Црна хроника
Се обидел да ја ограби, но само ја исплашил продавачката
Во вторникот, во 20.30 часот во Прилеп во продавница непознат маскиран сторител извршил разбојништво во обид.
Сторителот влегол и од вработената ги побарал парите. Истата се исплашила, ја отворила задната врата од продавницата и почнала да вика по сопственичката. Во тој момент сторителот и се доближил и ја удрил со тупаница во пределот на лицето, по што заминал во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повреден тетовчанец во судир на два автомобили
Вчера во 11.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – с.Јажинце, на влез за тетовско Теарце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, управувано од Ш.Џ.(74) од тетовско Шемшово и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.Р.(78) од тетовско Пршовце, двете со тетовски регистарски ознаки.
Во несреќата, А.Р. се здобил со тешки телесни повреди, додека Ш.Џ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Тешко повредена девојка од Скопје откако четирицикл излета од земјен пат во Галичник
Вчера во 15.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека од шумски земјен пат во атар на село Галичник, на место викано „Горно стопанче“, излетал четирицикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Л.(22) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Ц.(23) од Скопје, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница „8 Септември“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.
Црна хроника
Со „цитроен“ во Струмица маж излетал од патот, тешко повреден сопатникот
Во 00.15 часот во СВР Струмица било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, патничко возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.Н.(56) од Струмица, излетало надвор од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ж.А., констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.