Регион
Со пропусница на ИС стигнал до Србија преку Македонија

Сириец со патна исправа со која слободно можел да се движи на територија на Исламска држава е прв мигрант за кого постел сомнеж дека е терорист, а во Србија стигнал преку Македонија, јавува „Blic“.
Пред две недели, Сириец влегол во Србија преку Македонија, а сомнежот дека можеби се работи за терорист настанал на Прешево, кога од џебот ги вадел своите документи.Во тој момент неговиот шура му довикнал да не покажува еден документ.„Тргни го тој документ, не го покажувај“, рекол шурата, кој патувал во иста група со него. Српскиот преведувач веднаш реагирал и го пријавил случајот, по што припадници на безбедносната агенција, дошле да го контролираат, вели за „Blic” извор близок до српските безбедносни служби.Припадник на БИА тогаш го зел спорниот документ за кој се покажало дека е вид пропусница за движење по области под контрола на ИС. Во документот имало многу печати, но ниту една ознака за ИС.„Сириецот бил детално претресен и откриено е дека на телото има лузни. Поради сомнежот дека се работи за терорист, веднаш е префрлен во притвор во Падинска Скела, во кој остал додека траеле проверките“, вели изворот.Како што се утврдило, тој бил борец на страната на претседателот Башар ал Асад, и паднал во заробеништво, каде и ги заработил лузните. Потоа успеал да се спаси и затоа одлучил да побегне со семејството од Сирија.„Проверките траеле неколку дена, а Сириецот е пуштен откако е утврдено дека нема врска со терористички организации. Информацијата за неговото влегување е проследена до останатите европски полиции“, вели изворот.Српската полиција до сега нема забележано случај за поминување на некој што има врска со терористички групации, но и не постои можност за проверка на биографиите на мигрантите од Сирија.Сомнителните мигранти се проверуваат низ податоците на Интерпол затоа што не постои соработка со сириските власти, па затоа секогаш постои можност некој терорист да помине низ скенер вратата.Сите мигранти во Прешево се фотографираат им се зема отпечаток од прст и се запишуваат со името кое го дале, а така влегуваат во меѓународната база на податоци AFIS и под тоа име се водат по целото патување низ Европа, а под тоа име и аплицираат за азил./крај/б/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.