Свет
За Кремљ оставката на Флин е работа на Вашингтон, Трамп бил предупреден дека може да биде уценуван од Москва
Оставката на Мајкл Флин, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, откако во медиумите протекоа неговите контакти со руски лица, е „внатрешна американска работа“, оценија во вторникот од Кремљ, а американскиот медиум пишуваат дека Трамп бил запознаен дека сега неговиот веќе поранешен советник бил можело да биде уценуван од Москва.
Флин во американската и странската јавност е извонредно ценет како воено-разузнавачки експерт кој помагал во борбата против бунтовничките мрежи во Авганистан и во Ирак. Армијата ја напушти откако поранешниот демократски претседател Барак Обама во 2014 година му даде отказ од функцијата директор на воената Одбранбена разузнавачка агенција (DIA) по поплаките околу неговиот начин на раководење
„Тоа е внатрешна работа на Соединетите држави, внатрешна работа на претседателот Доналд Трамп. Тоа не е наш проблем.. Не сакаме на ниеден начин да ја коментираме оваа афера“, истакна портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.
Водечките руските политички личности ја нарекоа изнудената ставка на Мајкл Флин, досегашен советник на американскиот претседател, ќе претставува тежок удар за подобрувањето на руско-американските односи.
„Оваа ситуација е провокативна. Претставува негативен сигнал за обновувањето на руско-американскиот дијалог“, рече претседателот на комисијата за надворешни работи на руската Дума, Леонид Слуцки.
Во моментот односите меѓу Москва и Вашингтон се на најниското ниво од крајот на Студената војна поради меѓусебните обвинувања со претходната администрација на демократот Обама, а неговиот наследник на должноста републиканецот Трамп во кампањата вети дека ќе ги обнови.
Американското министерство за правосудство наводно го предупредувало претседателот Трамп уште во јануари околу Мајкл Флин, истакнувајќи дека тој „би можел да биде подложен на руски уцени“, како и оти „намерно давал нецелосни информации“ на администрацијата околу своите телефонски разговори со рускиот амбасадор во Вашингтон, пишува телевизијата CNN, инаку ненаклонета кон Трамо, повикувајќи се на „извор близок на тоа прашање“.
Според CNN, загриженоста околу разговорите со рускиот амбасадор во САД, Сергеј Кислјак, настанала околу тоа дали тој со амбасадорот зборувал за укинувањето на санкциите против Русија, кои ги наметна администрацијата на Обама за наводното „руско мешање“ во американските претседателски избори
Но во моментот на водењето на тие разговори Флин не бил на должноста во Белата куќа. Односно тие се одвивале во декември 2016 година, а администрацијата на Трамп тврдеше дека станувало збор за протоколарни разговори.
Точно пред еден месец Мајкл Флин, тогаш изборот на новиот американски претседател Доналд Трамп за негов советник за национална безбедност, повеќепати телефонски разговарал со рускиот амбасадор во Вашингтон на денот кога САД ја најавија одмаздата поради наводното руско влијание во американските претседателски избори, објави агенцијата Reuters.
Овие разговори отворија тогаш нови прашања за контактите на советниците на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и руските функционери во периодот кога американските разузнавачки агенции тврдат дека наводно Москва наредила хакирање и други средства за да ги зголеми шансите на Трамп за победа над неговата противкандидатка од Демократската партија, Хилари Клинтон.
Поранешниот американски претседател пред заминувањето од должност, Барак Обама, на 29-ти декември нареди протерување на 35 руски дипломати, наводно за шпионирање, нареди и санкции против двете руски разузнавачки агенции, како и на две приватни компании и седум лица, поради нивна наводна вклученост во хакирањето на американски политички институции на изборите во 2016 година.
Не е утврдено дали Мајкл Флин и рускиот амбасадор Сереј Кислјак, кој подоцна присуствуваше на инаугурацијата на Доналд Трамп на 20-ти јануари, расправале за споменатите санкции. Американскиот закон од XVIII век, познат како „Логан Акт“, им забранува на неовластени американски граѓани да преговараат со странски влади кои се во спор или судир со САД. За споменатите телефонски разговори први извести колумнистот на Тhe Washington Post, Дејвид Игнатиус.
