Контакт

Естрада

Ник Кејв: Јас сум мегаломан со малку самопочит

Објавено пред

Австралискиот музичар Ник Кејв вели дека на работата и’ пристапува мегаломански, иако смета дека му недостига самопочит, а за музиката што ја слушаат неговите деца во интервјуто за весникот The New York Times тврди дека поради неа понекогаш му доаѓа „попрво да си ги пресече вените“.

dobivaj vesti na viber

„Во работата сум некој вид мегаломан. Но мегаломан со извонредно ниско ниво на самопочитување“, вели Ник Кејв, фронтмен на австралискиот бенд The Bad Seeds.Зборувајќи за музичките вкусови на своите 14-годишни близнаци, Кејв коментира дека неговите синови се „во оние симпатични години во коишто откриваат што е тоа добра музика“. „Слушаат сé од ред и повремено пронаоѓаат нешто навистина извонредно. Но понекогаш кога ќе чујам што слушаат, ми доаѓа да си ги пресечам вените“, вели музичарот.Додека компонира на ум секогаш ја има својата женска публика, вели во продолжение од разговорот. „Сепак, неретко сум запрепастен од она што за некои девојки мојата музика е секси“, истакнува Кејв. Ник Кејв на 17-ти септември ќе настапи во лондонскиот центар „Barbican“ по повод почетокот на дистрибуирањето на неговиот псевдо-документарец „20 илјади денови на Земјата“. Заедно со членовите на групата, Ворен Елис и Бари Адамсон, во живо ќе настапи на лондонската премиерна проекција, по што со режисерите на филмот Иан Форсајт и Џејн Полард ќе разговара со публиката. Целиот настан ќе биде пренесуван директно во 150 киносали низ Велика Британија, пред официјалната дистрибуција на филмот на 19-ти септември.Филмот, комбинирајќи ја драмата и стварноста, ги следи 24-те фиктивни часови во животот на овој австралиски музичар на 20-илјадитиот ден од неговиот живот. Филмот премиерно беше прикажан на култниот фестивал на независната продукција во американски Санденс, каде што Форсајт и Полард беа прогласени за најдобри режисери во категоријата на странски документарен филм, додека Џонатан Ејмос го доби признанието за најдобра монтажа. Последниот, петнаесетти по ред, студиски албум на рок групата на Nick Cave and the Bad Seeds – „Push The Sky Away“ се појави во февруари 2013 година. Музичарот кого го следи репутацијата на мрачни и тмурни песни со силен интензитет и широк дијапазон од влијанија, тврди дека неговиот уметнички сензибилитет нема никаква поврзаност со некаква траума во детството.„Во моето детство не се случи ама баш ништо такво, никаква траума. Едноставно имам генетска диспозиција кон страшните нешта“, вели Ник Кејв во интервјуто за The New York Times./крај/мф/сн

Извор: The New York Times

Естрада

Почина Халид Бешлиќ

Објавено пред

На 71 годинa денес во Сараево почина Халид Бешлиќ, еден од најголемите музички великани на просторот на поранешна Југославија. Пејачот ја изгуби битката со тешка болест по кратко боледување, пренесуваат медиумите од Босна и Херцеговина.

dobivaj vesti na viber

Бешлиќ беше хоспитализиран кон крајот на август во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, каде што беше под постојан надзор на лекарите. И покрај напорите на медицинскиот тим, пејачот почина денеска околу 13 часот.

Со своите безвременски хитови Халид Бешлиќ остави неизбришлив белег на музичката сцена и во срцата на многу генерации.

Роден на 20 ноември 1953 година во Кнежина кај Соколац, Бешлиќ беше симбол на севдахот и емоцијата.

Прикажи повеќе...

Естрада

На Роби Вилијамс му е дијагностициран Туретов синдром

Објавено пред

Музичката ѕвезда Роби Вилијамс откри дека тајно се бори со Туретов синдром. Педесет и едногодишниот пејач вели дека неговите тикови се „наметливи“ и главно внатрешни, но мислите му се толку интензивни што не може да ги замолчи дури ни за време на настап пред десетици илјади обожаватели, пишува „Дејли мејл“.

dobivaj vesti na viber

Вилијамс претходно имал дијагнози за АДХД и посттрауматско стресно нарушување, а се соочувал и со зависности од алкохол и дрога. Неодамна направил и тестирање за аутизам – резултатот бил негативен, но му било укажано дека има „аутистични особини“, вклучувајќи анксиозност кога ја напушта сигурноста на својот кревет.

Во искрен разговор за подкастот ‘I am ADHD! No, you’re not’, пејачот призна дека турнеите и понатаму го плашат, и покрај децениското искуство на распродадени стадиони.

