Црна хроника
Студент од Турција нападнал студентка од Скопје во Штип
Студент од Турција договорил средба со студентка од Скопје на плоштадот во Штип, каде двајцата студирале, по што ја однесол во станот каде престојувал и ја нападнал.
Имено, како што соопшти полицијата, во средата, околу 23 часот во Штип, на Градскиот плоштад, по претходно договорена средба помеѓу А.А.(23) од Р.Турција, студент со привремен престој во Штип, и неговата 20-годишна девојка од Скопје, студент со привремен престој во Штип, заедно заминале во неговиот дом.
Кога влегле дома, тој веднаш ја заклучил вратата од собата, го сокрил клучот и почнал да ја навредува упатувајќи разни заканувачки зборови. Исто така, ја удирал со раце во пределот на лицето и телото. Во еден момент таа успеала да и напише СМС порака на нејзината другарка каде се наоѓа, а другарката повикала полиција. Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што оштетената е затекната во собата на А.А., каде противправно ја држел и малтретирал околу половина час.
Девојката е пренесена во Болница Штип, каде и се констатирани телесни повреди и е пуштена на домашно лекување. А.А. е лишен од слобода и задржан во ПС Штип за понатамошна постапка./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен крадец во Гостивар, фатен при извршување кражба во црква
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Нападнала ученичка во основно училиште: тетовка осомничена за насилство врз дете
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.М.(36) од Тетово.
Како што соопшти полицијата таа се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете’’.
Имено на 08.10.2025 во службена просторија на основно училиште во Тетово, пријавената физички нападнала ученичка.
Црна хроника
Претепал лекар и полициски службеник: кривична за 29-годишник од Тетовско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(29) од с.Челопек, тетовско.
Според полицијата, тој се сомничи за сторени кривични дела: „спречување службено лице при вршење службено дејствие’’ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
На 14.10.2025 во Ургентниот центар во Тетово, пријавениот физички нападнал лекар и полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

