Европа
Штајнмаер: Германија е поткрепа на борците за демократија
Германија е поткрепа за оние коишто се борат за демократијата во светот, изјави во неделата досегашниот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнамер, откако Сојузната конвенција (Bundesversammlung), тело составено од пратениците и угледни припадници на општествената германска сцена кои го избира за нов германски претседател.
За Франк-Валтер Штанјмаер гласаа 931 од вкупно 1.253 претставници во Сојузната конвенција во Рахјстагот во Берлин, 14 гласови биле неважечки а 103 пратеници се воздржале . Овој досегашен шеф на дипломатијата, од Социјалдемократската партија на Германија (SPD), ќе ја преземе, оваа главно протоколарна должност претседател на Германија на 18-ти март од Јоаким Гаук.
Штајнмаер во говорот по изборот укажа на несигурноста којашто моментално владее во светот, како и на „важната улога на Германија како потпора на многубројните сили во светот“ кои се борат за демократија.
„Граѓаните живеат во несигурност, светот излезе од својот колосек. Јас ги чувствувам бројните грижи на граѓаните и ги сфаќам сериозно. Германија на граѓаните во светот кои се борат за демократија им дава храброст, тоа го доживеав на функцијата министер за надворешни работи. Германија е сидрото на надеж за многумина во светот“, тврди Штајнамер, кој стана дванаесеттиот германски претседател.
„Ние не живееме во светот на блажените. И на нас тука, во Германија, влијаат светските кризи. Но ние сме тие кои имаме право на оптимизам“, заклучи Штајнамер кој беше кандидат за претседател на ткн голема коалиција не неговата SPD и мнозинскиот партнер во владата Унијата на демохристијаните од CDU и CSU, водена од канцеларката Ангела Меркел.
Пред гласањето, претседателот на Бундестагот, Норберт Ламерт, од Христијанско-демократската унија CDU упати директна критика на сметка американскиот претседател Доналд Трамп.
„Оној којшто се залага за изолација наместо за отвореност кон светот, оној кој буквално се оградува со ѕид и кој слоганите ако ’Ние на прво место’ ги прогласува за свои програми, тој не смее да се чуди доколку и другите познат кон него да се однесуваат на ист начин, со сите можни последици за меѓународните односи“, изјави Ламерт.
Меѓу првите странски државници кои му го честитаа изборот на Штајнамер, беше рускиот претседател Владимир Путин, кој веднаш упати покана до својот нов германски колега по должност „во секое време“ да ја посети Русија.
„Шефот на руската држава изрази уверување дека активностите на Франк-Валтер Штајнамер на оваа одговорна позиција ќе придонесе за развојот на руско-германските односи, плодната соработка во различни области во полза на народите на двете земји, во смисла на зајакнувањето на стабилноста и безбедноста на европскиот континент и во целиот свет“, соопшти Кремљ.
Во изјавата се истакнува дека „Владимир Путин ја потврди заинтересираноста за продолжување на конструктивниот дијалог за актуелните билатерални односи и меѓународната агенда….“.
Германскиот претседател го избира Сојузното собрание (конвенција), уставно тело составено од пратениците во двата дома на парламентот, Бундестагот и Бундестратот, како и реномирани личности од јавниот живот кои ги избираат сојузните покраини.
Во неделата Сојузната конвенција одлучуваше меѓу пет кандидати. Покрај Штајнамер, за претседател на Германија се кандидираа и социологот Кристофер Бутервеге како кандидат на партијата Левица, Албрехт Глазер како кандидат на евроскептичната и антидоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD), судијата Александер Холд кого гои предложи група независни избирачи и Енгелберт Зонеброн, кандидат на анархистичката партија Партија.
Мандатот на претседателот на Германија трае пет години. Иако според уставот е прва политичка функција во земјата, должноста на претседателот има главно протоколарен карактер и првенствено е поврзан со претставувањето на Германија во светот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Трагедија во Турција: куп снег падна од покрив и усмрти 21-годишна девојка, несреќата снимена од безбедносни камери
Невидена трагедија се случи во турскиот град Битлис, кога куп снег падна од покрив и уби девојка.
Трагедијата се случи во вторник, 6 јануари, кога снег од покривот падна врз 21-годишната Ајше Идер додека одеше по тротоарот, објавија турските медиуми.
Ајше Идер беше тешко повредена во инцидентот, а снегот се натрупа врз неа двапати, соборувајќи ја на земја. Минувачите веднаш истрчаа да ѝ помогнат, дури и ризикувајќи го сопствениот живот кога снегот падна на земја по трет пат.
📹Bitlis'in Tatvan ilçesinde çatıdan düşen kar ve buz kütlesinin altında kalan 21 yaşındaki Ayşe İder hayatını kaybetti https://t.co/Bcs5z4BaDF pic.twitter.com/4rqQ9yeEvi
— Habertürk (@Haberturk) January 6, 2026
Младата девојка, на која ѝ беше укажана прва помош од медицински екипи испратени на местото на настанот, а потоа однесена во државната болница Татван, не можеше да се спаси. И покрај сите напори им подлегна на повредите.
Инцидентот, кој беше снимен и од безбедносните камери, и смртта на младата девојка, која се подготвуваше за приемен испит на универзитет, предизвикаа голема тага во округот Татван. Телото на Ајше Идер, кое беше преземено од болницата наутро, беше погребано на гробиштата Кучукшу.
Европа
(Видео) Силна бура ги погоди Франција и Велика Британија, објавени се снимки
Силни ветрови ги погодија Франција и Велика Британија денеска, додека бурата Горети ја зафати северна Европа, оставајќи стотици илјади домови без струја. Во Франција, околу 380.000 домови останаа без струја, главно во регионите Нормандија и Бретања, соопшти снабдувачот со електрична енергија Енедис.
Налети на ветер од над 150 км/ч беа регистрирани преку ноќ во северозападниот француски регион Манш, со рекордни 213 км/ч во Барфлер, а железничкиот оператор SNCF ги прекина железничките услуги помеѓу Париз и регионот Нормандија.
Во Велика Британија, 57.000 домови останаа без струја, според National Grid, откако бурата Горети донесе повеќе снег во земјата по една недела студено време. Се очекува стотици училишта да бидат затворени низ Шкотска и делови од централна Англија, кои беа особено погодени од бурата Горети.
Железничките оператори во тој дел од Англија ги предупредија патниците да не патуваат, а некои услуги се прекинати.
Европа
Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин
Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина во текот на ноќта. Во соопштението се вели дека Русија извршила, како што наведува, „високопрецизен удар со долг дострел“ користејќи ја ракетата со среден дострел „Орешник“.
Во соопштението се тврди дека нападот бил одговор на она што Русија го опиша како „терористички напад од страна на режимот во Киев“ врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, за кој Русија тврди дека се случил ноќта на 29 декември 2025 година.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили испукале оружје со долг дострел и висока прецизност од копно и море во текот на ноќта, вклучувајќи го и мобилниот копнено-базиран ракетен систем Орешник, како и дека извеле напади со беспилотни летала врз, како што наведуваат, клучни објекти во Украина.
Украина сè уште не потврдила дека нападот врз западниот град Лавов бил извршен со „Орешник“, но украинската војска потврдила дека ракетата летала со брзина од 13.000 км/ч.

