Свет
SIPRI: Трговијата со оружје на највисоко ниво од Студената војна

Трговијата со оружје во светот пораснала во изминатите пет години на највисокото ниво од Студената војна и притоа повторно водечки извозници се САД и Русија, поттикната од побарувачката на Блискиот исток и во Азија, покажува истражувањето на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (SIPRI) објавеново понеделникот.
Во периодот од 2012 до 2016 година, покажува истражувањето, најголеми извозници на оружје биле САД, Русија, Кина, Франција и Германија, на кои отпаѓа 74 отсто од вкупниот обем на продажба на оружје, а од тоа на САД и Русија отпаѓаат заедно 56 отсто. САД и Франција се водечки снабдувачи со оружје на Блискиот исток, додека Русија и Кина за азиските земји.
САД поединечни и натаму се водечкиот извозник на оружје со 33 отсто од глобалниот обем, што е за 3 отсто повеќе од претходниот петгодишен период. Русија е втора со 23 проценти, со што нејзиниот идел на пазарот е намален за еден процентен поен во однос на периодот 2007/2011 година.
Третото место на оваа листа го држи Кина со 6,2 отсто од светскиот удел, а четврта е Франција со 6 отсто, со што ја надмина Германија чиј удел изнесувал 5,6 отсто. Подемот на Франција на оваа листа се должи на договорот со Египет за испораката на виени бродови и борбени авиони.
Според овој извештај, податоците од 2004 година за обемот на продажба во светот постојано се во пораст и во периодот 2012/2016 година се зголемиле споредено со периодот 2007//2011 година за дополнителни 8,4 отсто. Притоа, последните пет години е забележана најголемата стапка на продажба на оружје од крајот на Студената војна.
Авторите на извештајот истакнуваат дека растот на испораките на воена опрема во Азија, Океанија, Блискиот исток и извесни намалувања во Европа, двете Америки и Африка. Испораките во Азија и Океанија се зголемени од 7,7, отсто во 2007/2011 и ви 2012/2016 годна изнесувале 43 отсто од светскиот извоз. Но со тоа нејзиниот удел сепак е намален за еден процентен поен во однос на претходниот петгодишен период.
Глобалниот увози и извоз на оружјето достигнал изминатите пет години највисоко ниво од 1950 година, истакнуваат експертите во извештајот SIPRI. „Трансферот на големото оружје во периодот од 2012 до 2016 година го достигна најголемиот обем кога станува збор за петгодишен период, од крајот на Студената војна“, пишува во извештајот на стокхолмскиот институт.
Уделот на земјите од Блискиот исток и сунитските монархии од регионот на Персискиот залив во глобалниот увоз на оружје скокнал од 17 на 29 отсто.
„Во изминатите пет години повеќето земји од Блискиот исток главно се свртија кон САД и Европа во забрзаното набавување на развиените воени капацитети. И покрај ниските цени на нафтата земјите во овој регион и натаму нарачувале повеќе оружје во 2016 година, сметајќи го за клучна алатка за решавање на судирите и тензиите во регионот“, истакнува Пјетер Веземан од Програмата за потрошувачка на оружје и војска во извештајот на SIPRI.
Уделот на Европа во глобалниот увоз на оружје во текот на изминатите пет години, пак, е намален за 7 отсто, во однос на претходната петолетка и изнесувал 11 проценти. Обемот на европскиот глобален увоз на оружје потонал за 36 отсто, при што во SIPRI најавуваат негов раст следните години, поради започнувањето на испораките на новите воени авиони во изминатите пет години.
На листата земји увозници на оружје првото место го зазема Индија, која за разлика од Кина, сé уште самата не произведува оружје. На второто место е Саудиска Арабија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.
Свет
Во Сирија се случува масакр, над 1.000 лица се убиени за 48 часа

Повеќе од 1.000 луѓе, меѓу кои 745 цивили, се убиени во дводневните судири меѓу сириските безбедносни сили и борците лојални на соборениот режим на Башар ал Асад, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.
Според оваа британска организација, во борбите загинале 125 припадници на безбедносните сили и 148 лица лојални на Асад, додека различни проценки укажуваат дека бројот на жртвите може да биде поголем.
Се споменува дека во петокот и саботата биле извршени околу 30 масакри врз алавитите, верската малцинска заедница од која потекнува Асад.
Судирите избија во четвртокот кога борците лојални на соборениот режим на Асад ги нападнаа безбедносните сили во Џаблех, град во крајбрежната провинција Латакија.
Оваа широко координирана офанзива беше најголемиот предизвик за новите сириски власти, кои дојдоа на власт пред три месеци кога опозицијата, предводена од исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам, го собори Асад.
