Македонија
Сообраќајот се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на сите патни правци низ државата се одвива по влажни коловози. Поради појава на магла, видливоста е намалена на 30-50 метри во Павлешенци и 50-100 метри на Кула и на патниот правец Петровец – Хиподром. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони се уште е затворен за сообраќај. Премините Дојран и Меџитлија се отворени за сообраќај. На останатите граничните премини нема задржувања подолги од половина час за влез и за излез од државата.
Според информација од ЈП Јасен, патниот правец Скопје – Македонски Брод низ Јасен е со ограничена проодност. Во утврдените термини за еднонасочен сообраќај, дозволено е движење само на лесни теренски возила со погон на сите четири тркала.
Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.
На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. крајамсм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Целосно реновирано болничкото одделение на Клиниката за урологија

Целосно е реновирано болничкото одделение на Клиниката за урологија. Премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Клиниката во Клиничкиот центар ја истакна важноста на рекордните средства од Буџетот што се вложуваат во здравствениот сектор. Тој изрази задоволство од направените подобрувања и целосната реновираност на болничкото одделение, нагласувајќи дека условите и опремата ги доближуваат услугите до европски стандарди.
„Ова се можеби мали чекори, но големи во значење, особено оти години наназад не беше вложувано доволно. Со истата динамика ќе продолжиме и понатаму, со главен фокус на развојот на здравството“, рече Мицкоски.
Тој најави и продолжување на инвестициите во други здравствени установи, како Клиничката болница и Медицинскиот факултет во Штип, болниците во Кичево и Тетово, како и реконструкција и модернизација на здравствените услуги низ целата земја.
„Посакувам помалку пациенти и повеќе здрави луѓе, а оние што ќе имаат потреба од здравствена услуга да добијат квалитетна, европска нега“, додаде премиерот.
Македонија
Директорката на Гимназијата во Демир Хисар на информативен разговор во полиција

Директорката на Гимназијата во Демир Хисар, Маја Лозановска, денеска се јави на информативен разговор во полициската станица во Демир Хисар.
Ова се случува откако на 8 август вечерта, полицијата изврши претрес во нејзиниот дом барајќи го печатот од училиштето. Во тоа време, Лозановска беше на боледување. Полицискиот началник изјави дека ќе ја однесе на разговор дури и со носилки, иако налогот важел само за претрес, а не и за лишување од слобода. Министерството за внатрешни работи покрена дисциплинска постапка против началникот.
Градоначалникот, претходно, ја разреши Лозановска по налог на Просветниот инспекторат, поради утврдени неправилности во работењето. Од МВР соопштија дека против Лозановска имало пријава и постоеле основи за сомневање за кривично дело „одземање печат и службени документи“.
Македонија
„Дали си ти мојот дом?“ – нова кампања за удомување на заборавените кучиња од „Лајка“

Во соработка со режисерка Ана Јакимска и фотографот Александар Чокревски, „Лајка“ ја лансира кампањата „Дали си ти мојот дом?“, посветена на удомување на долго задржаните кучиња, кои со години чекаат свој човек.
Кампањата преку моќни фотографии ги прикажува кучињата во топли, секојдневни сцени – моменти во кои недостига само еден елемент да биде целосна: новиот сопственик што ќе им подари љубов и дом.
Овие кучиња не се бројки, туку личности со свои приказни, емоции и надежи.
„Со оваа кампања сакаме да допреме до срцата на луѓето и да им покажеме дека секој дом има место за уште еден член, особено за оној што најмногу чека“, велат од „Лајка“.
Преку „Дали си ти мојот дом?“ јавноста ќе има можност да ги запознае најдолго задржаните штитеници на „Лајка“, да ја види нивната нежна страна и да дознае како да им подари нов почеток.