Регион
Шеесетина уапсени во Анкара и 400 во цела Турција поради врски со IS

Турската полиција уапси во неделата во главниот град Анкара околу 60 припадници на џихдистичката организација Исламска држава (IS), еден месец по смртоносниот напад на новогодишната ноќ врз ноќниот клуб во Истанбул за кој одговорноста ја презема оваа ултрарадикална сунитска пренесуваат медиумите.
Турската полиција во рамките на големата антитерористичка операција во неколку региони на земјата привела околу 400 лица, кои се осомничени за поврзаност со терористичката мрежа на Исламската држава, пренесува приватната новинска агенција Dogan (DHA).
Полициските операции биле спроведени во градон Шанлиурфа, во југоисточниот дел од земјата каде што биле уапсени 150 лица, како и во прпвинциите Адана, Коња, Чорум, Елазиг, Бурса итн
Уапсените во Анкара се претежно странски државјани, пренесува службената агенција Anadolu. Според изворите на агенцијата, операцијата била спроведена во анкарските квартови Синчан, Чубук, Енимахале и Мамак.
Не се наведува дали приведените лица се поврзани со подготовка за напад. Според дневниот весник Hurriyet, како што беше објавено и претходно, Исламската држава планирала да изведе на новогодишната ноќ истовремен напад како и оној во Истанбул.
Во нападот во истанбулскиот ноќен клуб „Reina“ беа убиени 39 лица, претежно странски државјани, а одговорноста ја презема Исламската држава. За масакрот е обвинет Узбекот Абдулгадир Машарипов, кој беше уапсен по големата операција на 16-ти јануари./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Уште еден силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во четврток, 5 јуни, во 07:18 часот во Егејското Море, Грција.
Земјотресот беше регистриран на 30 километри од Мирина.
#Earthquake (#σεισμός) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M4.6 || 30 km NW of #Mýrina (#Greece) || 3 min ago (local time 08:18:38). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/4qdLSErCCL
— EMSC (@LastQuake) June 5, 2025
Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 11 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.
Регион
Србинка извлечена мртва од морето во Грција, наредена обдукција: детали за ужасот на Халкидик

Седумдесет и тригодишна жена од Србија била извлечена во несвест од морето на полуостровот Касандра во Грција и однесена во болница, каде што била прогласена за мртва, објавија грчките медиуми.
Сè се случило во градот Сивири на Халкидик, популарно одморалиште кај туристите од регионот.
Таа беше извлечена од морето во средата попладне.
Веднаш беше известена Пристанишната управа на Неа Мудања, а 73-годишната жена беше пренесена со амбулантно возило на ЕКАБ во Здравствениот центар во Касандра, каде што беше констатирана смрт.
Вториот оддел на пристаништето Неа Мудања, при Централната пристанишна управа на Солун, која ја спроведува прелиминарната истрага, нареди обдукција во Службата за судска медицина во Солун.
Регион
Тело на Србинка извлечено од морето во Грција

Седумдесет и тригодишна Србинка е пронајдена мртва во морето крај брегот на Касандра, Грција, пренесе српски Телеграф.
Таа е пронајдена во несвест во морето крај брегот на Касандра на Халкидики во среда околу пладне и со брза помош е пренесена во Здравствениот центар во Касандра, каде што е констатирана смрт.
Според информациите, истрагата е во тек, а ќе биде извршена и обдукција, јавува грчката агенција АНА.