Компании
Прилепска „Металотехника“ одбележува јубилеј 30 години посветени на иновациите
Металотехника Прилеп е вистински позитивен пример за иновативна македонска компанија, која има јасна визија, покажува креативност и посветеност, и со напорна работа креира иновативни македонски производи. Производи кои имаат напредни техничко технолошки карактеристики и можат да најдат широка примена во модерното градежништвото. Регистрирана во далечната 1987, Металотехника Прилеп оваа година слави јубилеј, 30 години постоење.
Ретки се компаниите во Македонија, кои можат да се пофалат со 30 години на континуирана работа, а посебно ако станува збор за производна компанија чија основна определба се иновациите. Оваа наша компанија уште во далечната 1994 год регистрира сопствена фирма Металотехника во Москва, Русија, а веќе следната година и во Украина. Во 1995 година изгради индустриски комплекс во село Лагово, недалеку од Прилеп, а во 2000 година и набави опрема од Тајван за производство на метални цевки. Од 2001 до 2008 година работи на креирање на обновливи извори на енергија заедно со компанија Металец, чиј доминантен сопственик е од 2001 година.
За пофалба е најновиот иновативен производ „ТермоСтоп”, кој всушност е термо, звучна и хидро изолација произведена во 2015 година со нано-технологија, со што оваа прилепската компанија е една од неколкуте во светот која произведува ваков производ. Во областа на градежништвото Металотехника Прилеп е уникатна и по своето производство на природни материјали од камен идеални за декорација на ентериери и екстериери. Станува збор за Камен фурнир, Камена тапета и материјали за Камен Тепих, кои се 100 отосто изработени од македонски материјали, и кои имаат се поголема употреба.
„Но активностите не завршуваат тука, оваа јубилејна 2017 години, Металотехника Прилеп сака да ја одбележи со нова голема иновација во производство на обновливи извори на енергија кои се од водород и кавитација – пиролиза на вода која настанува при процесот 2H2O=2H2 + O2 и обратен процес 2H2 + O2 = 2H2O + 286 кило џули ослободена топлина . Се надеваме на поддршка од државата, дека ќе имаме можност да ги реализираме сите неопходни истражувања, и оваа наша идеја да се реализира. Да произведеме обновлива енергија од вода, односно од нејзиното раздвојување на водород и кислород. Водата е материја во која најмногу се крие топлина, само е прашање на начинот и цената за издвојување на таа топлина. За ефтино одвојување ние имаме создадено специјална технологија која може да се искористи на различни нивоа во секојдневието и индустријата од мали, до средни и големи проекти.”, изјави Јандре Здравески сопственик и директор на Металотехника.
„Оваа година се надеваме на почеток на сериско производство на ТермоСтоп, кој навистина е ефикасен изолационен материјал. Првите корисници на ТермоСтоп веќе ги увидеа бенефитите од овој термо изолационен материјал, кој обезбедува заштеда на енергија. Само 1-2 милиметри нанесени од „ТермоСтоп“ заменуваат 50-70 милиметри класична изолација, а заштедата на енергија е 30-50 отсто. Според сите проценки инвестицијата во ваква изолација се враќа за една грејна сезона“, додава Здравески.
„ТермоСтоп” претставува течна композиција на водена основа, која се состои од синтетички каучук, акрилен полимер и неоргански пигменти, а во чија структура се вградени вакумирани керамички микросфери и празни силиконски сфери. Оваа исклучителна комбинација на изолациони материјали и единствена структура го прават овој материјал лесен и еластичен. Станува збор за еколошки производ, чие производство не доведува до загадување на животната средина, а чија ефикасност ги надминува сите досегашни стандарди.