За да го задуши бунтот, сириската влада повика засилување, предизвикувајќи илјадници борци да пристигнат на брегот од сите делови на земјата. Иако официјално е под контрола на новата влада, многу милиции останаа недисциплинирани и обвинети за злосторства во минатото.
Сириската влада призна дека се случиле масовни убиства, но тврди дека „индивидуалните акции“ предизвикале смрт на цивили и дека доаѓањето на голем број борци во крајбрежниот регион довело до кршење на човековите права.
Според Сириската мрежа за човекови права, повеќе од 40 луѓе биле убиени одеднаш во градот Ал Мухтарија, додека на снимката се гледа како борци во безбедносни униформи убиваат луѓе од непосредна близина, принудувајќи ги затворениците да лаат како кучиња и брутално да ги тепаат. Автентичноста на снимката не е независно потврдена.
Латакија, регион со големо население алавити, сектата од која дојде соборениот претседател Асад, стана сцена на убиства од одмазда. Иако повеќето алавити не беа поврзани со режимот на Асад, новата влада вети дека нема да има репресалии против оваа малцинска заедница.
Но, убиствата на стотици алавити во последните денови предизвикаа бран страв меѓу членовите на религиозната група. Жител на градот Снобар во Латакија опиша како вооружени напаѓачи убиле најмалку 14 негови соседи од семејството Арис, меѓу кои и 75-годишен татко и неговите три сина, егзекутирани пред очите на нивната мајка.
„Откако ги убиле таткото и синовите, ѝ рекле на мајката да го извади златото или ќе ја убијат и неа“, рекол мажот кој побарал анонимност од безбедносни причини.
Друг жител на Латакија рече дека нема струја и вода повеќе од 24 часа и дека луѓето се плашат да ги напуштат своите домови поради милитантите кои ги убиваат сите на патот.
„Тела се расфрлани по улиците. Ова е колективна казна“, вели тој.
Претставникот на ОН за Сирија Геир Педерсен повика на заштита на цивилите, додека Франција го осуди насилството врз цивилите „поради нивната религија“.
Француското Министерство за надворешни работи ги повика сириските власти да обезбедат независна истрага за масакрите и да ги казнат одговорните.
Групите за човекови права предупредија дека вистинската посветеност на транзициската правда и инклузивната влада е клучна за да се спречи Сирија да се врати во насилство.
Новата сириска влада се очекува овој месец да го објави составот на новиот кабинет, кој ќе биде внимателно проверен за да се утврди дали ја одразува верската и етничката разновидност на земјата, особено по овој бран насилство.
Сирискиот лидер Ахмед ал-Шара повика на мир и национално единство по повеќедневните судири меѓу безбедносните сили и лојалистите на поранешната влада во кои загинаа повеќе од 1.000 луѓе, повеќето од нив цивили.
„Мораме да го зачуваме националното единство и граѓанскиот мир колку што е можно повеќе и, ако даде Бог, ќе можеме да живееме заедно во оваа земја“, рече Шара во говор одржан од џамија во Дамаск.
Свет
(Видео) Хаос во Цирих, полицијата користеше гумени кушруми и созавец врз демонстрантите
Оваа сабота, на Меѓународниот ден на жената, 8-ми март, во Цирих беше најавена неовластена демонстрација на левичарските екстремисти за правата на жените, која се одржа и на крајот настана целосен хаос!
Расположението на собирниот плоштад првично беше мирно, но полицијата постави блокади на патиштата. Полицијата беше вооружена со штитови и пушки и најави дека ова е неовластена демонстрација која ќе ја толерира се додека е мирна.
Сепак, набрзо избувна хаос. Полицијата употреби солзавец против демонстрантите и ги турна назад со палки, а некои од демонстрантите мораа да побараат лекарска помош.
Zürich: Nicht bewilligte #Demonstration zum #Weltfrauentag. Die Polizei setzt Reizgas und Schlagstöcke ein. Zur #Demo gegen «Vereinzelung, Krieg und Patriarchat» aufgerufen haben linksradikale Gruppierungen. #Frauentag #InternationalWomensDay #IWD2025 #WomansDay #WorldWomensDay pic.twitter.com/PBtVf5HDKR
— LIVE1 (@LIVE1TV) March 8, 2025
Еден демонстрант претрпел оштетување на слухот.
За време на демонстрациите во Цирих имаше и материјална штета, при што некои згради беа обоени во црвено и фрлани јајца.
Според еден од присутните, полицијата го започнала насилството: „Полицијата едноставно ги нападна демонстрантите со гумени куршуми, палки и пепер спреј“.
Еден полицаец паднал на земја, но не е повреден.