Македонија
Иванов: Да не заборавиме за што ги положија своите животи овие млади луѓе
Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили на АРМ, Ѓорге Иванов, во саботата во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка, присуствуваше на панихида за сите загинати бранители на Република Македонија од воениот конфликт во 2001-та година и од настаните од мај 2015-та во Куманово.
Во својот говор претседателот Иванов, истакна дека настанот се одржува пред големиот христијански празник, Прочка, кој во духот на христијанството и на нашите предци не учи да простуваме. Мора да простуваме, рече претседателот Иванов, но не и да заборавиме за што ги положија своите животи овие млади луѓе.
„Тука сме да им оддадеме почит на бранителите, но и на нивните најблиски,зашто тагата треба да се сподели, но и да им кажеме дека нивната жртва и дело нема да бидат заборавени. Овде има и инвалиди, повредени, велам, раните на телото зараснуваат, но раните на душата, никогаш. Затоа овој настан ќе прерасне во традиција за да сите идни млади поколенија знаат дека за ова што денес го имаме некој го дал животот“, рече македонскиот претседател.
Јохан Тарчуловски рече дека денешниот собир е оддавање почит на сите бранители, но и порака до цела Македонија дека тие жртви не биле залудни.
„Има кој мисли на татковината, има Македонци патриоти чесни, кои до последна капка крв ќе се борат оваа држава да остане таква каква што е, зашто нашите предци ни ја оставиле во аманет и наша чест и одговорност е да ја браниме таа татковина. Ова не е никаква политика, не е ниту ВМРО, ниту СДСМ, ова е чиста одбрана на татковината. Никој не може да ја погази вољата на народот, а народот сака унитарна држава, со еден и единствен јазик, македонски“, рече Тарчлуловски.
На панихидата со која чиноначалствуваше намесникoт на Кривопаланечкото архиерејско намесништво, Александар Смиљков, присуствуваа и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, Слаѓана Митовска, пратеник во Собранието на РМ, градоначалникот на Крива Паланка Арсенчо Алексовски, претставници на МВР, политички партии, воени инвалиди од конфликтот во 2001, членови на семејствата на бранителите и бројни граѓани.
Настанот е во организација на Здружението на воените инвалиди „Бранител 2001“, но присуствуваа членови на сите здруженија на бранители до државата.
Во конфликтот од 2001-та година загинаа 135 бранители, а во настаните од мај 2015-та во Куманово осуммина ги положија животите за татковината./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски објави видео од изградбата на автопатот Тетово – Гостивар
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, објави видео од градежните активности на автопатот Тетово – Гостивар.
„Интензивно се работи на автопатот Тетово – Гостивар. Силна динамика во комплетирањето на автопатското решение на Коридорот 8. Ја градиме Македонија“, напиша вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил и објави видео од изградбата.
Македонија
Одземени 7.107 парчиња пиротехнички средства на скопски Бит Пазар
Во акциска контрола за сузбивање на нелегална продажба на пиротехника се одземени 7.107 парчиња пиротехнички средства на скопски Бит Пазар, следува соодветна пријава, соопшти МВР.
Денеска (08.12.2025) полициски службеници, на влезот на Бит Пазар, пронајдоа 7.107 парчиња пиротехнички средства, кои биле поставени на три импровизирани тезги.
Пиротехничките средства се одземени и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата кои ги продавале, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
„И во наредниот период МВР ќе продолжи со преземање на мерки и активности за спречување на нелегалната трговија со пиротехника. Апелираме до граѓаните доколку забележат лица кои продаваат пиротехнички средства, да пријават во полициска станица или на телефонските броеви 112 и 192“, се наведува во соопштението.
Македонија
Гужви на границите, Богородица и Меџитлија се блокирани за влез и за излез
Од 11:00 часот сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е блокиран за влез и излез. На ГП Ники (Меџитлија) сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси, информира АМСМ.
На ГП Дојран сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет се очекуваат задржувања за влез во државата.
„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Дојран, времето на чекање за излез од државата изнесува 30 минути. На граничниот премин Табановце, времето на чекање за излез од државата изнесува 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, информира АМСМ.

