Општество
Меѓаши повикуваат на итни мерки и одговорност за зголемената смртност кај децата поради загадениот воздух
Загадувањето на воздухот е еден од главните фактори за смртност кај децата, и тоа е на аларматно ниво бидејќи загадениот воздух ја преминува границата меѓу крвта и мозокот и трајно го оштетува детскиот мозок во развој, а децата се немоќни што било да сменат, реагираа во неделата од Првата детска амбасада во светот Меѓаши.
Со загадувањето на воздухот и неодговорноста кон оваа појава на децата им е загрозено најелементарното право: правото на живот, истакнуваат од Меѓаши и потсетуваат дека Република Македонија како потписничка на Конвенцијата за правата на детето, член 6, е должна на децата да им овозможи да живеат и да се развиваат.
Според Светска банка, аерозагадувањето во Македонија убива 1.350 луѓе годишно. Децата се најосетливата група, затоа што имаат организам во развој и побрзо дишење, а со тоа и побрзо внесување на загадените материи во телото.
Секое второ болно дете минатата година се лекувало од респираторни болести кои најчесто се директна последица на загадениот воздух. Децата се најпогодени, особено во грејната сезона, кога концентрацијата на цврстите честички е зголемена. Децата се најосетливата група на сите загадувања од животната средина „пред сè затоа што имаат организам во развој, затоа што имаат позабрзано дишење и поголема глад за воздух од возрасните и затоа што се немоќни што било да сменат. Значи ги чекаат нашите акции и политики. Така што, бројни се последиците од аерозагадувањето по разни делови на организмот, а кај децата фокусот е врз белодробниот систем“ – доктор Драган Ѓоргев од Институтот за јавно здравје.
Децата се почувствителни од возрасните на внатрешно и надворешно загадување на воздухот, бидејќи нивните бели дробови, мозокот и имунолошкиот систем сè уште се развиваат, а нивниот респираторен тракт е попорозен. Исто така, малите деца дишат побрзо од возрасните и вдишуваат повеќе воздух во однос на телесната тежина.
Истражувањето „Прочистете го воздухот заради децата“, спроведено од УНИЦЕФ, укажува дека загадувањето на воздухот е важен фактор за смртта на речиси 600.000 деца помлади од пет години секоја година и е закана за животите и иднината на милиони секој ден.
„Загадувачите не само што им штетат на детските бели дробови во развој – туку всушност ја преминуваат границата меѓу крвта и мозокот и трајно го оштетуваат детскиот мозок во развој – па така, и детската иднина. Ниту едно општество не смее да си дозволи да го игнорира загадувањето на воздухот“, се истакнува во заклучоците од споменатото истражување.
„Од нас, возрасните, зависи дали ќе ги спасиме децата. но како? Кој ќе ја преземе одговорноста за смртноста на децата од загадувањето на воздухот? Бараме итно преземање соодветни мерки од надлежните институции за чист воздух“, порачуваат од Меѓаши./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

