Контакт

Политика

Заев се подготвува за премиер

Објавено пред

Изборот на преодната владата, на новиот министер за внатрешни работи и за труд и социјална политика и тројцата заменици министри со право на вето, е само уште еден чекор по незапирливиот пат којшто ќе ги донесе демократските промени во Република Македонија, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по изборот на новите министри во Собранието.

dobivaj vesti na viber

Тој порача дека, нивната задача е да бидат контролори на целиот процес и да ја гарантираат слободната волја на граѓаните во Македонија. „На 24 април ќе ги вратиме уставните и економските вредности за кои што сите се залагаме, а граѓаните на Македонија заслужуваат да ги живеат. Затоа ова денеска претставува само еден исчекор кон трајната определба на секој демократ во нашата земја предводен од СДСМ и опозицијата“, рече Заев.Тој најави дека, доколку победи СДСМ на предвремените парламентарни избори во април, Заев нема повеќе да биде градоначалник на Струмица, туку премиер.„Премиерот е тој што треба да даде оставка 100 дена пред одржувањето на избoрите и треба да се формира нова влада, со нов премиер. После 24 април нема да  бидам градоначалник зошто ќе ја добијам честа да ја водам новата влада на Република Македонија“, рече ЗаевЗаев рече дека СДСМ ќе има политичка одговорност доколку има инциденти на изборите, согласно партиципацијата во Владата.„Сите сте сведоци дека во Македонија постојат закони, но во изминатите периоди за време на изборите тие не се практицираа во пракса. Влезени сме во оваа Влада за да ја гарантираме слободно изразената волја на граѓаните. Апсолутно согласно својата партиципација таква ќе биде и одговорноста за фер и демократски избори“, изјави Заев./крај/со/бб  

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

(Фото) Мицкоски и Ѓорѓиевски помагатели на овогодинешните најголеми Бадникови поворки

Голема е мојата чест, што заедно со Премиерот Христијан Мицкоски и нашите семејства сме помагатели на овогодинешните најголеми Бадникови Поворки!...

Скопје2 часа

Герасимовски: Бадник е празник што обединува и поттикнува солидарност

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски утрово присуствуваше на традиционалната прослава на Бадник во дворот на Соборниот храм „Свети Климент...

Скопје3 часа

(Фото) Градоначалникот на општина Илинден ги пречека бадниковите коледари

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, денеска ги пречека младите коледари кои со песна ја вознесоа веста за Христовото Раѓање....

Македонија3 часа

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката на СДК.МК

Здружението на новинари на Македонија најостро го осудува инцидентот во кој беше запалено возилото на новинарката на САКАМДАКАЖАМ.МК, Сузана Вренцовска,...

Топ4 часа

Му се заканувале за да изнудат пари, па му го запалиле возилото: 30-дневен притвор за двајца штипјани

СВР Штип поднесе кривична пријава против 38-годишниот К.А. и 20-годишниот М.М., двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за...

Македонија7 часа

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -6 степени, -5 било во Скопје-Петровец, -4 во Скопје-Зајчев Рид и...

Македонија8 часа

Денеска е Бадник, ден полн со традиции и радост пред Божиќ

Православните христијански верници во Македонија денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божиќ. Овој празник ја...

Македонија8 часа

„Двојазичните лиценци се противуставни и шверцерски усвоени – го поздравуваме потегот на Сиљановска“, велат од партијата Левица

Непотпишувањето на Указот за воведување на двојазични лиценци во градинките од страна на претседателката Сиљановска, Левица смета дека е во...

Европа9 часа

Експлозии кај нуклеарната централа Запорожје

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во неделата извести за силни експлозии во близина на украинската нуклеарна централа Запорожје, што...

Регион9 часа

Директорот на црногорската полиција: Обдукцијата на телото на убиецот е завршена

Лазар Шќепановиќ, директор на Црногорската полициска управа изјавил дека извештајот од обдукцијата на Ацо Мартиновиќ, кој уби 12 лица во...

Македонија9 часа

Почувствуван земјотрес во Скопје и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Македонија19 часа

СВР Тетово уведува дека состојбата со возилата кај Маврово вечерва е ставена под контрола

Попладнево се создаде голем метеж и колони од автомобили по локалниот пат околу Мавровското езеро, но надлежните информираат дека ситуацијата...

Македонија20 часа

Граѓани со часови останаа заглавени во колони, премрзнаа враќајќи се од Маврово, дел се со деца

Голем број граѓани кои беа на скијање во Маврово денеска останаа заглавени со часови во километарски колони возила на патот...

Топ1 ден

Осуденик од Тетово претепан од двајца затвореници во затворот „Идризово“

Осуденик од тетовското село Јеловјане бил физички нападнат од двајца осуденици од Скопје во затворот „Идризово“, информира Министерството за внатрешни...

Македонија1 ден

Град Скопје тврди дека презема засилени контроли за почист воздух и казни за прекршителите

Град Скопје тврди дека продолжува со засилени инспекциски надзори на терен 24 часа дневно, со цел да го намали загадувањето...

Европа1 ден

Зимата предизвика откажување на 120 летови до и од аеродромот во Франкфурт

Неповолните зимски услови предизвикаа откажување на 120 летови до и од аеродромот во Франкфурт, од вкупно 1.090 планирани, информира ДПА....

Македонија1 ден

Поради манифестации за Бадник дел од улиците во Скопје утре ќе бидат затворени

Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен утре на подрачјето на град Скопје каде по повод Христијанскиот празник Бадник  ќе се...

Македонија1 ден

Итно прогласување на кризна состојба поради отровно загадениот воздух во Скопје, бара Левица

Од партијата Левица изразуваат длабока загриженост за катастрофалната состојба со аерозагадувањето во Скопје, кој се наоѓа на врвот на светската...

Македонија1 ден

Утре се слави Бадник, ден полн со традиции и радост пред Божик

Православните христијански верници во Македонија утре го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик. Овој празник ја...

Македонија1 ден

Гостиварец силувал 13-годишно девојче кое го запознал на социјалните мрежи

За кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик...