Црна хроника
Ученик убиен во ново пукање во училиште во САД
Осомничениот за пукањето во едно училиште во кое загина ученик во близина на Портланд во американската сојузна држава Орегон загинал, пренесува телевизиската мрежа FoxNews во вторникот навечер повикувајќи се на извештајот на локалната полиција.
Според телевизијата, осомничениот облечен во црна облека и вооружен со полуавтоматска пушка „АР-15″ вил блокиран во тоалетот. Напаѓачот, исто така, имал панцирен елек и специјален шлем. Други поединости не се соопштени.
За инцидентот во училиштето во градот Траутдејл локалниот интернет весник Oregonian објави дека осомничениот напаѓач наводно бил фатен во близина на локалната црква. Според весникот, тој имал уште двајца помагачи кои успеале да побегнат.
„Вооружениот маж утрово (по локално време) влегол во гимназијата и пукал врз еден ученик, којшто, за жал, почина. Напаѓачот е мртов”, изјавил Скот Андерсон, началник на полицијата во Тратдејл, прецизирајќи дека ситуацијата е под контрола, но не изнел повеќе детали за инцидентот, пренесува AFP.
Медиумите пишуваат дека во пукањето биел ранети уште неколку ученици, но тие информации не се официјално потврдени.
И во текот на простанатиот дел од денот силни полициски единици се распоредени околу гимназијата во којашто се случил нападот. Учениците биле евакуирана на паркингот, каде биле повикани и нивните родители за да ги одвезат.
Американската јавност наназад реиси две години постојано е потресувана од сѐ зачестените напади со огнено оружје во училиштата и универзитетските кампуси, Во неделата една двојка уби три лица, од кои двајца полицајци а потоа изврши самоубиство во Лас Вегас. На 5-ти јуни, едно лице загина а три беа ранети во пукањето на кампусот во еден од универзитетите во градот Сиетл, а на 23-ти мај студент уби шест лица на кампусот од универзитетот Санта Барабара./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Командир и четворица полицајци од Чегране прикривале дивоградба
Полицијата поднесе кривична пријава против Б.И., командир на Полициско одделение Чегране, К.Б., Т.Е., В.Т. и Б.Е. , сите полициски службеници од Полициско одделение Чегране при СВР Тетово, поради основи на сомнение за сторно кривично дело ,,попречување на правдата“.
Пријавените полициски службеници во повеќе наврати во текот на 2025 година, постапувајќи по поплака за бесправно градење од подносител, измениле и изготвиле дополнителен службен материјал со кој ја промениле фактичката состојба, со што го спречиле, прикриле и го отежнале докажувањето за утврдување на бесправното градење во постапка која се води пред суд или друг орган надлежен за утврдување на бесправно градење.
Воедно, пријавените извршиле преквалификација на примената поплака за бесправно градење во прекршок за лажно пријавување спрема подносителот на поплаката на начин што без да ја констатираат фактичката состојба изготвиле записник за констатиран прекршок и барање за поведување на прекршочна постапка против подносителот на поплаката.
Против полициските службеници ќе биде поднесен предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе бидат изречени задолжителни мерки за одземање на службеното оружје и муниција и упатување на задолжителен психолошки и психијатриски преглед.
Топ
Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар
Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар.
Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу 13:00 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Х.М.(44) од Гостивар, постапувајќи по пријава дека во 12:35 часот на крстосница од ул. „Илинденска” со ул. „Седек Костовски” во Гостивар, товарно возило „мерцедес“ со гостиварски регистерски ознаки, управувано од Х.М., удрило во велосипед управуван од И.М.(76) од Гостивар.
И.М. бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, каде лекар констатирал смрт.
По документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Х.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Со закана со секира ограбил казино во Битола: уапсен 53-годишен маж
Вчера во 19:40 часот полициски службеници од СВР Битола во казино на улицата „Филип Втори Македонски“ во Битола го лишија од слобода 53-годишниот С.Р. од Битола, постапувајќи по добиена пријава околу 18:30 часот дека во казино лоцирано на улицата „Маршал Тито” во Битола, едно лице со закана со секира од вработената одзело околу 8600 денари, по што се дало во бегство.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и сторителот е лоциран и лишен од слобода, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

