање на фунционирањето на државните институции и легислативата за темата за која зборува.
Обиди на некомпететниот Алаѓозовски за политизирање на тема култура се навреда и за граѓаните, но пред се на стручната јавност кои со години наназад се вклучени и посветено работат на локалитетот Скупи, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремен дожд, а на планините снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб ветер од променлив превец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во недела кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Од понеделник во текот на денот ќе настапи постепено стабилизирање на времето со опаѓање на утринските температури, а дневните ќе бидат во пораст.