Портпаролот на Трамп тогаш изјави дека Флин примил телефонски повик од рускиот амбасадор минатиот месец, како и дека разговарале за организирање на телефонски разговор меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин по инаугурацијата на 20-ти јануари.
„Разговорот се водеше околу логистиката на организацијата на разговорот на рускиот претседател и новоизбраниот американски претседател откако ќе ја положи заклетвата, и разменија логистички информации како да се иницира и да се одреди времето за тој разговор. Тоа е тоа, кусо и јасно“, истакна тогаш портпаролот Шон Спајсер.
Додал дека тој разговор се одвивал на 28-ми декември, а двата извора на Reuters тврдеа дека неколку разговори се воделе и на 29-ти декември, на денот кога Обама ги најави новите санкции против Русија, а дотогашните ги продолжи ноќта кон саботата, како и оние против други земји.
Сега во прилогот на CNN се наведува дека пораката околу тоа прашање ја пренела тогашната привремена вршителка на должноста главна државна обвинителка на САД, Сали Јетс, како и други високи разузнавачки извори кои биле „согласни во оцената“ дека Белата куќа треба да биде предупредена на тој проблем/
Пораката до министерството за правда прв ја објави Тhe Washington Post, а Јетс беше отповикана од привремената должност во јануари. Во тој период таа им препорача на адвокатите на американското министерство за да не ја бранат неговата уредна за привремена забрана за влегување во САД на бегалци и имигранти од седум претежно муслимански.
Јетс во вторникот за американските медиуми изјави дека за сé што се случило во меѓувреме немала коментари, а изворите на CNN рекле дека ситуацијата околу Флин „флуидна“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
На жртвите на Епстин ќе им бидат исплатени 35 милиони долари како дел од спогодба
Телото што управува со имотот на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин се согласи да исплати 35 милиони долари за да се реши колективната тужба во која и двајца негови поранешни советници ги обвинуваат за помагање во трговија со млади жени и тинејџерки со цел сексуална експлоатација.
Тужбата од 2024 година е поднесена против поранешниот личен адвокат Дарен Индика и поранешниот сметководител Ричард Кан, кои, според тврдењата на тужителите, му помагале на Епстин да ги прикрие своите злоупотреби преку сложена мрежа од корпорации и банкарски сметки, пренесе Ројтерс.
Адвокатската фирма Boies Schiller Flexner ги застапува жртвите.
Со прифаќањето на спогодбата, Индика и Кан не признаваат вина, изјави нивниот адвокат Даниел Х. Вајнер.
Епстин почина во затвор во Њујорк во август 2019 година, а смртта беше прогласена за самоубиство.
Претходно, телото што управува со имотот на Епстин исплати 121 милион долари преку фонд за реституција на жртвите и дополнителни 49 милиони долари во други спогодби.
Оваа спогодба се очекува да обезбеди дополнителна помош за жртвите кои сè уште не примиле надомест и затвора уште еден правен спор поврзан со наследството на контроверзниот финансиер.
Свет
И покрај поканата во одборот на Трамп, белоруската делегација не добила дозвола за влез во САД
Белоруските официјални лица не добиле визи за патување во Соединетите Американски Држави на основачкиот состанок на Советот за мир, и покрај официјалната покана да присуствуваат, јави „Киев индипендент“.
Според соопштението, белоруските претставници на 19 февруари информирале дека не успеале да обезбедат визи за патување во САД за состанокот на Советот за мир.
„Визите за нашата делегација на состанокот на Советот за мир не беа издадени, и покрај тоа што сите документи беа поднесени навреме и процедурите беа почитувани“, напиша Министерството за надворешни работи на Белорусија на социјалните мрежи.
