Надворешна политика
Вајгл: Поддршката на Резолуцијата за Македонија значи интерес за земјата да го продолжи европскиот пат
Убедливото гласање за Резолуцијата за Република Македонија на денешниот состанок на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) е израз на интерес за Македонија да продолжи на европскиот пат и поддршка за политичка и економска стабилизација, порача известувачот за македонската држава во Европскиот парламент, Иво Вајгл во изјава за МИА по денешното гласање.
Со 54 гласа за и само осум против, како што јавува дописникот на МИА од Брисел, т.н. АФЕТ-комитет со убедливо мнозинство гласаше за Резолуцијата, усвојувајќи ги сите 28 компромисни амандмани (во однос на вкупно 318-те поднесени), при што во истите се содржат и термини „Македонија“, „македонски“ и сл.
„Јас сум многу задоволен што оваа Резолуција беше изгласана со дури и многу поголемо мнозинство во однос на изминатите години. Тоа треба да се разбере како израз на интерес за Македонија да продолжи на европскиот пат, но истовремено и поддршка за политичка и економска стабилизација и воопшто на состојбата во Македонија. Интересно е дека и некои традиционално критички европратеници од соседните земји овојпат не учествуваа активно и не настојуваа да бидат негативни, туку напротив беа конструктивни во сите разговори што ги водевме пред конечното формулирање на оваа Резолуција“, вели Вајгл во изјава за МИА.
Известувачот за Македонија и европратеник од Словенија, подвлече дека гласањето за македонската Резолуција значи и поддршка за земјата во најкус можен рок да добие Влада, а по парламентарните избори на 11 декември минатата година.
„Мислам дека денешното гласање треба да се разбере и како поддршка на нашето очекување дека Македонија во најкус можен рок ќе добие Влада и ќе продолжи на патот на реформите“, додаде Иво Вајгл.
Конечното изгласување на Резолуцијата на Европскиот парламент за Република Македонија ќе се случи на пленарна седница на ЕП во Стразбур, кога целиот состав на Европарламентот од 751 пратеник ќе го даде својот глас./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.