Регион
Руски агенти главни осомничени за обид за државен удар во Црна Гора

Рускиот државјанин Едуард Шишмаков и Владимир Попов, се осомничени за организирање терористички активности во Црна Гора и создавање криминална организација, се наводно агенти на руската воена разузнавачка служба ГРУ, тврдат британските, американските и разузнавачки служби на други земји, пишуваат во неделата медиумите во Подгорица.
Рускиот државјанин Едуард Шишмаков бил воено аташе во руската амбасада во Полска, а за она за што го обвинуваат за задачата да ја дестабилизира Црна Гора и нејзиното членство во НАТО, го променил личниот идентитет и добил ново презиме Широков.
За сличната наводна операција во Молдавија и спротиставување на нејзиното пристапување на Европски унија е осомничени Владимир Попов во летото 2014 година.
Официјална Москва ги отфрли обвинувањата за вмешаност за настаните во Црна Гора во октомври минатата година, пред парламентарните избори.
Специјалното државно обвинителство води постапка против 26 лица, а подигнувањето на обвинението го најави за 15-ти април. Исто така, најавено дека на двајцата руски агенти ќе им се суди во отсуство, доколку од почетокот на судењето не бидат достапни за правосудството.
Црногорското правосудство објави дека руските националисти се главните организатори за обид за терористички напади на денот на парламентарните избори на 16-ти октомври кога е уапсена група осомничени дека на подрачјето на Црна Гора во текот на денот и изборната ноќ планирале да изведат низа терористички акции да предизвикаат хаос во државата па дури и да го ликвидираат челникот Мило Ѓукановиќ./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео/Фото) Србите и Унгарците одржаа заедничка воена вежба

Србија и Унгарија одржаа заедничка воена вежба „Соседи 25“ со цел зголемување на нивото на соработка меѓу армиите на двете земји и размена на борбени искуства, соопшти српското Министерство за одбрана.
Вежбата се одржа на воениот полигон Пасуљанске ливаде со учество на припадници на Првата бригада на српската армија и 30-та механизирана бригада на Унгарија.
За време на повеќедневната вежба, војниците заедно ги вежбаа дејствата на единиците во тактички операции, вклучително и употребата на современи борбени возила, комуникациски системи и опрема за собирање и обработка на разузнавачки информации.
Ова е десетта заедничка вежба наречена „Соседи“ што ја спроведуваат вооружените сили на Србија и Унгарија.
Регион
Во Бугарија и Романија на сила црвен метео аларм поради обилни дождови

Во Бугарија и Романија на сила е црвен метео аларм поради обилни дождови. Обилните дождови продолжија да ја погодуваат Бугарија, што доведе до затворање на патишта, прогласување црвен метео аларм во неколку области, а 51 населено место останаа без електрична енергија поради бурата. Надлежните органи го интензивираат надзорот над сите мостови и инфраструктура што е потенцијално оштетена од поплавите, пишува денес „Новините“. Службениците предупредија дека секоја локација што е изложена на ризик ќе биде веднаш затворена.
Граѓаните се повикуваат да бидат внимателни, да избегнуваат патувања и да ги следат упатствата на надлежните служби. Бугарскиот национален институт за метеорологија и хидрологија прогласи црвен метео аларм, највисоко ниво на предупредување, за осум области каде што се очекуваат повеќе од 65 литри дожд на квадратен метар, пренесува Танјуг.
Во исто време, властите објавија дека Бугарија ќе побара помош од Европскиот фонд за солидарност за погодените места поради предизвиканите штети.
Метеоролозите во Романија денес го продолжија црвениот временски аларм поради предвидените обилни врнежи од дожд за пет области и градот Букурешт со можност за врнежи до 140 литри на квадратен метар.
Според најновото предупредување на Романската национална метеоролошка управа (ANM), од 21 часот на 7 октомври до 15 часот на 8 октомври се очекуваат обилни врнежи од дожд во неколку области, пишува романската новинска агенција Аѓерпрес.
Фото: принтскрин
Регион
Убиен судија на Апелациониот суд, во судница во Тирана

Судијата Астрит Каљаја беше убиен денес во Апелациониот суд во Тирана додека траеше рочиштето.
Напаѓачот, засега непознат, влегол во судницата и го застрелал Каљаја, кој бил однесен во болница каде што му била пружена медицинска помош, објавува „Албанија пост“.
На местото на настанот, според медиумот, има бројни полициски сили, кои веднаш го уапсиле осомничениот сторител, а како што се наведува, идентитетот на напаѓачот и мотивите на нападот засега се непознати.
Судијата Астрит Каљаја служел со години во албанскиот судски систем, а неодамна во Апелациониот суд во Скадар.
Тој го поминал процесот на верификација во 2019 година, каде што бил потврден на функцијата од Независната квалификациска комисија, а потоа и од Специјалниот жалбен панел во 2022 година.
Фото: принтскрин