Македонија
ВМРО-ДПМНЕ го обвинува раководството на СДСМ за дружба со криминалци
Криминалците блиски до (лидерот на СДСМ Зоран) Заев завршија во притвор заради тоа што го труеја Скопје со кокаин долго време, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали аболицираниот криминалец Зоран Заев знаеше за црниот бизнис со дрога на неговиот пријател? Дали аболицираниот Заев му помагал на својот пријател во трговијата со наркотици и дали од сето тоа земал пари за себе или за партијата? Вистинското прашање е зошто толку време овие криминалци беа сигурни во себе дека нема да одговараат? Дали заради тоа што СДСМ скоро цела година го водеше МВР? Дали заради Оливер Спасовски или Примислав Димовски? Се познавал ли притворениот Сеад Рахиќ со нив и дали му помагале?“, праша Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Граѓанска и демократска Македонија оди напред, со зрели политичари кои ќе водат реални и одговорни политики. Тоа е веќе незапирлив демократски процес. Граѓаните на Македонија на предвремените избори избраа промени, правда и живот. Сакаат да живеат добро, а не во огромна сиромаштија, сакаат да живеат заедно, а не поделени, сакаат интеграција на Македонија, а не изолација… Затоа, безуспешни се сите обиди на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ да ги користат медиумите што ги направија зависни од нив, за измислици и лажни вести, што граѓаните веќе ги препознаваат“, реагираат од СДСМ./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради јазични бариери одложено продолжението на конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство, кажа Филков
Поради технички причини денешната конститутивна седница на работната група за реформи во изборното законодавство беше одложена за следната недела. Министерот за правда Игор Филков изјави дека членовите на работната група не се впуштиле во материјална расправа затоа што прво треба да се утврди дневниот ред.
,,Иако денес требаше да биде одржана првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборно законодавство на која требаше да се избере претседател, како и да се донесе предлог-деловник за утврдување на методологијата и динамиката на работење, сепак тоа не се случи поради одредени јазични бариери. Од дел од присутните претставници на политичките партии беше побарано материјалите да бидат преведени за полесно да можат да се разберат’’, рече Филков.
Филков се надева дека следната недела членовите ќе се усогласат за термин , ќе се избере претседател на работната група и ќе се отпочне со работа каде што сите ќе имаат можност да ги дадат своите предлози и сугестии за реформите во изборното законодавство.
Македонија
Сиљановска-Давкова-Грлиќ Радман: потврдена подготвеноста на Хрватска да придонесе кон забрзување на македонскиот евроинтеграциски процес
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Гордан Грлиќ Радман, министер за надворешни и европски работи на Република Хрватска, кој престојува во официјална посета на земјава.
Обајцата го потврдија цврстото македонско-хрватско пријателство коешто двете земји го негуваат повеќе од 3 децении, втемелено на взаемна почит и разбирање и реализирано низ политички дијалог и конструктивна соработка.
Претседателката искажа искрена благодарност за хрватското отворено и континуирано разбирање и поддршка на македонската интеграција, како и на принципиелниот став на Хрватска дека проширувањето на Унијата со Западен Балкан треба да се темели на реални заслуги, без билатерализација и вето.
Министерот Радман ја потврди подготвеноста на неговата држава да придонесе кон забрзување на македонскиот евроинтеграциски процес во рамките на Копенхашките критериуми, потенцирајќи дека македонската држава доби статус на кандидат за членство во ЕУ во март 2005 година, односно неколку месеци пред Хрватска.
Соговорниците очекуваат дека партнерството дополнително ќе се зајакне со Договорот за стратешка соработка со Владата на Република Хрватска, како и со претстојната официјална посета на Претседателката Сиљановска-Давкова на пријателска Хрватска, кон крајот на март.
Македонија
Уапсен тетовец: осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции
Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи во координација со полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.Р.(18) од село Палатица.
Тој се сомничи дека во повеќе наврати испраќал електронски пораки на повеќе образовни институции во Тетово дека во институциите има поставено експлозивни направи.
Полицијата соопшти дека по преземени мерки и извршени проверки е констатирано дека сите дојави за поставени бомби биле лажни.
Денеска, со сдуска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом во селото, при што биле одземени повеќе електронски уреди.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случаите, во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

