Контакт

Македонија

Протести против ЕВН во Дебар, се бара комуникација на албански јазик на шалтер

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Пред седиштето на ЕВН во Дебар во понеделникот се одржаа протести во организација на невладината организација „Еден долар за Дебар’, на кои е побарано од ЕВН во рок од десет дена да ги земе предвид барањата што се изнесени на овој протест.

Во барањата кои се доставени до ЕВН и другите надлежни институции во земјава, покрај другото се – отстранување од сметките 33 отсто, потоа да нема наплата за потрошувачите при давање на приклучок до мерилото за електрична енергија, издавање бесплатно мерачи за електрична енергија, почитување на законот за исплата на заостанатите долгови, намалување на цената на електричната енергија во согласност со стандардите во Македонија, новите трафостаници да се градаат со средства на ЕВН, а не да ги плаќаат граѓаните, решавање на проблемите со социјално загрозените потрошувачи, редовно да има стабилна електрична енергија за да нема штети врз електричните апарати, да нема паушални сметки и вработените во ЕВН да имаат обврска да ги информираат потрошувачите за нивото на потрошена електрична енергија.

Исто така на протестот е побарано албанскиот јазик да има приоритет во комуникацијата со потрошувачите во Дебар, вработените на шалтерот на ЕВН во Дебар добро да го познаваат албанскиот јазик, да има повеќе вработени во шалтерот за да нема редици на чекање, како и други барања поврзани со работата на ЕВН.

На мирниот протест, одредени граѓани побараа покрај за ЕВН да се протестира и против Хидроицетралата „Шпилје“ и ЕЛЕМ поради тоа што, како што беше речено таму, не се вработуваат дебарчани туку други и покрај тоа што Дебарското езеро ги покри со акумулацијата најбогатите дебарски полиња./крај/мф/мн

Македонија

Општина Илинден: Потпишан меморандум за соработка со цел обезбедување на логопедски и дефектолошки услуги

Објавено пред

Општина Илинден потпиша меморандум за соработка со Здружението за обезбедување на третман, застапување и унапредување на правата на лицата со попреченост „МЕГАЛОГОМЕД ГЛАС – Скопје“. Со потпишувањето на овој меморандум ќе се овозможи воспоставување нова социјална услуга во заедницата, која ќе опфати индивидуални логопедски и дефектолошки третмани за деца со развојни потешкотии и деца со попреченост.

dobivaj vesti na viber

Оваа услуга ќе биде насочена кон рано препознавање на развојни нарушувања, навремена интервенција и континуирано следење на децата со атипичен развој. Во рамки на активностите ќе биде обезбедена и социјална интервенција, заштита на интересите на лицата со попреченост и нивните семејства, како и едукација и поддршка за родителите во делот на логопедската и дефектолошката работа, велат од општината.

Како што истакна градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, воспоставувањето на оваа социјална услуга претставува значајна придобивка за локалната заедница, особено за ранливите категории граѓани. Тој додаде дека обезбедувањето на стручна поддршка на територија на општината ќе овозможи поголема достапност, намалување на финансиските трошоци и олеснување на секојдневните обврски на семејствата.

Услугата ќе биде бесплатна за лицата кои ќе добијат соодветна препорака од Центарот за социјална работа на Град Скопје, а корисници ќе можат да бидат лица со валидна документација согласно Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ). Со цел добивање на оваа услуга, граѓаните во наредниот период ќе можат да се обратат во здружението „МЕГАЛОГОМЕД ГЛАС – Скопје“.

„Со оваа иницијатива, Општина Илинден уште еднаш ја потврдува својата заложба за унапредување на квалитетот на живот и обезбедување достапни и квалитетни услуги за сите граѓани на локално ниво“.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Петрушевски: Заев и Филипче нека бидат еднаш искрени, нека кажат како се поврзани со бизнисот со марихуана

Објавено пред

Од

Заев и Филипче нека бидат еднаш искрени, нека кажат како се поврзани со бизнисот со марихуана и со последниот случај, јавното обвинителство мора да ја испита нивната поврзаност, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„И во случајот со околу 40 тони запленета марихуана вплеткани се Зоран Заев и секако неговиот другар, Венко Филипче. Вклученоста си ја потврди сам Заев, се јави бранејќи се, наместо да им се извини на граѓаните за сиот криминал што го има направено. На Заев веќе никој не му верува, ама со жалопојќите на Фејсбук, тој самиот покажа дека е погоден и фатен жив на дело“, рече тој.

