Европа
Француската левица го избира кандидатот за претседателските избори

Француските социјалисти, со историско најниско ниво на поддршка меѓу избирачите и разединети, во недела го избираат кандидатот за претседателот меѓу Беноа Амон поранешен министер за образование во владата на социјалистите, кој води по првиот круг од предизборите и поранешниот премиер Мануел Валс, а се смета дека има големи шанси сега откако почнаа да се лиферуваат афери за кандидатот на конзервативците поранешниот премиер Франсоа Фијон.
Повеќе од 7.000 избирачки места се отворени ширум Франција од 9 до 19 часот по средноевропско време.
Првиот круг од прелиминарните избори на француската левица се одржаа со мал одѕив на избирачите коишто, како и претходно кај конзервативците требаше да уплатат по едно евро и да потпишат изјава за прифаќање на политичките вредности на левицата. Во неделата на избирачките кутии излегле меѓу 1,7 и 1,9 милиони гласачи, додека во 2011 година на првиот круг од предизборите гласаа 2,7 милиони избирачи. За споредба, ланскиот ноември, на првиот круг од предизборите кај конзервативците на кои победи поранешниот премиер Франсоа Фијон, излегоа 4,3 милиони гласачи.
Одѕивот во вториот круг е голема непозната по слабиот одѕив во првиот круг. Во првиот круг од 22-ри јануари Амон освои 36 отсто, а Валс 31,5 отсто. Но Амон јавно ја доби поддршката од освојувачот на трето место поранешниот министер за економија Арно Монтенбур со освоени 17,6 отсто од гласовите.
На последното телевизиско соочување во средата Амон и Валс ги покажаа големите меѓусебни разлики, во прв ред околу законите за работните односи и принципите на сеуларнсота.
Педесет и четиригодишниот Маниел Валс кој го истакнува своето искуство на власт во приликите на џихадистичките закани во Франција, се обиде оваа седмица а ја намали предноста на неговиот противкандидато 49-годишниот Беноа Амон чија програма е насочена на социјална праведност која поранешниот премиер ја нарекува „утопија“.
Коментаторите оценуваат дека таквата реторика која дополнително ги продлабочува поделбите на „двете левици“, може да го загрози неопходното единство по прeдизборите, во моментот кој и онака е ток а Социјалистичката партија (PС), распарчена по петгодишното престојување на власт.
Анкетите со месеци предвидуваа дека победникот на социјалистичките предизбори, без оглед на тоа кој е бил, во првите круг од претседателските избори на 23-ти април ќе биде ја победи кандидатката на крајната десница Марин Лепен која добива ветер в грбот по британското излегување од ЕУ и победата на Доналд Трамп на американските претседателските избори и од конзервативецот Франсоа Фијон, кому многу му се намалуваат шансите по продуцирањето на случаите со неговата сопруга и за него лично, кој ќе мора да вложи многу напори да ја сочува својата фаворитска улога.
Меѓутоа, ситуацијата меѓу социјалистите ќе остане и натаму неизвесна и по вториот круг, кога ќе биде одреден нивниот кандидат. Имено, познато е дека на изборите кон крајот на април, француската левица ќе ја застапуваат и други кандидати, па кандидатот на Социјалистичката партија, лесно може да се случи, поради слабиот рејтинг на партијата и актуелниот претседател воопшто да нема шанси да влезе во вториот круг на почетокот од мај.
Така, според последната анкета на компанијата Ipsos Sopra, во првиот круг од претседателските избори кандидатот на социјалистите, Амон или Валс, може да добие само 8 до 9 отсто од гласовите, бидејќи независниот кандидат поранешниот министер за економија Емануел Макрон има поддршка од 18-до 20 отсто од гласачите, а европратеникот Жан-Лук Меланшон има поддршка од 13 до 15 отсто. Во водство се кандидатите на десница, челничката на крајно десната Национален фронт, Марин Лепен со 27 отсто и кандидатот на конзервативната Републиканци, поранешниот премиер Франсоа Фијон со 25/26 отсто доверба меѓу француските избирачи./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Зеленски: Русија со дронови ја дестабилизира Европа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека се обидува да ја дестабилизира Европа со користење беспилотни летала за саботажи и немири.
