Регион
Хоџај: Србија не сака во ЕУ, туку сака во руски стил да доминира со регионот

Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај изјавил дека Србија не сака да влезе во Европската унија (ЕУ), туку дека сака „во руски стил“ да доминира со југоистокот на Европа, предизвикувајќи постојани тензии со соседните држави, пренесува Hina.
„Србија во руски стил се обидува да создаде сфера на влијание во регионот, демонстрирајќи ја својата улога и сила во Босна и Херцеговина преку Република Српска, на Косово преку српското население на северот, во Црна Гора, дури и во Македонија и предизвикувајќи силни тензии со Хрватска“, рекол Хоџај за хрватската новинска агенција.
Хоџај оценил дека Србија не сака приближување кон ЕУ, бидејќи поради внатрешните превирања ни самата не е подготвена за тоа. Тој рекол дека не верува дека ќе има нова војна на Балканот, по крвавите судири од 1990-тите години кои завршија со интервенцијата на НАТО на Косово во 1999-та година.
„Не мислам дека би можел да избие широк судир или војна, но на дело е информациската војна која Белград ја води во руски стил“, рекол Хоџај. Како што пренесува Hina, Приштина истакнува дека нормализацијата на односите со Белград мора да резултира со признавање на Косово, кое е досега признаено од страна на 130 земји.
„Сите земји знаат, и Белград знае дека на крајот на тој процес Косово мора да биде признаено. Тоа е целта на дијалогот, а без тоа целиот дијалог е бескорисен“, рекол Хоџај, додавајќи дека „поради Русија и тероризмот, КФОР треба да остане на Косово подолго време“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Полјак се изгубил на 20 метри од автопат во Црна Гора: „Мислевме дека локацијата е грешка“

Службата за заштита и спасување на Котор интервенираше синоќа поради млад Полјак кој се изгубил на 20 метри од главниот пат.
„Во 19:10 часот, Службата за заштита и спасување беше известена од оперативно-комуникацискиот центар 112 дека едно лице, странски државјанин, бара помош, или дека е изгубено во подножјето на планината Врмац.
Локацијата што ја добивме ја сметавме за грешка, бидејќи стануваше збор за позиција на 20 метри од главниот пат. Да, добро прочитавте. Лицето беше изгубено на 20 метри од главниот пат. Со користење на дрон со термичко снимање и двајца пожарникари, лицето беше „спасено“. Овој пат, не беше потребен хеликоптер.
Што мислите, дали толерирањето на ова однесување на странците сè уште е оправдано? Мислиме дека одамна не е. А стануваше збор за младо машко лице (20 години) од полска националност“, рекоа пожарникарите од Котор.
фото: фејсбук
Регион
(Видео) Демонстрантите во Србија фрлаа јајца врз автобуси со поддржувачи на Вучиќ

Вчера во Чачак се случи инцидент кога граѓаните запреа автобуси со поддржувачи на Српската напредна партија (СНС) кои пристигнаа од други градови за да учествуваат во протест против блокадите и студентските демонстрации.
Iznos dnevnice za kurčenje po Čačku je porastao na soma evra. Ovi više ni na svadbu u Čačak neće doći. Garant. pic.twitter.com/EyRZJFHGOg
— Grof od Kačulica (@Grof_OdKaculica) September 7, 2025
Според извештајот на Н1, собраните граѓани на Чачак успеаја да ја сопрат колоната автобуси, по што ги гаѓаа со јајца.
Протести против блокадите се одржаа во Србија и минатата недела. Директорот на полицијата Драган Васиљевиќ изјави дека околу 126.000 луѓе учествувале на 111 собири. Паралелно се одржаа и контрасобири во неколку градови, од кои најголемите беа во Шабац, Ниш и Чачак.
фото: принтскрин
Регион
Над 126.000 луѓе присуствуваа на 111 собири против блокадите во Србија

Директорот на српската полиција Драган Васиљевиќ изјави дека на 111-те собири „Граѓани против блокади“, чие одржување го пријави Центарот за социјална стабилност, денеска имало вкупно 126.399 луѓе.
Тој рече дека сите собири поминале без инциденти, но дека во Шабац и Чачак имало ненајавени паралелни собири на луѓе кои се обиделе да го спречат одржувањето.
„На ненајавениот собир во Шабац, сообраќајот бил затворен, граѓаните (против блокади) биле запрени од група луѓе… Таму можело да се случат инциденти, јас лично разговарав (со организаторот на собирот) и ги замолив да ја променат рутата. Разговарав и со претседателот Александар Вучиќ. Морам да напоменам дека на регистрираниот собир биле над 4.200 луѓе, додека на ненајавениот собир имало околу 400, значи десетпати помалку. Организаторите го прифатија мојот предлог за промена на рутата, поради што им се заблагодарувам за разбирањето“, рече директорот на полицијата.