Регион
Србите го урнаа ѕидот во Косовска Митровица

Србите од северниот дел на градот Косовска Митровица, на северот на Косово, го урнаа во неделата ѕидот на брегот на реката Ибар на нивната страна кој го делеше градот на српски и албански дел.
Два булдожера и неколку работници биле ангажирани на уривањето на ѕидот кој предизвикуваше тензии меѓу Белград и Приштина. Градоначалникот на Косовска Митровица, Горан Ракиќ, во саботата постигна договор со претставниците на косовските власти и меѓународната заедница за обновување на пешачката зона, што едногласно го поддржаа о советниците во Советот на општината Косовска Митровица.
„Со новиот план е предвидено новоизградената конструкција да биде исполнета со клупи свртени кон пешачката зона. Височината на првиот дел ќе биде 40 сантиметри, додека следната структура ќе биде 70 сантиметри, а широчината на двете структури ќе биде по 60 сантиметри што заедно прави 1,2 метри“, изјави градоначалникот Ракиќ.
Тој повтори дека ѕидот поради кој претходните денови и месеци имаше несогласувања и тензии, не е изграден поради ограничување на слободата на движењето, туку поради безбедноста на пешаците во пешачката зона.
Уривањето на ѕидот, како прв знак на попуштање на тензиите меѓу Белград и Приштина со седмици наназад беше предмет на разговори меѓу двете делегации и во средата во Брисел, под покровителство на Европската унија. Косовските власти во изградбата на ѕидот видоа политичка димензија со цел да се одржи поделбата на градот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Регион
Големи пожари беснеат на најмалку пет различни локација во Грција

Во источниот дел на областа Атика, поширокиот регоион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, попладнево се активни големи пожари, а од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки до жителите на зафатените области.
Во пожарот во централна Евија, изгореа две противпожарни возило, а четворица пожарникари со полесни повреди на рацете и очите и со респираторни проблеми биле префрлени во болница.
Во сите пожари, беа превентивно евакуирани жителите на населените места во непосредна близина на огнената стихија, откако од бројот 112 за итни случаи беа испратени соодветни пораки.
За Атика, Евија и за дел од Пелопонез за денеска имаше предупредување за екстремно голема опасност од пожари, категорија пет, што воедно е и највисоката категорија во прогнозите за опасност од пожари на Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција.