Европа
Холандската тајна служба го суспендирала телохранителот на Видлерс уште во 2015-та
Холандската тајна служба во 2015 година суспендирала двајца агенти, од кои еден сега беше припадник на државното обезбедување на челникот на крајната десница Геерт Вилдерс во кампањата за мартовските парламентарни избори, соопштено е во петокот од министерството за правда.
Засега неименуван полициски службеник беше уапсен во средата поради нарушување на службените тајни, соопшти претходно холандската полиција. Тој е осомничен дека ѝ пренел информации за движењето н аГеерт Вилдерс на една мароканска група којашто полицијата ја третира како криминална група. Тој агент бил во тимот задолжен за обезбедување на јавните простори пред доаѓањето на политичарите или членови на кралското семејство.
Во петокот холандскиот министер за правда Стеф Блок изјави дека тие двајца агенти од 2015 година биле ставени во „неактивна служба“. Не сакал да ги потврди пишувањето на весникот De Telegraaf, според кој станува збор за двајца браќа осомничени дека се вмешани во случај на перење пари. Ниту весникот, ниту министерот не појаснија дали по суспендирањето тие биле отпуштени или кривично обвинети.
Геер Видлерс живее под постојано обезбедување, откако поранешниот челник на холандската крајна десница, Пим Фортујин (Вилхемус Симон Петрус Фортујин) на 6-ти мај 2002 година, на 54-годишна возраст, беше убиен во градот Хилверсјум во текот на кампањата за парламентарните избори. Две години подоцна контроверзниот режисер Тео ван Гог беше убиен од исламски екстремист.
Видлерс на Twitter објави дека за случајот од 2015 година првпат дознал во петокот утрото и оти е „крајно шокиран“.
Овој 53-годишен десничар, се истакнува со острите ставови против исламот. Во текот на официјалниот почетокот на кампањата минатата сабота во Спијкенисе, дел од етнички разноличната индустриска зона околу Ротердам, Видлерс порача дека „ќе го исчисти мароканското ѓубре од улиците“.
Геерт Вилдерс се надева дека на ваквата платформа ќе победи на парламентарните избори на 15-ти март. Оттаму, ветува забрана за доселувањето на муслиманите, затворање на сите џамии, забрана за продавање и подучување на Куранот и излегување на Холандија од Европската унија.
Според последните испитувања на јавното мнение пред парламентарните избори закажани за 15-ти март, партијата на Вилдерс има најмалку исти шанси за победа во однос на Либералната партија (VVD) на премиерот Руте.
Партијата на Вилдерс води во анкетите со 17 отсто. Но тоа е само незначително повеќе од поддршката за либералите на актуелниот премиер Марк Руте, чијшто рејтинг порасна токму копирајќи еден дел од неговата противдоселеничка реторика, и благодарејќи на економскиот раст.
Дури и доколку победи на изборите, тешко ќе биде Вилдерс да формирам влада, имајќи предвид дека повеќето големи партии не сакаат со него да коалицираат, сметајќи ги неговите политики за навредливи и дури неуставни. Имајќи ја предвид фрагментираноста на холандската политичка сцена, коалициска влада од четири или повеќе партии речиси е неизбежна./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украинските дронови уништија „неуништливи“ руски С-400
Украинските оператори на беспилотни летала уништија два руски ракетни системи С-400 Триумф заедно со нивната муниција во рускиот регион Белгород, потврди украинскиот Генералштаб. Нападот, кој се случи на 14 декември, го изврши 15-та одделна артилериска извидничка бригада, а целата операција беше снимена, објави „Евромајдан прес“.
Ваквите напади се дел од пошироката украинска стратегија за ослабување на руската воздушна одбрана, како на руска територија, така и на окупираните територии. Системот С-400 Триумф, модернизиран наследник на советскиот С-300, е клучна компонента на слоевитата мрежа за воздушна одбрана на Русија. Русија повремено го користи и за напад на копнени цели, насочувајќи се кон украински градови. Затоа, уништувањето на овие системи се смета за голем губиток за руските сили.
Според извештајот на порталот Militarnyi, лансирните системи С-400 биле уништени додека биле во движење. Објавените снимки прикажуваат руски возила за противвоздушна одбрана како се движат по земјен пат, веројатно за време на промена на борбената позиција.
Европа
Во борбена мисија загина екипажот на украински хеликоптер Ми-24
Екипажот на хеликоптер Ми-24 од 12-та посебна воена авијациска бригада „Генерал корнет Виктор Павленко“ загина за време на борбена мисија, објави бригадата на социјалните мрежи, како што пренесе Правда.
„Екипажот на хеликоптерот Ми-24 загина при извршување на борбена мисија. Ова е непоправлива загуба за авијацијата, за државата и за семејствата кои ги чекаа своите најблиски дома“, се вели во соопштението.
Околностите под кои загина екипажот не се откриени.
12-та посебна воена авијациска бригада „Генерал корнет Виктор Павленко“ е единица на украинската воена авијација која се наоѓа во градот Нови Калинив, регионот Лавов. Таа е директно подредена на Командата на копнените сили на вооружените сили на Украина.
Европа
Орбан: Ароганцијата на Брисел е на врвот
Унгарскиот премиер Виктор Орбан остро ги коментираше најновите случувања во Брисел, опишувајќи ги со зборовите: „Ароганцијата на Брисел е на врвот“. Во објава на социјалните мрежи, Орбан го критикуваше ставот на Европската Унија кон пристапувањето на Србија, а воедно рече дека Унгарија нема да учествува во финансирањето на Украина и е подготвена да остане во Брисел „колку што е потребно“ за да ја брани својата позиција, објави hirado.hu.
Критики за ставот кон Србија
Орбан се осврна на самитот ЕУ-Западен Балкан одржан во среда, кој, како што рече, бил подготвен на таков начин што српскиот претседател дури и не дошол. Според него, ова не е изненадувачки бидејќи Србија, која е кандидат за членство од 2012 година, е „заглавена со години“ без конкретен напредок во пристапувањето, со изговори за проблеми со владеењето на правото. Унгарскиот премиер направи паралела со Украина, каде што претставниците на Брисел, како што забележа, не нашле слични пречки.
„Претседателот Вучиќ постапи правилно што не учествуваше во оваа претстава. И е срам за Унијата и бриселските бирократи кои го свикаа самитот што значаен дел од земјите-членки дури и не дојдоа во Брисел вчера“, рече Орбан.
„Нема да учествуваме во финансирањето на војната“
Коментирајќи ги денешните настани, тој нагласи дека ароганцијата продолжува. „Бирократите се колнат дека не можеме да си одиме дома додека не се реши финансирањето на Украина. Тоа е, финансирањето на војната“, напиша Орбан, цврсто наведувајќи дека Унгарија нема да учествува во ова.
„Ќе бидеме тука колку што е потребно. Неколку непроспиени ноќи не се крај на светот. Тоа е сигурно подобро од војна“, заклучи унгарскиот премиер.

