Регион
Романската влада ја повлече контроверзната уредба за декриминализација на корупцијата
Романската влада предводена од Социјалдемократската партија (PSD) на премиерот Сорин Гриндеану, како што беше најавено во саботата вечерта, во неделата по седмицата масовни протести ширум земјата, ја повлече уредбата со којашто се декриминализираат некои коруптивни дела за носители на државни функции.
Во неделата, наспроти стотиците илјади демонстранти изминатите денови, пред владата на плоштадот Викториеи во центарот на Букурешт се собра околу 5.000 антивладини демонстранти, додека друга група од околу 1.000 повозрасни демонстранти го критикуваа како „предавник“ шефот на државата пред претседателската палата.
„Усвоено е повлекувањето на уредбата“, изјави романскиот министер за здравство Флориан Бодог, а потврдиле за AFP извори блиски на премиерот Сорин Гриндеану.
Гриндеану во саботата вети дека во недела ќе ја повлече контроверзната уредба која им дава поголеми слободи и овластувања на корумпираните функционери, како што бараше претседателот Клаус Ијогхенис, наведувајќи дека не сака да ја дели земјата пресува Reuters.
Владата, исто така, соопшти дека на јавноста ќе ѝ бидат достапни транскриптите од расправата во текот на состанокот во четвртокот кога уредбата и дефинитивно беше усвоена.
Вадата на Романија ја прифати уредбата во вторникот вечерта, којашто би се однесувала на тековните истраги и судења, како и на новите случаи. Криминалната негрижа повеќе не би била кривично дело, а дефиницијата на судирот на интересите е стеснета, така што, на пример, криминалот кој би се случил на меѓу членови на исто семејство. Доколку биде спроведена, како што е планирано во рок од десет дена, уредбата ќе овозможи, меѓу другото, и декриминализација на злоупотребата на службените овластувања во кои сумите не минуваат над 200.000 леи, или 48.000 долари.
Со тоа би се прекинала тековната постапка против претседателот на Социјалдемократската партија (PSD), Ливиу Драгнеа, обвинет дека го користел политичкото влијание за да обезбеди плати за две лица кои работеле во штабот на неговата партија во периодот од 2006 до 2013 година, што тој го негира.
Драгнеа, за кого сметаат дека е вистинскиот премиер, кому му беше забрането да ја преземе должноста премиер по изборите во декември, поради можноста да биде осуден во судскиот спор поради корупција. Тој е поранешен романски потпретседател и министер за управа и регионален развој.
Полза од уредбата ќе имаа и десетици други политички функционери од сите политички партии во Романија би требало да имаат полза од оваа владина уредба , бидејќи со неа и веќе осудените лица за корупција би биле ослободени, а би биле прекинати и започнатите процеси. Од PSD претходно најавија дека уредбата ќе стапи на сила на 10-ти февруари на полноќ/
Девет западни земји, меѓу кои Германија и САД, изразија „длабока загриженост“ бидејќи таквата уредба би можела да го загрози партнерството на Романија во Европската унија и во НАТО./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“
Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен стимулатор. Пред еден месец новата технологија ја примил загрепчанец кој поради Паркинсоновата болест речиси станал неподвижен.
„Поентата на таа електрода е што стимулира дел од мозокот и на тој начин ја подобруваме клиничката слика, а батеријата освен што стимулира, купува и информации од тој дел од мозокот што го стимулираме и на тој начин можеме да ги подобриме симптомите“, изјави неврохирургот Фади Алмахарик за RTL.
Во КБ Дубрава изминативе 24 години се врши длабока мозочна стимулација, но првиот пациент беше опериран со оваа најнова технологија на крајот на март. Станува збор за 67-годишен загрепчанец со Паркинсонова болест, кој сега е пуштен на домашно закрепнување.
„Во договор со неврологот, стимулацијата се вклучува, терапијата се намалува, пациентот веднаш по вклучувањето на стимулацијата покажува знаци на моторно подобрување. Беше отпуштен дома на физикална терапија и дополнително прилагодување на стимулацијата“, изјави неврохирургот Марина Рагуж.
Веднаш штом ги отстранивме шевовите по 10 дена, почнавме со стимулација и денес пациентот може да вози велосипед, да плива, да се врати на своето секојдневие“, вели хирургот.
Регион
Додик не го признава геноцидот во Сребреница: „Ќе однесеме цвеќе, ако не навредува никого“
Во четвртокот, лидерот на Србија во Босна и Херцеговина, Милорад Додик, изрази подготвеност да го посети Меморијалниот центар Поточари во Сребреница и да положи цвеќе на заедничкиот споменик подигнат во спомен на масакрот на Бошњаците за време на војната, но тој повторно негираше дека таму имало геноцид.
Во интервју за новинската агенција на Република Српска, претседателот Додик најави дека владата и целото раководство на овој ентитет ќе заседаваат во Сребреница на 2 мај 2024 година, кога ќе се одржи дискусија пред Обединетите нации и се очекува гласање за Резолуција за осуда на геноцидот во тој град во летото 1995 година.
Резолуцијата е поддржана од дваесет земји, меѓу кои САД, Обединетото Кралство и Германија и се очекува нејзино усвојување. Целта е да се интернационализираат страдањата на Бошњаците во Сребреница.
Водечките српски претставници од Белград и Бања Лука, претседателите Александар Вучиќ и Милорад Додик, тврдат дека ова е обид да се префрли вината на српскиот народ.
„Република Српска нема да ја прифати резолуцијата за Сребреница за која ќе се одлучува во Генералното собрание на ОН бидејќи се што е напишано во неа е лага. Босна и Херцеговина не може да живее врз основа на тоа дека едната нација во неа е оквалификувана како геноцидна“, рече Додик.
Сепак, тој изрази подготвеност да им оддаде почит на жртвите од масакрот во Сребреница.
„Ако ни се укаже можност, на 2 мај ќе однесеме венци во Поточари, ако тоа не навреди никого. Не се плашам дека би можел да завршам како Вучиќ, кој дојде да им оддаде почит на жртвите, изрази сочувство, а доби камен во главата и никој не одговараше за тоа“, истакна Додик.
Тој смета дека Резолуцијата за Сребреница сепак нема да го добие потребното мнозинство на седницата на Генералното собрание на ОН.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.