Европа
Германските агенти го шпионирале BBC и други странски новинари
Германската разузнавачка служба ги следела од 1999 година новинарите на британскиот јавен сервис BBC, на The New York Timesм на агенцијата Reuters, и на други медиуми во неколку земји, објави во петокот германскиoт магазин Der Spiegel.
Агенцијата BND следела најмалку 50 телефони, телефакси и адреси на електронска пошта на новинари или редакции ширум светот, вклучително и во Авганистан, Пакистан и Нигерија. Покрај тоа, новинарите на BBC биле следени и во Лондон и во Авганистан, а новинарите на The New York Times и во Авганистан. Според написот во Der Spiegel, прислушувањето на новинарите и медиумите било вршено најмалку од 1999 година
Федералната разузнавачка служба (BND) немала коментар на барањата за на агенцијата DPA. Додека за руската агенција РИА од германското разузнавање одговориле само дека „За оперативните аспекти на својата работа и за какви и да се заклучоци на BND, извештаи, главно, ѝ дава само на сојузната влада и на надлежните органи во германскиот Бундестаг“.
Во октомври минатата 2016 година Бундестагот донесе закон кој овозможува BND да ги следи информациите кои минуваат низ големите германски интернет сервери, и да ја контролира размената на информации меѓу странците.
Противниците на законот го покренаа прашањето за формулацијата којашто се однесува на собирањето информации со цел да се добијат „податоци, коишто имаат значење во сферата на внатрешната политика и безбедноста“. „Критичарите сметаат дека тоа ќе овозможи прислушување практично на секого“, пишуваше тогаш медиумската корпорација Deutsche Welle.
Прислушувањето е чувствителна тема во Германија, откако во 2013 година поранешниот американски разузнавачки аналитичар Едвард Сноуден преки медиумите објави дека американската Агенција за национална безбедност (NSA) повеќе од десет години, уште додека била само кандидат, ја прислушувала германската канцеларка Ангела Меркел, а за тоа најмалку три години знаел сега поранешниот американски претседател Барак Обама.
Меркел минатата седмица истана дека „шпионирањето на пријателите“ е неприфатливо, во текот на сослушувањето на парламентарната комисија која ги истражува активностите на NSA во Германија/крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Русите се предадоа на украински вооружен робот
Додека руската инвазија на Украина влегува во својата четврта година, далечински управуваните копнени роботи стануваат вообичаена глетка на бојното поле.
Украина стана светски лидер во развојот на беспилотни копнени возила (UGV), за кои војската вели дека ќе ѝ овозможат координирање на роботско војување, а воедно и намалување на човечките жртви, според Фондацијата Џејмстаун, одбранбен тинк-тенк.
Сега, видеото стана вирално на социјалните мрежи, наводно прикажувајќи двајца руски војници како се предаваат на токму таков робот, објавува Futurism.
A ground-based robotic complex captures three Russian soldiers. Zero Ukrainian casualties.
This is how Ukraine fights in 2026.
During a combat mission, Ukraine deployed the Droid TW-7.62 ground robot and forced 3 Russians troops to surrender. — Militarnyi. pic.twitter.com/dEDMpECZoB
— Tymofiy Mylovanov (@Mylovanov) January 28, 2026
Снимки од бојното поле
На видеото се прикажани двајца руски војници како излегуваат од зграда со кренати раце и се предаваат на вооружен робот.
Според украинскиот воен портал Militarnyi, станува збор за извидувачка и ударна копнена единица наречена Droid TW, произведена од украинската одбранбена компанија DevDroid. Дроидот користи вештачка интелигенција за автономно препознавање цели и е вооружен со муниција од 7,62 мм.
Роботот првично е развиен на барање на Првиот медицински баталјон на украинската армија, кој барал начин да ги евакуира ранетите под силен оган, но судејќи според снимките, армијата пронашла друга примена за него.
Европа
Макрон: Руските напади врз цивили се неприфатливи, испраќаме помош во Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон вчера ги осуди руските напади врз цивилите и енергетската инфраструктура и најави испраќање генератори во Украина.
„Вчерашниот напад врз патнички воз во регионот Харков е неприфатлив. Франција остро ги осудува руските напади врз цивилите и енергетската инфраструктура. Соочени со итноста, се мобилизираме. По состанокот на Г7+, на кој копретседател е Франција, во Украина ќе бидат испратени генератори за да му се помогне на населението да ја преброди зимата“, рече Макрон на платформата за социјални медиуми Икс.
Неговата изјава следеше по телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
J’ai échangé à l’instant avec le Président @ZelenskyyUa.
L’attaque d’hier contre un train de passagers dans la région de Kharkiv est inacceptable.
La France condamne avec la plus grande fermeté les frappes russes contre les civils et contre les infrastructures énergétiques.…
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) January 28, 2026
„Ставот на Франција е јасен: ние ќе ја поддржиме Украина колку што е потребно за да се одбрани и да ја победи агресијата предводена од Русија. Украина може да смета и на Франција во рамките на Коалицијата на волните. Ние продолжуваме да работиме на создавање услови за праведен и траен мир што ја гарантира безбедноста на Украина и Европа“, рече Макрон.
Тој додаде дека европските лидери се согласиле целосно да бидат вклучени во дискусиите што ги засегаат во контекст на тековните мировни преговори.
„Франција останува решена да го зголеми притисокот врз Русија сè додека таа избегнува мир. Работиме на нови санкции на европско ниво и ќе продолжиме со нашите напори за нарушување на флотата во сенка“, додаде Макрон.
Европа
Мерц: Влезот на Украина во ЕУ во 2027 година не доаѓа предвид, тоа не е можно
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека пристапувањето на Украина во Европската Унија во блиска иднина не е можно.
„Пристапувањето на 1 јануари 2027 година не доаѓа предвид. Тоа не е можно“, рече Мерц по разговорите со коалициските партнери во Берлин.
Секоја земја што сака да се приклучи на ЕУ прво мора да ги исполни Копенхашките критериуми, процес што обично трае неколку години, истакна канцеларот.
Сепак, тој нагласи дека на Украина ѝ е потребна перспектива што ќе го отвори патот за пристапување на долг рок.
„Можеме постепено да ја доближиме Украина до Европската Унија за време на овој процес“.
„Тоа е секогаш можно, но толку брзо пристапување едноставно не е изводливо“, додаде Мерц.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повтори барањето на неговата земја за членство во ЕУ уште во 2027 година.
„Пристапувањето на Украина во Европската Унија е една од клучните безбедносни гаранции не само за нас, туку и за цела Европа“, напиша тој на платформата Икс по телефонскиот разговор со австрискиот канцелар Кристијан Штокер.
„Колективната сила на Европа е можна, особено благодарение на безбедносниот, технолошкиот и економскиот придонес на Украина“, истакна Зеленски.