Зеленски, во видео обраќање доцна во вторникот, рече дека Москва ја користи својата таканаречена „флота во сенка“ не само за финансирање на војната со транспорт на нафта со танкери, туку и за саботажи и разни напори за поткопување на стабилноста низ целиот континент.
„Неодамнешните лансирања на беспилотни летала од танкери се еден таков пример“, рече тој, повикувајќи се на разузнавачки информации од украинските надворешни служби.
The Head of Foreign Intelligence reported in detail on how the Russians are utilizing tankers of their “shadow fleet” – not only to finance the war, but also for sabotage and various destabilization attempts in Europe. Recent launches of drones from tankers are one such example.… pic.twitter.com/B09UQo9EZK
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) October 7, 2025
Официјалните информации за потеклото на беспилотните летала неодамна забележани во земји, вклучувајќи ги Данска и Германија, сè уште не се потврдени.
Русија негираше каква било вмешаност.
Дмитриј Медведев, заменик-шеф на Советот за национална безбедност на Русија, посочи дека самите украински сили би можеле провокативно да користат вакви беспилотни летала за да ја вовлечат Европа во војна против Русија.
Украина, исто така, произведува беспилотни летала со долг дострел.
фото: принтскрин
Европа
Путин: Украинците се повлекуваат на целата фронтова линија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските сили во 2025 година зазеле речиси 5.000 квадратни километри територија во Украина и дека Москва има целосна стратешка иницијатива на бојното поле.
На состанокот со високи воени команданти, Путин рече дека украинските сили се повлекуваат од фронтот во сите сектори.
Тој нагласи дека Киев се обидува да пука длабоко на руска територија, но дека тоа нема да помогне да се промени ситуацијата во војната што трае повеќе од три и пол години.
„Во моментов, руските вооружени сили целосно ја држат стратешката иницијатива“, рече Путин на состанок во северозападна Русија, според Кремљ.
„Оваа година ослободивме речиси 5.000 километри територија, 4.900 километри и 212 населени места.“
Украинските сили, рече тој, „се повлекуваат по линијата на борбен контакт, и покрај обидите за жесток отпор.“
фото: принтскрин
Европа
Мелони: Пријавена сум во Меѓународниот кривичен суд за соучество во геноцид

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вчера изјави дека таа и двајца министри се пријавени во Меѓународниот кривичен суд за наводно соучество во геноцид поврзан со израелската офанзива во Газа.
Во интервју за италијанската телевизиска станица РАИ, Мелони рече дека министерот за одбрана Гвидо Кросето и министерот за надворешни работи Антонио Тајани се пријавени во Меѓународниот кривичен суд и рече дека „мисли“ дека тоа се однесува и на Роберто Чинголани, шефот на одбранбената групација Леонардо.
„Верувам дека нема друг случај во светот или во историјата со вакви обвинувања“, рече Мелони.
Таа не прецизираше кој го поднел случајот против неа и министрите.
Меѓународниот кривичен суд истражува, гони и суди лица обвинети за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото.
Италија беше место на серија демонстрации во изминатата недела, при што стотици илјади луѓе излегоа на улиците во знак на протест против масовните убиства во Газа, а многу демонстранти беа насочени кон Мелони.
Нејзината десничарска влада, во голема мера цврст поддржувач на Израел, неодамна се дистанцира од она што го нарекува „несразмерна“ офанзива во Газа, но не прекина никакви трговски или дипломатски врски, ниту ја призна државата Палестина.
Мелони рече дека е „зачудена“ од обвинувањето за соучество во геноцид бидејќи „секој што ја познава ситуацијата знае дека Италија, на пример, не одобрила нови испораки на оружје во Израел по 7 октомври“.
фото: принтскрин