Македонија
Командант Малишева: Или ќе те убијат или ќе пукаш да се браниш
Мухамед Анди Красниќи или познат како командант Малишева, во четврток сведочеше пред судот за кумановските настани од мај 2015 година, при што рече дека пукал колку што можел за да се брани.
„Пукав колку што можев. Или ќе те убијат или ќе пукаш за да се одбраниш“, рече Красниќи, од Косово, кој беше сослушан како сведок на одбраната во случајот „Дива населба“.
И тој посведочи дека дошле во Македонија да помогнат да се имплементира Охридскиот рамковен договор и дека целиот настан во Куманово бил политички монтиран.
Красниќи сведочеше дека со уште дестина лица, меѓу кои и дел од обвинетите во судницата, нелегално ја преминале границата на 6 мај, 2015 година, три дена пред пукањето во Дива населба, а во селото Белановце ги вооружиле со „калашникови“ и им дале црни униформи. Во Куманово стигнале на 9 мај во 1 часот утрото и се сместиле во празна куќа, а утрото слушнале како еден од оние што чувале стража почнал да вика дека се опколени и дека ги напаѓаат.
Красниќи рече дека во престрелката тој бил ранет, тројца од неговата група биле убиени, а еден се самоубил.
Командант Малишева сведочеше дека Мирсад Ндрецај познат како „Командант НАТО“, еден од водачите на групата во Дива населба кој беше убиен во пукањето, телефонски се обидел да го добие лидерот на ДУИ, Али Ахмети, но тој не кренал слушалка, па овој му пратил СМС.
По неколку минути, според ова сведочење, Ахмети му се јавил на Мирсад Ндрецај кој му рекол да направи сè што може бидејќи е во Владата за да го прекине огнот, затоа што може да загинат многу цивили.
Красниќи рече дека можеби меѓу Ахмети и Ндрецај имало и други разговори, но дека тој го слушнал само овој.
Мухамед Анди Красниќи рече дека во 2001 година учествувал во конфликтот во Македонија, каде дошол како доброволец за да помогне за националното албанско прашање и да не дозволи власта да ја погазува албанската нација. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.
Македонија
Левица: Очекуваме власта утре да покаже доблест и да се појави на Анкетна комисија за Кочани
Во пресрет на утрешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, повторно апелираме до пратениците од владејачкото мнозинство и поканетите претставници од власта, да не измислуваат изговори и да се појават на седницата, велат од Левица.
„Повторуваме дека оваа седница е свикана по претставка на родителите на трагично загинатите деца од Кочани, а датумот е успгласен токму со нив, бидејќи единствено утре не е закажано судско рочиште за „Пулс”. Оттука, утре е единствен ден кога родителите би можеле конечно да се обратат од Собранието кон претставниците на институциите од кои зависат одговорноста и промената на системот“, велат од партијата.
Од Левица наведуваат дека три пати се обиделе да закажат седница за трагедијата во Кочани.
„Три пати беше блокирана со директна улога на спикерот Гаши и ДПМНЕ. Власта која не најде сила ниту за комеморативна седница во Собранието, сега нема никаков легитимен изговор да ја кочи расправата. Досегашните изјави на власта дека токму утре било предвидено да се започне расправата за Предлог-буџетот, наоѓајќи алиби за повторно избегнување на седницата, е несоодветен и невистинит. Буџетската расправа трае пет дена, што е повеќе од доволно за да се исцрпи целата дискусија, а рокот за донесување на Буџетот е најдоцна до 31 декември“, велат од Левица.
Од таму упатија апел утре да не се повтори уште еден институционален срам.
„Седницата мора да се одржи, без одлагања, празни изговори и политички калкулации. Родителите доаѓаат да го кажат она што државата со месеци одбива да го слушне. Од власта и државниот врв се очекува, најмалку, да се појават и да погледнат во очи луѓе кои бараат правда, одговорност и промена. Секое ново бегање и саботирање би било уште една навреда за семејствата, но и народот, како и уште еден чекор кон одржување на системот кој дозволува да се повторуваат трагедии“, се наведува во соопштението.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на ГП „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 15:00 часот е нормализиран во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

