Компании
Jack Daniels и World of Coffee произведоа безалкохолно кафе со арома на виски

Производителот на виски Jack Daniels во соработка со компанијата World of Coffee направија Jack Daniels Tennessee виски-кафе.
Во соопштението се вели дека производот е направен од средно печено кафе Арабика и Jack Daniels Old No. 7 вискито. Меѓутоа, иако во составот има виски сепак кафето е безалкохолно.
Преседателот и сопстневик на World of Cofee, за специјалното кафе кои го направија со Jack Daniels, истакна дека потенцијалните купувачите немаат причина да бидат скептични.
„Ние го користиме најдоброто кафе и највисокиот квалитет во светот, а сега на него му додадовме автентичен вкус и арома на Jack Daniels,” рече Чарли Њуман.
Jack Daniels Tennessee вики-кафе е достапно со и без кофеин по цена од 6,95 долари и 21,95 долари во зависност од количината. Моментално е достапно само во продавниците Lynchburg Hardware & General Store во Тенси или во Jack Daniels онлајн продавниците. крај/мф/дѓс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
„Алкалоид“ со јубилејна плакета од Црвениот крст

По повод 80-годишниот јубилеј на Црвен крст, во Македонскиот народен театар се одржа свечена академија под покровителство на претседателката на државата, н.е. Гордана Сиљановска-Давкова.
Под мотото „Осум децении ние гледаме луѓе“ беше одбележан јубилејот на Црвен крст, хуманитарна организација која осум децении им дава помош и поддршка на најзагрозените категории граѓани, промовирајќи хуманост и човечка солидарност.
Формиран на 17 март 1945 година, Црвен крст на Македонија годинава не го одбележа јубилејот на денот на своето основање поради трагедијата во Кочани, која наложи целосна мобилизација на организацијата заради обезбедување помош и поддршка на погоденото население. Токму во знак на благодарност за поддршката на настраданите во трагедијата дадена од „Алкалоид“, како и за придонесот на компанијата при хуманитарните апели на Црвен крст, генералниот директор и претседател на Управниот одбор на компанијата, г. Живко Мукаетов, беше одликуван со јубилејна плакета.
Признанието на г. Мукаетов му го врачи д-р Лилјана Ристевска, потпретседателка на организацијата Црвен крст на РСМ. Изминативе години „Алкалоид“ има спроведено повеќе активности во соработка со Црвен крст на РСМ и со Црвен крст на град Скопје, како во делот на социјално-хуманитарната дејност така и на полето на крводарителството. Во рамките на компанијата повеќе од 50 години активно функционира Друштвото на крводарители, кое во 2024 година доби специјално признание за масовен одзив во рамките на крводарителските акции организирани од Црвен крст и од Институтот за трансфузиона медицина. Изминативе неколку години „Алкалоид“ континуирано спроведува акции за донирање облека и храна.
Компанијата во континуитет ги поддржува апелите на Црвен крст за поддршка на бездомниците, бегалците и мигрантите како едни од најгорливите категории на полето на хуманитарната помош. Во 2015 година, на организираниот хуманитарен пикник, колективот на „Алкалоид“ собра повеќе од 750.000 денари, донација наменета за Солидарниот фонд на Црвен крст.
Последната донација за истиот фонд, во износ од 15 милиони денари, компанијата ја намени за настраданите од трагедијата во Кочани и за нивните семејства. На јубилејната свеченост Црвен крст додели и четири златни медали, а беше официјализирана и донацијата во износ од 20.000 евра за Универзитетската клиника за трауматологија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Како што посочија организаторите на настанот, 80-годишниот јубилеј на Црвен крст претставува момент на благодарност и на сеќавање и признание за сите волонтери, членови, вработени и партнери кои ги оставиле и сè уште ги оставаат своите траги на хуманост.
(ПР)
Компании
Самир Мане беше единствениот претставник од регионот на „FII PRIORITY Europe Summit“

Албанската престолнина беше домаќин на еден од најпрестижните меѓународни форуми во светот — „FII PRIORITY Europe Summit“, кој за првпат се одржа во Тирана на 16–17 мај 2025 година.
Овој самит ги обединува светските лидери од владите, бизнис-секторот, науката, технологијата и филантропијата, со цел да се дискутираат глобалните приоритети што ја обликуваат иднината во клучен момент за човештвото. Главната тема на ова европско издание на „FII PRIORITY“ беше: „Приоритизирање за поодржлива, поправедна и попросперитетна иднина“.
Самир Мане, претседателот на „BALFIN Group“, беше единствениот официјален претставник од Албанија поканет да учествува на дискусионите панели заедно со некои од највлијателните личности од светот. Тој учествуваше на главниот панел со наслов „Board of Changemakers“: Може ли капиталот да го поврзе расцепканиот свет?, каде што ја делеше сцената со меѓународни лидери од политиката и финансиите.
За време на самитот, г. Мане одржа средби и размени мислења со високи личности како Матео Ренци, поранешен премиер на Италија, Бернард Менсах, претседател на „Bank of America International“, Анри Пупар-Лафарж, извршен директор на Alstom, меѓу другите.
еговото учество на самитот како глас на регионалниот бизнис го истакнува и неговото лично лидерство, и сè поголемата улога на Западен Балкан во обликувањето на идниот развој на Европа и пошироко.
„FII PRIORITY Europe Summit“ е дел од серија глобални форуми кои промовираат меѓусекторски дијалог и поттикнуваат конкретна акција за справување со најгорливите предизвици на денешницата, вклучително и климатските промени, одржливиот развој и технолошката трансформација.
Комерцијален текст
Економија
Голем проблем за Швајцарците, ова лето остануваат без 1.400 летови

Поради недостиг на пилоти, швајцарската авиокомпанија „Swiss“ откажува 1.400 летови ова лето, што е вкупно 1,5 проценти од летовите од април до септември.
Мерката се однесува на летови на долги релации, како и на мрежата на летови на кратки и средни релации, се вели во соопштението на авиокомпанијата, подружница на „Lufthansа“.
Вкупно 1,5 проценти од летовите се откажани помеѓу април и септември. Според веб-страницата на „Aerotelegraph“, невообичаено голем број пилоти се надвор од служба подолг временски период, наводно поради бремености и несреќи. Дополнително, ресурсите ги трошат екипите за обука на новиот авион „Airbus А350“.
Според колективниот договор, со кој се подобрија одредбите за работното време, имало потреба од вработување на околу 70 работници со полно работно време, се наведува во извештајот.
Како краткорочно олеснување, некои постари пилоти го одложуваат пензионирањето, а персоналот со скратено работно време го зголемува работното време.