Се нанесува на метал, бетон, цигла и на скоро сите подлоги за подови, ѕидови, кровови, пароводи, топловоди, топол воздух, канали за климатизација итн. Има примена во станбени објекти, а подеднакво и во индустриските капацитети, а таму каде се поставува овој производ не се појавува кондензација или мувла. [email protected]
Суровините се набавуваат од Русија, Кина и Германија и мал дел од Македонија. Безбедноста и нетоксичноста на сите суровини се испитани во странски лаборатории, како гаранција дека овој изолационен материјал е eco-friendly и не ја загадува околината. Досега се направени анализи на Природно-математичкиот и Ветеринарниот факултет во Скопје, Испитувања за У вредност на термостоп и испитување на звучниот ефект на изолацијата напревени од компанијата Геинг, Скопје, на Градежниот факултет во Софија за одредување на коефициентот на топлотна спроводливост λ (0,058), а се чекаат и резултатите од Институтот Винча во Белград. Првите контакти за извоз на „ТермоСтоп“ во Русија и Украина се направени. Ова се пазарите каде се очекува производот да има најголем пробив. Годишно Металотехника ќе произведува 25.000 литри течна изолација, за чие производство е набавена и нова опрема./крај/мф/би
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Гласот ми откажа“: Кандидати раскажуваат за исцрпувачкиот финален круг за работа во „Амазон“
Вработен во „Амазон“ откри како изгледа нивниот озлогласен завршен круг разговори за работа, последната и најинтензивна фаза од селекцискиот процес во компанијата. Станува збор за вистински маратон – четири до шест последователни интервјуа, од кои секое трае меѓу 45 и 60 минути, а сите се одржуваат во ист ден, пренесува Унилад.
Официјален опис на процесот
На официјалните страници за вработување, „Амазон“ наведува дека кандидатите разговараат со повеќе вработени, при што секој од нив проценува различни вештини и искуства за да се добие целосна слика за тоа како кандидатот би се вклопил во тимот и работната средина.
Сите кандидати се оценуваат според таканаречените „Принципи на лидерство“, интерен сет на вредности и правила, а интервјуерите бараат конкретни примери за тоа како кандидатите ги применувале во досегашната работа.
Компанијата користи прашања засновани на реални ситуации од пракса, со цел да добие конкретни примери од претходното искуство и да разбере како кандидатот пристапува кон предизвици, донесување одлуки и соработка. Пример за такво прашање е:
„Опишете ситуација во која сте презеле ризик, сте направиле грешка или сте доживеале неуспех. Што се случи и што научивте од тоа?“
Искуство од прва рака
Еден вработен во „Амазон“ од Австралија, кој работи во малопродажниот тим, го споделил своето искуство на „Редит“, потврдувајќи дека процесот е исклучително тежок. Тој го опишал како „многу интензивен“ и објаснил дека системот е многу посложен отколку што изгледа на прв поглед.
„Прво следи 20-минутен телефонски разговор со одделот за човечки ресурси. Потоа доаѓа едночасовен видеоповик со менаџерот кој вработува. По тоа следи завршниот круг – пет едночасовни разговори, еден на еден, со пет различни лица“, појаснил тој.
„Од тие пет лица во завршниот круг, едно е таканаречен ‘bar raiser’, лице задолжено за одржување на високи стандарди; од него се очекува да биде построго кон кандидатот и подетално да го испрашува. По завршниот круг, интервјуерите даваат препорака ‘вработи’ или ‘секако вработи’, односно ‘не вработувај’ или ‘никако не вработувај’. Потоа се состануваат и дискутираат. Мислењето на менаџерот што вработува и на ‘bar raiser’-от има најголема тежина. Кандидатот мора да добие препорака за вработување од сите пет интервјуери“, додал тој.
Исцрпувачко и монотоно
Друг корисник на „Редит“ го опишал процесот како целосно исцрпувачки.
„Никогаш не сум учествувал во толку интензивен, монотон и здодевен процес на вработување“, напишал тој.
„Во еден момент гласот почна да ме издава, бидејќи од мене се очекуваше да зборувам 30 до 45 минути. Повеќето интервјуери ми оставија само десет минути на крајот за мои прашања, а имав многу повеќе што сакав да прашам отколку што времето дозволуваше“, се пожалил.
Слично искуство споделила и вработената Емили Мареј на веб-страницата на „Амазон“.
„Иако и претходно сум одела на интервјуа за работа, ниту едно не било толку ригорозно, долго или темелно како тоа во Амазон. Процесот се состоеше од телефонски разговори со регрутер и менаџерот што вработува, по што следеше петчасовен завршен круг интервјуа со неколку интервјуери од различни делови на компанијата“, навела таа.
Мареј им советува на кандидатите однапред да подготват конкретни примери од своето искуство, да поставуваат прашања, да ги прилагодат одговорите на описот на работното место и своите успеси да ги поткрепат со бројки и податоци.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)