„Што и да е во мене, тоа не разбира“

Говорејќи за најновата дијагноза, Вилијамс изјави: „Штотуку сфатив дека имам Туретов синдром, но не се манифестира надворешно. Би помислиле дека стадион полн со луѓе кои ви даваат љубов би делувал како одвлекување на вниманието, но тоа не е така. Што и да е во мене, тоа не може да разбере.“

Како и шкотскиот пејач Луис Капалди, кој во 2023 година направи пауза поради Туретов синдром, и кај Вилијамс менталното здравје силно влијае врз настапите.

„Имам многу комплициран однос со турнеите и настапите во живо. Луѓето велат: Одеш на турнеја? Сигурно си возбуден. Но не баш, ужаснат сум,“ призна тој.

Добитникот на 18 БРИТ награди рече дека АДХД му бил дијагностициран дури три пати, бидејќи секојпат „заборавал“ на дијагнозата. Првиот пат бил околу 2006 година. „Се почувствував олеснето што конечно имам официјална дијагноза,“ изјави тој.

„Но потоа почувствував уште поголемо олеснување кога добивав по 200 апчиња и мислев дека тие ќе ме поправат, затоа што секогаш барате лек. Барате лек за болеста во вашата глава. Така многу брзо преминав од голтање апчиња до нивно дробење и вшмркување,“ рече Вилијамс.

Денес, вели, е посвесен за своето ментално здравје и постојано ги бара корените на својата нелагодност.

„Кога сум во кревет, тоа е мојата зона на комфор. Се друго надвор од креветот е моја зона на нелагодност. Во дваесеттите беше ужасно, во триесеттите лошо, во четириесеттите почна да се подобрува, сега сум на нагорна линија, но сè уште се чувствувам лошо во сопствената кожа,“ заклучи пејачот.

Туретов синдром е наследно, невролошко нарушување кое се карактеризира со неволни звуци и движења – тикови. Обично започнува во детството, а симптомите можат да вклучуваат често трепкање, гримаси, слегнување со раменици или движење на главата. Состојби како АДХД, опсесивно-компулсивно нарушување и анксиозност често се поврзани со Туретов синдром.

Прикажи повеќе...

Естрада

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ ги покажа својот рамен стомак и беспрекорната фигура

Објавено пред

Анастасија Ражнатовиќ уште еднаш докажа колку многу се грижи за својот изглед и здравје.

dobivaj vesti na viber

Српската пејачка на социјалните мрежи сподели видео од теретана, каде што вежба во зелен спортски комплет – хеланки и топ кој совршено го истакнуваше нејзиниот тесен струк и витка фигура.

Нејзиниот изглед не остана незабележан – нејзините долги нозе и затегната фигура предизвикаа бројни реакции од нејзините следбеници, кои ја обсипуваа со комплименти и пофалби за нејзината напорна работа и дисциплина.

Анастасија долго време промовира здрав начин на живот, а со оваа објава повторно ги инспирираше своите обожаватели да се посветат на физичка активност и грижа за себе.

Таа постојано нагласува дека промената на исхраната и редовното вежбање целосно го промениле нејзиниот изглед и живот.

фото: принтскрин-Инстаграм

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 16 часот

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, информира дека на основа на добиените информации од различни градови и...

Топ1 час

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија1 час

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет3 часа

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет4 часа

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ4 часа

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија5 часа

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет6 часа

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа6 часа

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет6 часа

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...

Македонија1 ден

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ

Иако Венко Филипче едновремено зборуваше за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен...

Економија1 ден

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат...

Македонија1 ден

Снег и заладување низ земјава, од следната седмица утрински температури под -10

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините....

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Техничката влада е единствената гаранција за чесни избори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со медиумите уште еднаш порача дека средба со криминалци нема да има...

Топ1 ден

Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница

Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне. Како што било пријавено во...

Свет1 ден

Трамп: Го откажав вториот напад врз Венецуела

Претседателот на САД Доналд Трамп на платформата „Тру соушал“ ги пофали постапките на Венецуела по, како што наведе, невидениот упад...

Економија1 ден

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон...

Македонија1 ден

ЦУК со нови информации: Излеани реки, поплавени подрумски простории, земјоделски површини и дворови, пријавени свлечишта на патишта

Во Општина Кочани е забележан значително зголемен водостој на реките и каналите во полскиот дел. Кочанска река има локално излевање...

Топ1 ден

Измамен 77-годишен виничанец од лажен лекар за сума од над 430.000 денари

Вчера во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума...

Европа1 ден

Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин

Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина...