Македонија
СДСМ: Тодоров да престане да се фали со лекови стари повеќе од една деценија
Министерот во заминување Никола Тодоров да престане да манипулира со ранливите категории граѓани и лековите кои се стари да им ги претставува како нови и револуционерни, предупредуваат од СДСМ.
„Лекот „Сорафениб“ за карционом на црн дроб е во употреба веќе 10 години. „Оксалиплатин“ е 21 година во употреба ,а „Бевацизумаб“ е лек со лиценца стара 11 години. Ова е само една од причините зошто Македонија според ЕХЦИ индексот е помеѓу трите најлошо рангирани земји во Европа по стапката на преживување на болните од малигни заболувања. Наместо да се грижеа за здравјето на граѓаните, Тодоров и неговите соработници се грижеа само за провизии и тендери за скапата и неупотребена медицинска опрема“, тврдат од СДСМ.
Поради неспособноста на Тодоров и неговите соработници новите и иновативни лекови не им се достапни на граѓаните на Македонија на позитивната листа и затоа сме на дното во Европа според ЕХЦИ и за достапноста на нови лекови./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изборниот ден е неработен за сите граѓани
Поради одржување на парламентарните и вториот круг од претседателските избори, денешниот ден е неработен за сите граѓани во Република Македонија.
Работодавачите не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат.
Поради првиот круг од претседателските избори, неработен беше и 24 април. Според одлуката на техниката Влада, двата неработни дена нема да се одработуваат.
Македонија
Започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори
Во Македонија утрово започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори.
Избирачките места, од кои вкупно 3.480, беа отворени во седум часот, а ќе бидат затворени во 19 часот.
Во вториот круг од претседателските избори граѓаните ќе одлучуваат меѓу Гордана Силјановска Давкова и актуелниот претседател Стeвo Пандеровски.
На парламентарните избори, граѓаните ќе можат да избираат помеѓу 17-те изборни листи, меѓу кои коалицијата „За европска иднина“ предводена од СДСМ, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ, партијата Левица, коалицијата „Европски Фронт“ предводена од ДУИ, коалицијата „Вреди“, движењето ЗНАМ, партиите Родина, Македонска Ера Трета, Демократи, Единствена Македонија, Нова Алтернатива, Аваја, Твоја, Десна, Работничката партија, како и за групата избирачи Џула Челику.
Македонија
Автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи
ЈСП Скопје извести дека автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема воопшто да работи.
Со оглед на тоа што денот кога се одржуваат парламентарните и вториот круг од претседателските избори е прогласен за неработен за сите граѓани, и автобусите од градскиот јавез превоз ќе сообраќаат по скратен, односно неделен возен ред.
Воедно, жичницата од Средно Водно во врвот Крстовар нема да работи.
Дежурни билетарници од 7 до 14 часот ќе бидат само две, на Транспортен Центар и Ѓорче Петров.