Црна хроника
Кривична и 30 дена притвор за убиецот на охриѓанката

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.К. (37) од Куманово, со привремен престој во Охрид поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ со последици смрт.
Пријавениот на 20.02.2017 година во 11.45 часот отишол во станот на неговата соседка С.Б. (66).
Откако влегол со метален предмет прачка ја удрил неколку пати во пределот на главата.
По ова извршил пребарување во станот одземајќи мобилен телефон и 3.200 денари, а откако забележал дека С.Б се уште е жива, од кујната зел нож и ѝ нанел убодни рани во пределот на вратот по што го напуштил станот.
Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен жител на Горно Оризари поради предизвикување пожар

Синоќа во велешкото село Горно Оризари полициски службеници го приведоа 46-годишниот Е.Л., откако со запалка запалил сува трева на отворен простор, по што настанал пожар.
Пожарот бил локализиран и изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а повредени лица нема. Лицето било приведено во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Отворена истрага: Уапсен 27 годишен скопјанец за детска порнографија

Секторот за компјутерски криминал при МВР до обвинителството поднесе кривична пријава против Ф.М.(27) од Скопје, за сторено кривично дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“.
„По добиена информација од полицијата во Германија за спроведена истрага во врска со сексуална злоупотреба на деца и поседување и дистрибуција на материјал со сексуална злоупотреба на деца, како и дека станува збор за профил на апликацијата “Telegram”, со телефонски број и ИП адреса од Р.С.Македонија, од страна на Секторот за компјутерски криминал при МВР беа преземени мерки и активности за прибирање на докази при што по утврдување на корисникот“, соопшти МВР.
Според информациите од Обвинителството, осомничениот, одреден период набавувал и поседувал фотографии и видео записи детска порнографија кои ги зачувал на својот мобилен телефон и таблет. Материјалите во форма на фотографии и видеа на кои биле прикажани очигледни полови дејствија со деца ги прибавувал од други лица преку различни интернет апликации, веб страници и форуми.
На 20 август бил извршен претрес во домот на Ф.М. (27) при што пронајдени и одземени се предмети за понатамошна постапка.
Ф.М. е лишен од слобода во Полициска станица Гази Баба.
Со цел негово обезбедување во текот на постапката, јавниот обвинител предложи да му бидат определени повеќе мерки на претпазливост, кои вклучуваат забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, одземање на патна исправа, повремено јавување во Судот, но и забрана да користи какви било интернет апликации на мобилни телефони и други уреди, како и забрана да одржува какви било контакти со лицата со кои преку интернет профили во странство разменувал детска порнографија.
Црна хроника
Младиот боксер Еди Насуфи загина во сообраќајна несреќа

Македонскиот боксерски репрезентативец, 19-годишниот Еди Насуфи загина во сообраќајна несреќа.
Насуфи беше редовен репрезентативец на Македонија во повеќе возрасни категории, а беше член на струшкиот клуб Синди.
Сочувство до семејството на починатиот млад боксер испрати и македонскиот фудбалски прволигаш Струга Трим Лум.