Македонија
ВМРО-ДПМНЕ повторно за донациите од Туфекџиќ и Богоевски на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ повторно се прашуваат зошто СДСМ молчи за донациите од граѓанските активисти, Ивана Туфекџиќ и Павле Богоевски, кои на последните избори станаа пратеници од СДСМ.
„СДСМ/Сорос и нивните мегафони молчат за донацијата од 118.000 денари кои невработениот студент Ивана Туфекџиќ му ги даде на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Оваа квази-граѓанска активистка парите во висина од 40 студентски стипендии наместо да ги донира кон граѓански организации, ги донираше на политичката партија за чиј интерес се претставуваше како студентски активист и дел од платеничката насилна шарада на СДСМ/Сорос“, се вели во партиското соопштение.
Велат дека СДСМ/Сорос и мегафоните молчат и за донацијата од 184.000 денари кои соросовиот платеник Павле Богоевски ги донираше на сметка на СДСМ. Богоевски на улица се шеташе со уста полна со термини како правда и независно граѓанство, а парите ги даде на аболициран криминалец за чиј интерес демолираше и уништуваше споменици. Како заслуга за вандализмот во служба на СДСМ/Сорос се најде на нивната пратеничка листа.
Порачуваат дека на сите им е јасно дека Туфекџиќ и Богоевски, исто како и Лидија Димова и ред други квази-активисти се само слепи послушници на нивниот ментор Владе Милчин кој преку ден се претставуваше како невладин сектор, а навечер блудничеше во прегратките на СДСМ./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Лабудовиќ: Центар ќе биде современа и дигитална општина

Современа и ефикасна општина не се гради само со улици, паркови и згради – таа се гради со доверба. Доверба меѓу граѓаните и институциите, доверба во секоја одлука и во секој потрошен денар.
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, најави дека еден од неговите најважни приоритети ќе биде воведување на целосно нов систем на дигитална и транспарентна администрација.
„Нашата цел е Центар да стане најтранспарентна општина во државата. Граѓаните заслужуваат да знаат што, каде и како се работи со нивните пари. Затоа ќе ја воведеме апликацијата „Моја општина“ – дигитален сервис што ќе овозможи директна и отворена комуникација меѓу општината и жителите,“ изјави Лабудовиќ.
Преку апликацијата, како што појасни, секој граѓанин ќе може лесно да пријави проблем, да постави прашање, да добие конкретен одговор и да ги следи активностите во реално време. Во неа ќе бидат достапни сите информации за функционирањето на општината – од состојбата со паркинг-местата и јавните услуги, до тековни проекти, тендери и буџетски трошоци.
Особено внимание, според него, ќе биде посветено на воведување на системот „Отворен буџет“, преку кој јавноста ќе има постојан увид во распределбата на општинските средства. На едноставен и транспарентен начин, секој жител ќе може да провери каде завршува секој денар – од проектите за хигиена и инфраструктура, до урбанистички и еколошки програми.
„Транспарентноста не смее да биде формалност. Таа мора да стане темел на модерното управување. Со редовно објавување на сите трошоци, договори и реализирани активности, ќе изградиме нов систем на доверба. Центар ќе биде општина која комуницира со своите граѓани – јавно, отворено и одговорно,“ нагласи Лабудовиќ.
Покрај тоа, се планира и воведување на дигитален контакт-центар и систем за известување во реално време, преку кој граѓаните ќе можат брзо да добиваат важни информации – за сообраќајот, јавните настани, хигиената и сите тековни активности во нивното маало.
Со овие решенија, истакнува, Центар ќе стане пример за модерна, дигитална и отчетна општина – општина во која технологијата ќе биде во служба на луѓето, а секоја одлука ќе биде јавна, достапна и проверлива.
„Ние сакаме Центар да биде место каде граѓаните не чекаат одговори – туку ги добиваат веднаш. Општина која не се крие зад бирократија, туку ја користи дигитализацијата за да служи подобро, побрзо и почесно. Така се гради доверба, така се гради вистинска заедница,“ порача Лабудовиќ.
Според визијата на кандидатот, Центар ќе ја врати изгубената врска меѓу институциите и граѓаните, претворајќи ја во модел на управување за целата држава.
Македонија
(Видео) Модерен конгресен центар, нов саем во Скопје, Шукова најави и решение за сообраќајниот хаос во Автокоманда

