Европа
Илјадници луѓе во Париз протестира против евтаназијата

Околу 11 илјади демонстранти според процента на полицијата или 45 илјади според процените на организаторите учествувале во неделата во француската престолнина Париз во „поворката за живот“ и против „заканата од евтаназијата“, неколку дена по парламентарната расправа за ова чувствително прашање.
„Не е наше да одлучуваме кој ќе живее а кој не“, изјави за AFP Изабела, поранешна медицинска сестра која на протестот дошла со своето семејство.
Од организаторите беше одлучен дека оваа десетта поворка, која инаку се организира против абортусот, ќе го крене гласот против „озаконувањето на постапката за евтаназијата“, откако францускиот парламент во средата расправаше за тоа прашање. Таа дебата беше првата етапа пред парламентот во март да расправа за носење соодветен закон.
Социјалистичкиот претседател Франсоа Оланд пред изборната победа во 2012 година го вети правото на „медицинската помош поради достоинствено завршување на животот“. Социјалистичката влада се надева оти за тоа ќе постигне консензус со конзервативната опозиција.
Уште во средата повеќе стотини демонстранти против евтаназијата излегоа на улиците на Париз и во другите француски градови.
Евтаназијата е дозволена во три европски земји, Холандија, Белгија и Луксембург. Швајцарија, пак, го озакони потпомогнатото самоубиство, кога лицето само зема смртоносна доза./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на околу 40 километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот Гербер, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта, Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дронови влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони Ф-35.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како „чин на агресија“ и нагласи дека НАТО реагирал активно, вклучувајќи распоредување на холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и Варшава
фото: принтскрин
Европа
НАТО: Упадот на руските дронови во Полска не го третираме како напад

Ројтерс објави дека полските авиони Ф-16, холандските Ф-35 и италијанските авиони за надзор АВАКС учествувале во операцијата за заштита на полскиот воздушен простор во текот на ноќта.
Според извори на НАТО, инцидентот во моментов не се третира како напад. Алијансата, исто така, потврди дека руските беспилотни летала биле забележани од системите Патриот на радарот, но не отвориле оган.
Ројтерс потсетува дека ова е прв случај во кој Полска соборила руски беспилотни летала на сопственото небо.
Премиерот Доналд Туск го нарече настанот „чин на агресија“, додека Европската унија рече дека ова е најсериозното кршење на европскиот воздушен простор откако започна руската инвазија на Украина.
фото: принтскрин