Македонија
Јанева: СЈО гони криминална група на власт, судот прави пречки

Катица Јанева, специјалната јавна обвинителка повторно укажа дека одредени судии ја блокираат работата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
Таа предупреди дека судијата „може да ја злоупотреби својата службена должност и овластување кога станува збор за висока корупција од страна на високи функционери од власта што ја истражува СЈО“.
„Специјалното јавно обвинителство ги образлага сите предлози за притвори, но како што знае јавноста, од одреден број на судии истите се одбивани на ист начин иако ние точно ја следиме судската и европската пракса како треба да се бара притвор и други мерки за обезбедување на осомничени“, рече специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Таа кажа дека тие не се задоволни од работата на судот по нивните предмети, бидејќи кога и да поднесат барање за претрес или притвор, едни исти судии одлучуваат по нивните барања.
„На овој начин, судијата може да ја злоупотреби службената должност и овластување кога се работи за висока корупција која ја истражува СЈО од страна на високи функционери од власта и како што секојпат повторувам и овој пат ќе кажам, СЈО не гони обичен криминал, СЈО ја гони криминалната група која се наоѓа во врвот на власта во Македонија и тоа мора да се сфати од страна на судот кој претставува трета власт која треба совесно, чесно, професионално да си ја извршува својата службена должност во случаите на СЈО, а тоа не е така“, рече Јанева на презентацијата на истражувањето „Неосновано притворени – правни и буџетски последици“, во ЕУ-Инфоцентарот во Скопје./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради санирање појавен дефект на водоводна мрежа со пречник Ф-1 цол на ул. Копенхагенска, крстосница со ул. Стокхолмска во населба Тафталиџе, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Копенхагенска, Стокхолмска, Софиска, Његошева, Гаврил Лесновски и Петар Драганов во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:30 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Аеродром, Сопиште и Зелениково денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од с. Долно Лисиче, општина Аеродром;
· во истиот термин од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на зградата на Алкалоид на ул. 3 -та Македонска Бригада., општина Аеродром;
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Горно Соње, поточно улиците со бр. 10 и бр. 12, општина Сопиште;
· од 09:00 до 16:00 часот, корисниците од селата: Дејковец и Добрино, општина Зелениково.
Македонија
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со ретка појава на грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и со ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд и со услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Денеска и во четврток ќе има изолирана појава, а од петок на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Од недела температурите ќе бидат во опаѓање.