Според Петрушевски, нешто што е јасно во јавноста е несомнениот факт дека неговата влада се прослави со актуелизирање на бизнисот со марихуана, продаден како грижа за здравјето на граѓаните или канабис за медицински цели.

„Како и да е, факт е и дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве е на фирма во сопственост на луѓе на Заев. Станува збор за фирма на лице кое било претседател на општинскиот одбор на СДС во Ново село. Тоа е Тони Котев познат како М’гчев кој пак бизнисите ги тера со Вице Заев. Секако основоположникот на бизнисот со марихуана владата на СДС предводена од Заев кога министер за здравство беше Филипче, креирала правила по своја мерка и доделувала бизниси по своја мерка, или на свои луѓе. Сега следи целосно расчистување на криминалот во оваа област. Секој еден кој се занимава со одгледување, до производство на готови производи од марихуана ќе биде проверен. А за поврзаноста на Заев и Филипче еве за почеток тие лично нека дадат одговори на јавноста. Каде се се јавувал Заев при запленета на петте тони дрога во Србија, зошто набрзина Филипче се упатил кон југ“, рече тоој.

Петрушевски вели дека случајот ќе биде комплетен само ако јавното обвинителство ги истражи сите аспекти, меѓу кои и, како што кажа, поврзаноста на Заев и Филипче.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Манасиевски: Милион евра од државата за само 2 месеци потрошило СЈО, Заев и Шекеринска специјални гости кај Катица Јанева, СЈО функционирало како штаб на СДС

Објавено пред

Сведоштвата на поранешната обвинителка во СЈО, Лејла Кадриу, ги потврдува сомнежите и тезите на ВМРО-ДПМНЕ кој уште пред приближно 10-тина години, говореше за партизација на СЈО предводено од Катица Јанева, од страна на СДС, Зоран Заев и неговите пајташи, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Згаснатото СЈО, кое сите паметиме како заврши, со пресуда за предводничката на СЈО Катица Јанева од 7 години за земање мито. За жал, СЈО било користено за исполнување на желбите и интересите на СДС и Зоран Заев, кои во тие моменти не бираа начин како да дојдат на власт.

Најчести гости според сведоштвата на Лејла Кадриу, во СЈО на Катица Јанева биле токму Зоран Заев и Радмила Шекеринска, како и советници на Оливер Спасовски. Тие ги носеле прислушуваните разговори, односно таканаречените бомби, во форма на кривична пријава, но како што вели госпоѓа Кадриу, напишани на ливче. Истиве овие ливчиња ги преземале помошниците на Катица Јанева, Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски противзаконски, бидејќи не направиле никаков записник. За да биде јасно на граѓаните, секој можел да земе, донесе или додаде нов документ во секое време. Дополнително, истите овие специјални гости, се обидувале и успевале во обидите да укажат на обвинителите кое лице да биде гонето, а кое да биде изземено од одреден случај. Или во превод, што би рекле и поранешната обвинителка од СЈО, Лејла Кадриу, СЈО било претворено во штаб на СДС“.

Како што истакна, Ристоска и Бубевски, според сведоштвата биле главни и тие биле оние кои го раководеле СЈО во позадина, додека токму Катица Јанева сакала само медиумски да се профилира, поради тоа што била само обичен медиокритет во СЈО.

Исто така, многу важно во работата на СЈО, според него, биле и финансиските средства. „Во 2015 година, односно поточно од 15.10.2015 година Буџетот бил проектиран да секоја година СЈО добива милион евра од државата, а Катица секако ја интересирале само парите, па овие 2,5 месеци до крајот на 2015-та година морале да ги потрошат како што вели Лејла Кадриу за да не ги земе државата назад. Дополнително обвинителите во СЈО, земале по 4.000 евра месечна плата, а срамно и безобразно било тоа што трошеле плус 2.000 евра месечно за кафе, бадеми и лешници“.

Во овој дел, посочува тој, обвинителството треба да го истражи и провери овој случај, каде отишле овие пари за само 2,5 месеци и кој се земал бонуси, додатоци, и колку чинела киријата за местата каде што престојуваше СЈО.