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, на средба со граѓаните во Автокоманда, општина Гази Баба, најави неколку крупни инфраструктурни проекти што ќе го трансформираат главниот град во модерен, уреден и економски активен центар.
„Скопје е град со дух, со историја, но и со огромен неискористен потенцијал. Нашата визија е Скопје да се развива паметно, плански и храбро, со јасни цели и вистински проекти што носат промени,“ изјави Шукова пред граѓаните.
Во фокусот на таа визија, како што истакна, е изградбата на модерен Конгресен центар – инфраструктура што ќе го отвори Скопје кон светот и ќе го постави на мапата на европски конгресни дестинации. Проектот, според неа, претставува економски, туристички и културен ресурс со кој градот ќе може да биде домаќин на меѓународни конференции, научни и професионални собири и големи културни настани.
Паралелно со Конгресниот центар, Шукова најави и изградба на нов Скопски саем во Гази Баба, со што оваа општина ќе добие нова стратешка позиција како регионален центар за бизнис, иновации и туризам. Новиот саем, според најавите, ќе има модуларни хали, конференциски сали, културни и комерцијални содржини, како и простор за мали и средни претпријатија и креативни сектори.
„Овој проект отвора нови пазари, ги поврзува локалните производители со странски партнери и создава услови младите да останат и да работат токму тука, во Скопје,“ додаде Шукова.
Таа најави и решение за сообраќајниот хаос во Автокоманда, каде што ќе се изградат три катни гаражи. Две од нив ќе бидат наменети за жителите, со сигурни и достапни паркинг места, а третата за вработените во околните компании, со цел да се ослободи јавниот простор и да се намали метежот.
„Со овие мерки го враќаме просторот на граѓаните, ги ослободуваме тротоарите и го подобруваме квалитетот на живот,“ нагласи Шукова.
Според неа, ова е визија за Скопје што поврзува, што е добар домаќин и што создава вредност – за граѓаните, за економијата и за државата.
„Ова е визија за град што има иднина, и ние сме подготвени таа визија да ја реализираме,“ заклучи Шукова.
Македонија
Нов кружен тек кон Градските гробишта во Бутел и изградба на мегапаркот што го вети, а не го изгради Арсовска, вети Ѓорѓиевски

Кружен тек на крстосницата на улиците Бутелска и Александар Урдаревски, мегапарк кај булеварот Христијан Тодоровски Карпош каде што исто така мегапарк парк ветуваше и Данела Аросвска, зелени зони и пешачки и велосипедски патеки покрај Серава и реконструкција на улици се денешните ветувања на кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски. Тој денес заедно со кандидатот за градоначалник на Бутел од ВМРО-ДПМНЕ кој бара втор мандат од граѓаните, Дарко Костовски, направи прес-конеренција на местото каде што го планира новиот кружен тек кон Градските гробишта.

Со нов кружен тек Ѓорѓиевски ќе го намалува хаосот на крстосницата на Бутелска и Алекандар Урдаревски
„Денес сме во Општина Бутел на крстосницата на улиците Бутелска и Алкесандар Урдаревски каде што планираме изградба на кружен тек. Кружниот тек што ќе се изгради овде ќе значи крај на хаосот во сообраќајот и значително намалување на сообраќајните несреќи. Оваа точка е една од најфреквентните во Бутел бидејќи улицата Александар Урдаревски е правец кој секојдневно го користат илјадници граѓани, особено поради близината до Градските гробишта“, рече Ѓорѓиесвки.
Новиот кружен тек кон гробиштата Ѓорѓиевски кажа дека е дел од пошироката стратегија за зголемена безбедност и уреденост во сообраќајот во целиот главен град кој предвидува преку редизајн на 50 критични крстосници и улици, Скопје да се движи кон целта на нула фатални несреќи до 2030 година.

Серава ќе се уреди со пешачки и велосипедски патеки, автохтона вегетација и јавни содржини, рече Ѓорѓиевски
Паралелно со новиот кружен тек, Ѓорѓиевски најави и целосна реконструкција на улиците Бутелска и Радишанска на потегот од Расадник Бутел со населбата Радишани.
„Ќе се постави нов асфалт, ќе има подобрена дренажа, пешачки патеки, улично осветлување според најсоверемени стандарди. Особено важно е што пред реконструкцијата ќе градиме атмосферска канализација со што конечно ќе се реши долгогодишниот проблем со поплавите при поројни дождови“, најави Ѓорѓиевски.
Освен планираните интервенции на сообраќајниците во Бутел Ѓорѓевски потсети дека пристапот до оваа општина значително ќе се олесни со изградбата на првата аза од булеварот Хрватска во Гази Баба, и додавањето трета лента на Цветан Димов во Чаир.
Ѓорѓиевски на бутелчани им вети и нови зелени површини.
„Развојот на Бутел не го гледаме само низ призма на сообраќајот туку и низ создавање на урбани и зелени јавни простори. Сакам да најавам дека во план е изградба на мегапарк долж булеварот Христијан Тодоровски Карпош. Овој простор кој со години беше запуштен ќе се претвори во уреден, функционален и модерен парк со зелени површини детски игралишта, фитнес зони и пешачки патеки. Со тоа Бутел конечно ќе добие современа рекреативна зона, место за одмор и дружење за сите генерации. Меѓу најзначајните и долгорочни проекти се издвојува рекултивациија на реката Серава и воспоставување зелени коридори по нејзината должина. Со оваа интервенција ќе се обнови целиот појас, ќе се уреди со пешачки и велосипедски патеки, автохтона вегетација и јавни содржини. Серава ќе стане чиста, безбедна и достапна зона што ќе го подобри квалитетот на живот на жителите во Бутел и на цел град Скопје“, рече Ѓорѓиевски.
Градоначалникот Костовски, пак, наброја што се сработил во изминативе четири години и кажа дека реализацијата на програмата од минатите избори е доволен гарант за граѓаните дека ќе го направи и она што го ветува во вториот мандат.
„Со одговорност тврдам дека 90 отсто од мојата предизборна програма, фала му на Бога, е реализирана“, рече градоначалникот Костовски.
Тој за вториот мандат најави два историски моменти за Бутел кои се веќе договорени, изградбата на првата поликлиника во општината и обезбедувањето градска вода за Љубанци и Љуботен.