Свет
Трамп вети една од најголемите во историјата модернизации на армијата на САД
Американскиот претседател Доналд Трамп вети во петокот на Конвенција на конзервативната политика на акција (CPAC) на Републиканската партија, една од најголемите модернизации на армијата во американската историја, најавувајќи дека ќе побара „масивен“ буџет за вооружените сили, пренесуваат агенциите.
На почетокот од февруари, американскиот министер за одбрана Џејмс Матис наложи да се подготви образложение за ревизија на буџетот за фискалната 2017 година, со цел да се зголеми борбената моќност на американската армија за борбата со џихадистичката организација Исламската држава. Генералот истакна дека ревизијата на буџетот се однесува не само на сегашниот, туку и на оној за следната година, како и за одбранбената програма за периодот од 2019 до 2023 година.
Одбранбениот буџет на САД, кој е најголем на светско ниво, изнесува над 580 милијарди долари и ги надминува севкупно трошоците за одбрана на Кина, Русија, Саудиска Арабија, Велика Британија, Индија, Франција и Јапонија, заедно.
Во петокот на четиридневниот состанок на CPAC, а овој собир годинава се одржува во Мериленд, близу Вашингтон ДиСи, американскиот претседател Доналд Трамп вети дека американската армија ќе биде помоќна од кога и да е претходно во историјата. Рече повтори дека ќе побара огромни буџетски средства за една од „најголемите модернизации на војската во американската историја“.
Рече дека се надева оти таквата војска никогаш нема да треба да се употреби, но дека никој во тој случај нема да се осуди „да се закачка“ со Америка. „Никој!“, нагласи Трамп.
„Веруваме во мир преку силата. И тоа ќе го имаме. Тоа е дел од моето ветување дека ќе им ја врати сигурноста на Американците“, додаде Трамп на третиот ден од конвенцијата на CPAC.
Повторувајќи дека работи на планот за „целосното уништување“ на Исламската држава. Покрај тоа, истакна дека „странските терористи нема да може да ја нападнат Америка, доколку не може да дојдат во Америка“.
„Ќе ги задржиме радикалните терористи надвор од нашата земја. Нема никој да нé оттргне од овој пат, и низ неколку дена ќе преземеме нова акција да ги заштитиме во нашите граѓани и да ја направиме Америка сигурна“, нагласи Трамп..
„Никогаш, никогаш нема да се извинам за тоа ја штитам безбедноста на американскиот народ – нема тоа да го сторам“, рече американскиот претседател истакнувајќи дека воопшто не го загрижува доколку поради тоа за него лошо ќе се пишува или зборува, „Тоа воопшто не ме грижи. Безбедноста на нашите граѓани е број еден“, додаде.
Вети, исто така, дека ќе изгради „голем, голем ѕид на границата“. „Градиме ѕид. Всушност, тоа ќе започне многу брзо. Многу, многу порано отколку што е планирано“, рече Трамп.
Трамп ѕидот го спомена ден откако државниот секретар Рекс Тилерсон и министерот за внатрешна/татковинска безбедност Џон Кели имаа разговори со своите мексикански колеги во Сиудад де Мехико. Забележливо е што на прес-конференцијата којашто уследи по средбата,ниту мексиканските домаќини, ниту американските гости не о споминаа ѕидот. На Трамп му е потребно одобрување од Конгресот за финансирање на ѕидот пред да почне со неговата изградба.
Трамп својот говор го искористи и за најновиот напад врз медиумите. „Против сум оние кои измислуваат приказни и измислуваат извори. Ним не би смеело да им биде дозволено да ги користат извори, освен доколку не го наведат нивното име. Не се користи името. Нека нема повеќе ’извор’“, порача американскиот претседател./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа
Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека смената на режимот во Иран „би била најдобрата работа што може да се случи“.
– Само зборуваат и зборуваат и зборуваат веќе 47 години – наведе Трамп.
Тој потврди и дека најголемиот носач на авиони во светот „УСС Џералд Р. Форд“ од Карипско Море ќе биде распореден на Блиски Исток. Тој ќе се придружи на носачот „УСС Абрахам Линколн“ и на бродовите разорувачи со наведувачки ракети, кои во регионот се повеќе од две недели.
– Ќе ни треба во случај да не постигнеме договор. Многу брзо заминува – истакна Трамп.
Но, Трамп навести дека е можен договор со Иран и избегнување на воена операција.
– Ако ни дадат прав договор, нема да го сториме тоа – посочи Трамп.
Свет
(Видео) Бродот на Тито настрада на пристаништето во Риека
Вчера во риечкото пристаниште дојде до поморска незгода во која товарен брод удрил во бродот „Галеб“. Несреќата се случила додека „Галеб“ бил приврзан на Ријечкиот лукобран, а во него при маневрирање налетал товарниот брод DENIZ AKAY, кој плови под знамето на Барбадос.
Бродот од Риека требало да исплови за Турција, но по инцидентот сега тоа нема да биде во можност. Капетанот на капетанијата, Дарко Глажар, накратко изјавил дека, според првичните информации, многу е веројатно турскиот брод да имал дефект на погонскиот систем и дека веднаш му е издадена забрана за испловување од пристаништето додека не се утврдат сите потребни факти во овој судир.
Исто така, според првичните информации, нема повредени лица, а штетата на двата брода ќе се утврдува дополнително.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos

