Европа
Десетици илјади Чеченци против карикатурите во Charlie Hebdo

Десетици илјади луѓе се собраа во понеделникот во разни градови на руската кавкаска република Чеченија на протестот против објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед кои ги објави францускиот сатиричен неделник Charlie Hebdo, а коишто претседателот на оваа мнозинска муслиманска република Рамзан Кадиров ги нарече „вулгарни и неморални“.
На манифестацијата којашто се одржуваше под мотото „Љубов кон пророкот Мухамед“, носејќи транспаренти, балони и плакати со натписите „Јас го сакам својот пророк“, „Ние сме против карикатурите“, „Настрана рацете од пророкот Мухамед“, „Исламот е религија на доброто и создавањето“, мажите во традиционална чеченска носија, жените и деца во масовна поворка минаа по улиците на чеченската извикувајќи „Господ е велик“.
„Ќе покренеме решителен протест против вулгарноста, неморалот, недостигот од култура и бесрамноста на оние коишто ги нацртале карикатурите на пророкот Мухамед“, напиша на Twitter пред започнувањето на манифестацијата, чеченскиот претседател Рамзан Кадиров, најавувајќи милиони учесници на мирниот протест и додаде „Јавно предупредувам дека нема да толерираме слични активности“.
„Исламот е религија на мирот, муслиманите во Русија нема да дозволат тој да се користи за дестабилизација на земјата“, истакна Кадиров подоцна по масовната молитва пред масовната манифестација за заштита на исламските вредности.
Неделникот Charlie Hebdo кој претходно беше цел на критики, закани и напади поради објавувањето на карикатури на пророкот Мухамед, што во исламот е забрането и навредливо, објави минатата среда на насловната страница карикатура на Мухамед како плаче и го држи натписот “„Јас сум Шарли“, откако на 7-ми јануари вооружени исламистички напаѓачи во редакцијата во центарот на Париз убија вкупно 12 луѓе./крај/мф/сн
Извор: ТАСС
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Украина предлага нов пристап по упадот на дроновите во Полска: „Путин продолжува да ескалира, да ја проширува својата војна и да го тестира Западот“

Упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор покажува дека „чувството на неказнивост на Путин продолжува да расте“, предупреди украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. Тој повика на партнерските земји да им биде дозволено да соборуваат беспилотни летала и ракети во украинскиот воздушен простор.
„Путин само продолжува да ескалира, да ја проширува својата војна и да го тестира Западот. Колку подолго не наидува на никаква сила како одговор, толку поагресивен станува. Слабиот одговор сега ќе ја провоцира Русија уште повеќе, а потоа руските ракети и беспилотни летала ќе летаат уште подалеку во Европа.
Оваа ситуација покажува дека конечно мора да се донесе одлука за да се дозволи користење на партнерските капацитети за воздушна одбрана во соседните земји за пресретнување беспилотни летала и ракети во украинскиот воздушен простор, вклучително и оние што се приближуваат до границите на НАТО. Украина долго време предлага таков чекор“, напиша Сибиха на Икс.
Russian drones flying into Poland during the massive attack on Ukraine show that Putin’s sense of impunity keeps growing because he was not properly punished for his previous crimes.
Putin just keeps escalating, expanding his war, and testing the West. The longer he faces no…
— Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) September 10, 2025
Руските беспилотни летала и ракети постојано го нарушуваат воздушниот простор на Полска и другите членки на НАТО за време на нападот врз Украина, но до денес нема потврден случај на локални одбранбени сили што собориле руски дрон или ракета.
фото: принтскрин
Европа
Литванија: Путин нема да запре освен ако ние не го запреме

Кестутис Будрис, министерот за надворешни работи на Литванија, изрази солидарност со Полска. Будрис повика на зајакнување на воздушната одбрана и рече дека НАТО мора да одговори со капацитети, „не само со загриженост“.
„Реалноста е јасна: сè додека на Путин му е дозволено да ја продолжи својата крвава војна против Украина, ниедна земја – дури ни во рамките на НАТО – не е безбедна. Санкциите мора да удрат во срцето на воената економија на Кремљ. Путин нема да запре освен ако ние не го запреме“, рече тој.
Европа
Оштетен дрон пронајден на 40 км од границата на Полска со Белорусија

Локалната полиција потврди дека оштетен дрон за кој се верува дека учествувал во ноќен напад е откриен во селото Чосновка во источна Полска.
Чосновка се наоѓа на околу 40 км од границата на Полска со Белорусија.
Полската влада ги предупреди сите што ќе го пронајдат соборениот дрон да не му се приближуваат, велејќи дека „таквите предмети можат да останат опасни и мора да бидат проверени од експерти“.