Министерот за надворешни работи Максим Риженков требало да присуствува на состанокот, иако поканата формално била упатена до белорускиот лидер Александар Лукашенко.
„Ако дури и основните формалности не се почитувани, за каков ‘мир’ зборуваме?“, соопшти Министерството.
Советот за мир, основан од претседателот на САД Доналд Трамп, првично бил замислен како механизам одобрен од Обединетите нации за спроведување мировен план за Газа. Подоцна иницијативата била опишувана како обид за проширување на мандатот на Советот.
Се очекува Трамп да биде првиот, а можеби и единствениот претседавач на Советот. Предложената такса од една милијарда долари за постојано членство довела дел од набљудувачите да ја опишат институцијата како лична верзија на Обединетите нации на Трамп – организација што тој често ја критикувал.
Советот, по дискреција на претседавачот и со согласност на засегнатите држави, би можел да се занимава и со други конфликти ширум светот, вклучително и со војната на Русија против Украина.
Свет
Зеленски: Во Русија има 10.000 севернокорејски војници, тоа е исклучително опасно
Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, во интервју за јапонската новинска агенција „Кјодо њуз“ рече дека во моментов има 10.000 севернокорејски војници на територијата на Русија, оценувајќи го тоа како „екстремно опасен“ развој на ситуацијата.
Како што рече, ова се војници кои стекнуваат искуство во модерното војување врз основа на битките што Русија ги води против Украина.
„10.000 севернокорејски војници сега се на територијата на Русија. Исклучително е опасно што тие стекнуваат знаење за модерното хибридно војување. Тие знаат како да се бранат од ракети, од различни видови дронови – вклучувајќи дронови со оптички влакна – од FPV до дронови со долг дострел. Сега тие учат на територијата на Русија, бидејќи ние одговараме на руски напади. Значи, тие ја имаат оваа можност. Што ќе прават со ова знаење? Најмалку, ќе го донесат ова знаење и искуство дома во Северна Кореја“, рече тој.
Неговата изјава доаѓа во време кога западните разузнавачки служби со месеци предупредуваат за интензивирање на воената соработка меѓу Москва и Пјонгјанг, вклучително и испораки на оружје и муниција.
Зборувајќи за можноста за мировни преговори, Зеленски нагласи дека Украина е подготвена за „вистински компромиси“, но не по цена на независноста и суверенитетот.
„Подготвени сме за вистински компромиси. Но, не компромиси по цена на нашата независност и суверенитет. Подготвени сме да разговараме за компромиси со Соединетите Држави. Но, да не добиваме ултиматуми од Русите одново и одново. Тие се агресорот. Сите го признаа тоа. Тоа не се променило. Многу земји кои биле посредници или се обиделе да бидат посредници од самиот почеток на оваа војна, особено на Блискиот Исток и Азија, како и други земји, сите признаваат дека Русија е агресорот“, рече тој.
Тој додаде дека самиот факт што Украина разговара со Москва за компромиси е еден вид отстапка.
„Затоа нашиот компромис е дека разговараме со агресорот за компромиси. „Стоп и ќе застанеме таму каде што сме“ – тоа е голем компромис. Тие зедоа речиси 20% од нашата територија. И ние сме подготвени во овој момент да разговараме за мир врз основа на „Стоп и ќе застанеме таму каде што сме“. Тоа е голем компромис“, рече тој.
Потоа Зеленски ја критикуваше руската позиција.
„Што ни нуди Русија како компромис? На што се подготвени? Тие рекоа: „Подготвени сме да не ги окупираме вашите други региони“. Но, тоа е тероризам. Дури и тој јазик е тероризам. „Подготвен сум да не ве убијам – дајте ни сè“. Што значи тоа? Тоа не е компромис. Тоа е ултиматум. Затоа реков: ние сме подготвени за компромиси што го почитуваат украинскиот суверенитет и територијален интегритет, нашата армија, нашиот народ и нашите деца. Но, ние не сме подготвени за ултиматуми“, рече тој.
фото/Depositphotos

