Скопје
Прв до врв: Групно планинарење на Водно во чест на Св.Трифун

Февруарскиот месечник на Прв до врв е закажан за недела на 12 февруари, а тематски е посветен на виното и празникот Св.Трифун и ќе се состои од групно планинарење и возење велосипеди до врвот на Водно, како и заедничко дружење на групата на врвот на планината.
Стартот е закажан за 9 часот наутро пред основното училиште Кочо Рацин, а потоа околу 11 часот е предвиден делот за дружење и традиционално одбележување на празникот со македонско вино од винаријата Стоби, на врвот на Водно кај планинарскиот дом.
Во настанот традиционално учествуваат планинари, велосипедисти, спортисти, рекреативци, а поканети се сите граѓани да земат учество и да го поминат денот во здрава рекреација на Водно. Целта и на овој месечник во серијата месечни настани во организација на Прв до врв, е да се “мобилизираат” што повеќе граѓани да учествуваат во заеднички и масовен тренинг и рекреација со искачување на Водно.
Овој настан нема натпреварувачки карактер, додека трките во планинско трчање, планински и друмски велосипедизам се закажани на главниот натпреварувачки ПРВ ДО ВРВ на 21 мај, за кој пријавувањето е во тек преку веб страната www.prvdovrv.mk.
Настанот е во организација на здружението за спорт и рекреација Прв до врв. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)