„СЈО со Катица Јанева работело по насока на СДС, Заев и неговите партнери како Венко Филипче, Оливер Спасовски и Радмила Шекеринска. Ним правдата не им била цел, туку профитот, политичкиот прогон и контролата врз државните институции, како и правосудството во Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ става крај на ваквата пракса на партизација на судиите и обвинителите. Утре продолжуваме со споделување на нови сведоштва за работата на одредени обвинители и СЈО како целина“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

За една недела, 4.991 прекршок преку системот „Безбеден град“, најмногу за брзо возење

Во периодот од 02.02.2026 до 08.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се...

Топ1 час

Кривична пријава за сопственик на фирма од Охрид по смртта на негов вработен, не му обезбедил соодветна обука

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(43) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи...

Македонија1 час

ОЈО ГОКК: Се разменуваат информации со српското обвинителство за да се утврди евентуална поврзаност на двата случаи и потеклото на марихуаната

Во рамките на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која до сега се запленети над 40 тони...

Македонија2 часа

Министри и градоначалници на средби со високи претставници на УНЕСКО во Париз, ќе се разговара за статусот на Охрид

Делегација на Владата во состав: заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна...

Македонија3 часа

Утре ССМ ќе го блокира Собранието: Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 за работниците е срамно

Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) денес испрати уште еден повик до работниците утре во 9 часот да излезат на...

Македонија4 часа

„Немирната совест го натера Заев на панични реакции“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во...

Свет4 часа

Врските на Епстин со Силиконската долина биле многу повеќе од комуникација само со Гејтс и Маск

Најновото објавување на милиони документи од Министерството за правда на САД поврзани со осудениот педофил Џефри Епстин фрли нова светлина...

Европа6 часа

Празната украинска амбасада во Москва казнета поради неплаќање струја

Московскиот суд ѝ наложи на украинската амбасада во Русија, која е затворена од почетокот на руската инвазија во февруари 2022...

Европа6 часа

(Видео) Моќен напад со дронови врз Одеса: погодена зграда, едно лице загина

Руските сили извршија серија напади со ракети и беспилотни летала врз неколку украински градови во текот на ноќта. Во Одеса,...

Европа6 часа

Зеленски: Русија секојдневно ја напаѓа нашата железничка инфраструктура

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија речиси секојдневно ја напаѓа железничката инфраструктура на Украина, но дека Киев сè уште...

Македонија7 часа

Почувствуван земјотрес во Тетово и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23...

Македонија20 часа

Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани тоалети – синдикатот алармира по појавата на шуга во велешката касарна

Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“...

Македонија21 час

Српската полиција се огласи по киднапирањето на Даниел Кајмакоски: Се трага по двајца осомничени

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека полицијата трага по две лица осомничени за киднапирање на македонскиот пејач Даниел...

Македонија24 часа

(Видео) Договорено покачување на платите за околу 11.000 административци до 2028 година

Околу 11.000 вработени во јавната администрација, судовите и обвинителствата ќе добијат покачување на платите од речиси 40 отсто до 2028...

Македонија1 ден

Кајмакоски е дома; Рашиќ: „Смирено и храбро се соочил со киднаперите, но му треба мир“

Mиланка Рашиќ, која е задолжена за односи со јавноста за Даниел Кајмакоски, соопшти дека разговарала со него по ноќта помината...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ реагира: Заев се јави во одбрана на својот криминал, тој е таткото на бизнисот со канабис

Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СДС од сенка, Зоран Заев се јави во одбрана...

Македонија1 ден

Заев се закани со тужба, тврди дека не е поврзан со конфискацијата на канабисот и облакодерите во Дубаи: „Шират лаги и клевети“

Поранешниот премиер Зоран Заев преку статус на Фејсбук порача дека по пет години молк, сега е подготвен да одговори со...

Култура1 ден

Почина Бред Арнолд – пејачот на американскиот бенд 3 Doors Down

Бред Арнолд, пејачот и основач на американскиот рок-бенд 3 Doors Down, најпознат по хитовите „Kryptonite“, „When I’m Gone“ и „Here...

Свет1 ден

Во Дубаи уапсен сторителот на обидот за атентат врз рускиот генерал Алексеев, ФСБ уапси и соучесник во Москва

Сторителот на обидот за атентат врз генерал-полковникот на руската воена разузнавачка служба, Владимир Алексеев, беше приведен во Дубаи и предаден...

Свет2 дена

(Видео) Протести против Зимските олимписки игри во Милано: демонстрантите фрлаа димни бомби и шишиња кон полицијата

Илјадници луѓе се собраа во Милано на протест против Зимските олимписки игри само еден ден по церемонијата на отворање во...