Надворешна политика
Комитетот за заштита на правата му даде целосна поддршка на Бејли
Комитетот за заштита на правата, дава јавна подршка и голема благодарност за ангажманот на амбасадорот Бејли, во обидите за враќање на демократските процеси во Република Македонија, кои се темелат врз владеењето на правото. Комитетот е составен од лица кои биле жртви на правосудниот систем, апсени, притварани и затварани без никакви докази, како и жртви на политичко монтирани процеси.
Членовите на Комитетот, најдобро се запознати со состојбата на невладеењето на правото во Република Македонија во изминатите години. Па од овде и легимитетот на Комитетот, да даде став по ова горливо прашање. За повеќе од десет годишно владеење на оваа власт, бесправно беа осудени, без никакви докази, повеќе од седум илјади граѓани, а до 2013-та година просекот на притворени лица во Република Македонија, беше над петстотини граѓани во секој момент, додаваат од Комитетот.
Благодарение на гласноста на амбасадорот Бејли и неговите напори за враќање на демократските процеси и владеењето на правото во Република Македонија, просекот на притворени лица во моментот е под сто и осумдесет граѓани, велат од Комитетот.
„Преку директна организација на Никола Груевски и Сашо Мијалков, со организиран криминал, од Република Македонија се изнесени повеќе од пет милијарди евра, податок потврден и од Глобал Финеншел Интегрити. (Global Financial Integrity) Како и сите останати криминалци, така двајцата братучеди се обидуваат да се извлечат од одговорноста, па за големи пари ангажирале лоби групи од Америка, да ги преставуваат во поинакво светло, за разлика од вистинското“, велат од Комитетот.
„Тие лоби групи, довеле до заблуда одредени конгресмени, кои што доставиле прашања до амбасадорот Бејли. Комитетот, од име на повеќе од седум илјади бесправно осудени граѓани, изразува јавна благодарност и дава јавна и недвосмислена подршка на работата на амбасадорот Бејли и неговиот придонес, за враќање на демократските вредности во Република Македонија“, заклучуваат од Комитетот./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.