Македонија
БЕСА инсистира на заедничка тркалезна маса на албанските парламентарни партии
Од Движењето БЕСА, сметаат дека непримерно е да се свикуваат средби на албанските парламентарни политички партии, како што тоа изминативе денови го направи лидерот на ДУИ, Али Ахмети, па се сретна со претставници на Алијансата на Албанците, каде не присуствуваа претставници на БЕСА, а тој потег го толкуваат како политички обид да придобијат во пресрет на локалните избори.
„Притоа, ја изразуваме нашата згрозеност за фактот дека претседателот на ДУИ и еден нивен пратеник, во нивните јавни настапи, на инфантилен начин изјавија дека Декларацијата е изготвена во Скопје, па дури и дека самите ја изготвиле. Ова не само што не е вистина, истотака е навреда за олеснувачите за постигнување на таа Декларација, како и за неговите подржувачи“, велат од БЕСА.
Сметаат дека „тие кои беа главни виновници што на БЕСА и се одземаа два пратеника за да и се дадат на ВМРО, немаат веќе легитимитет да ги застапуваат Албанците, ниту се достојни да свикаат средба на албанските политички партии во Македонија. Нивниот лидер може да биде поглавар на некоја партија или алијанса, но за нас тој е главниот виновник за актуелната состојба на Албанците во Македонија“, велат од БЕСА.
Ваквите иницијативи, кои наводно ги имаат за цел албанските интереси, за БЕСА се со лоши намери и за цел ја имаат само рехабилитацијата на оние кои 15 години екстремно го уништија интересот на Албанците во Македонија.
„Затоа, се додека нема иницијатива за свикување на тркалезна маса според тоа што сме се договориле, тоа значи дека нема воопшто да се организира. Состаноците кои се одржуваат во име на Декларацијата, повеќе личат на разговори за коалиција на ДУИ –Алијанса отколку на масата договорено со Декларацијата“, велат од БЕСА./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир, Бутел и Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот корисниците од дел од улицата Бајрам Шабани и дел од улицата Чаирска, општина Чаир;
· во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од објектите околу Фитофарм-Визбегово, општина Бутел;
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот корисниците позади бензинската ОКТА во Шуто Оризари, општина Шуто Оризари.
Македонија
Делови од Карпош и Шуто Оризари денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Демирхисарска бр 13 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демирхисарска, од 17:30 часот до завршување на дефектот, општина Шуто Оризари.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Софиска 7, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Бриселска, Петар Драганов, Његошева, Копенхагенска и Стокхломска, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото постудено и магливо, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото постудено со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.
Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а дневната температура ќе биде во пораст, особено во деновите од викендот. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла.

