Регион
Нападнати три пекарници на Албанци во Војводина
Три пекарници во сопственост на Албанци се уништени или оштетени ноќта кон четвртокот во Сомбор, Нови Сад и Стара Пазова, пренесуваат во четвртокот војводинските медиуми.
Три пекарници во сопственост на Албанци се уништени или оштетени ноќта кон четвртокот во Сомбор, Нови Сад и Стара Пазова, пренесуваат во четвртокот војводинските медиуми.
Непознати извршители во текот на изминатата ноќ ја запалиле реклама на пекарницата „Два брата“ во Сомбор, чиј сопственик е Албанец, јави Радио-телевизија војводина (РТВ), во чиј извештај се додава дека во пожарот подметнат околу два часот по полноќ изгорел целиот инвентар. Во Градската управа на Сомбор на новинарите им изјавиле дека најостро го осудуваат инцидентот и дека се во постојан контакт со сопственикот на пекарницата и претставниците на градската полициска управа. Пекарницата во Сомбор била и претходно пред една седмица цел на вандали кога бил скршен излогот, а телевизијата наведува и дека дури во неколку наврати во градот на жителите им бил делен бесплатен леб за да не купуваат од пекарницата чиј сопственик е Албанец.Во Стара Пазова, пак, рано утрото во четвртокот била фрлена бомба врз пекарницата „Милениум“, чиј сопственик е Албанецот Албон Балај. Претходно врз дуќанот било пукано од автомобил во движење, пренесуваат локалните медиуми и додаваат дека локалната полиција отворила истрага која е во тек.Пекарницата „Војвоѓанка“ во Нови Сад, чиј сопственик исто така е Албанец, била нападната со камења во средата доцна вечерта. Сопствениците потврдиле за порталот 021.rs дека дошла полициска патрола, но дека им било речено дека нема да покренат постапка бидејќи станува збор за минимална штета и дека можат самите да поднесат кривична пријава до обвинителството. Вработен во пекарницата, Љубомир Живковиќ изјави дека на сите им е јасно дека камењата биле фрлени поради тоа што сопственикот е Албанец, како и дека во изминатите 20 години колку што работела пекарницата немало никакви инциденти.Претседателот на Скупштината на Автономната покраина Војводина, Иштван Пастор најостро ги осудил овие напади врз пекарниците. „Инсистирам на тоа меродавните државни тела да посветат итно и целосно внимание на овој случај и во најбрз можен рок да ги утврдат сите околности и сторители на оваа загрижувачка појава“, истакнал Пастор. Нагласил дека инцидентите за коишто „основано се сомнева“ дека се поврзани со етнички мотивирана омраза, апсолутно се недозволиви и мораат решително да се спречат и уште порешително да бидат санкционирани.Покраинскиот народен правобранител во соопштение изразува стравување дека овие настани може да се доведат во поврзаноста со случувањата на квалификацискиот меч за пласман на Европското фудбалско првенство 2016-та меѓу Србија и Албанија. Натпреварот меѓу двете национални селекции одигран на стадионот во Белград на 14-ти октомври беше прекинат и откажан поради меѓунационален инцидент предизвикан со појавата над теренот на дрон со знамето на Голема Албанија што беше повод за инциденти меѓу играчите и навивачите./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

