Европа
Незначителна предност на конзервативците на Меркел пред социјалдемократите на Шулц

Конзервативците на германската канцеларка Ангела Меркел, имаат незначително водство пред социјалдемократите предвидени од нејзиниот конкурент за позицијата канцелар Мартин Шулц, чијшто рејтинг последните четири седмици направи огромен скок и ги надомести речиси 12-те процентни поени заостанување.
Според анкетата на институтот Ipsos, унијата на конзервативците од Христијанско-демократска унија (CDU) и баварската Христијанско-социјална унија (CSU) имаат поддршка од 32 од испитаниците, додека Социјалдемократската партија (SPD) има поддршка од 30 отсто.
И претходните анкети, во кои SPD дури и минала во водство, укажаа на забележителниот раст на популарноста на социјалдемократите, особено откако како директен противкандидат на Ангела Меркел која трга по четвртот мандат, за канцелар го истакнаа поранешниот претседател на Европскиот парламент, Мартин Шулц.
На третото место, како и во сите досегашни анкети е релативно новата партија на германската политичка сцена, евроскептичната и антидоселеничка Алтернатива за Германија (AfD), со 12 отсто, и има сигурни шанси првпат да добие мандати во сојузниот парламент, откако изминатата година ѝ појде од рака првпат да добие места во парламентите на неколку сојузни покраини.
Крајно левата партија Левица (Linke) достигна популарност од 10 отсто, а Зелените 7 проценти, додека Слободните демократи (FDP) имаат 5 процентна поддршка.
Анкетата на Ispos е спроведена од 17-ти до 20-ти февруари врз примерок од 1.054 испитаници./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски: Подготвени сме да купиме 10 системи „Патриот“, само треба да најдеме средства

Украина работи на обезбедување испорака на десет системи за воздушна одбрана „Патриот“, а исто така е важно системите веднаш да пристигнат со ракетите, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, како што објави УНН.
„Имаме барање за десет системи. Ова го кажав јавно. Моментно работиме со партнери за да ги обезбедиме овие десет. Исто така, работиме на прашањето за ракетите, ги имаме“, рече Зеленски.
Украинскиот претседател додаде и дека САД ќе ѝ продадат системи „Патриот“ на Украина. Украина мора да најде средства за сите десет системи.
„Трамп, претседателот на САД, ќе ни ги пренесе системите, ќе ни ги продаде. Наша задача е да најдеме пари за сите десет системи. Би сакале веднаш да имаме пакет ракети за секој систем“, истакна претседателот.
Тој исто така истакна дека Германија моментно ја потврдила испораката на два система „Патриот“, а Норвешка – еден.
„Официјално добив потврда од Германија за два система, од Норвешка – еден. Сега работиме со холандски партнери“, додаде Зеленски.
Фото: принтскрин
Европа
(Видео) Макрон тужи американска конзервативка, која тврди дека Брижит е маж

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит поднесоа тужба против Американката Кандис Овенс поради тврдење дека првата дама на Франција е, всушност, маж.
Тужбата е поднесена во американската држава Делавер и содржи 22 точки од обвинението, а двојката бара парична отштета за клевета и отштета.
Кандис е конзервативна авторка, водителка, политички коментатор и активистка. Таа е позната по својата активна поддршка на Трамп за време на неговиот последен мандат. Сепак, неодамна јавно се дистанцира од него. Таа постојано изјавуваше дека тој ја разочарал и дека сега „се срами што некогаш го поддржувала“. Таа ги критикува неговите политички потези и го обвини дека ги предаде принципите што тој вети дека ќе ги брани.
Според адвокатот на Макрон, Том Клер, францускиот претседател и неговата сопруга повеќе од една година безуспешно се обидуваат да ја спречат Овенс, која шири теории на заговор за Брижит на социјалните медиуми и на „Јутјуб“.
Во март оваа година Овенс објави видео со наслов „Дали првата дама на Франција е маж?“, кое беше масовно споделувано на платформата „Икс“. Во него таа тврдеше дека тоа е „најголемиот политички скандал во историјата“.
Потоа таа продолжила да објавува содржини за Брижит вклучувајќи серија видеа наречени „Станувајќи Брижит“. Таа исто така продавала маички со слогани што ја промовираат теоријата, според тужбата. Емануел и Брижит тврдат дека Овенс била повеќе пати замолувана да престане да ги изнесува овие тврдења и ѝ дале докази дека Брижит е родена како жена по име Брижит Троње, дека не е во роднинска врска со Емануел Макрон и дека тие не се под никакво влијание, како што инсинуира Овенс.
„Ова не е само политички удар. Ова е лично. И двајцата се човечки суштества, имаат брак, семејства и чувства. И ова ги засега“, изјави адвокатот Клер за Си-ен-ен.
Во тужбата се тврди дека Макрон и неговата сопруга претрпеле сериозни штети – нивната приватност, углед и деловните можности биле нарушени. „Секојпат кога ќе ја напуштат куќата, тие знаат дека многу луѓе веруваат во овие лаги. Тоа е понижувачки, инвазивно и, едноставно, неправедно“, се вели во документот.
Овенс сè уште продолжува
Кога дознала за тужбата, Овенс се појавила на „Јутјуб“. Таа објавила видео, во кое, меѓу другото, рекла дека е подготвена да ја добие оваа војна. „Мажот Брижит очигледно има многу храброст“, рекла таа.
Таа исто така објави фотографија од двојката Макрон на „Инстаграм“ со порака: „Денес ќе ја земам оваа перика. Останете со мене“. Подоцна, на „Јутјуб“ изјави дека тужбата е „очаен обид да се спаси нејзиниот имиџ“.
Брижит Макрон се соочила со слични обвинувања и претходно – во 2022 година таа тужеше две жени во Франција, кои ширеа слични дезинформации. Првично ја доби пресудата, но случајот сега е вратен на повисок суд.
Фото: принтскрин
Европа
(Видео) Се урна патнички авион во Русија

Авион „ан-24“ на „Ангара ерлајнс“, со најмалку 40 патници, се урна во руската област Амур, на далечниот исток од земјата.
Остатоците од патничкиот авион се пронајдени на 15 километри од Тинда, планираната дестинација. SHOT објаснува дека хеликоптерот за пребарување не можел да слета во близина на местото на несреќата, па затоа спасувачите ќе мора да стигнат таму пеш.
✈️🚨 Passenger plane crashes in Russia’s Amur region — over 40 people on board
A Soviet-made Antonov An-24 aircraft operated by Angara Airlines disappeared from radar near the town of Tynda while attempting a second landing approach. Emergency crews later found the burning… pic.twitter.com/MOO08NTbEP
— NEXTA (@nexta_tv) July 24, 2025
„РИА новости“, повикувајќи се на извори, пишува дека, според прелиминарните податоци, нема преживеани.
Гувернерот на регионот, Василиј Орлов, изјави дека, според прелиминарните податоци, во авионот имало 43 патници, меѓу кои пет деца и шест члена на екипажот.
Министерството за вонредни ситуации го процени бројот на луѓе во авионот малку помал, на 40-ина.
Фото: принтскрин