Скопје
Американско катче во општина Центар
По средбата во просториите на амбасдата на САД, помеѓу американскиот амбасадор Џес Бејли и градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, беше потпишан договор за отворање Центар за јавно информирање и активности. Американското катче ќе функционира во периодот од април годинава па се до април 2021-ва година.
Лаура Браун, советник за односи со јавност во Амбасадата на САД, посочи дека ваквите катчиња кои ги има во повеќе земји се можност за учење за американската историја и култура, помош за лицата кои сакаат да студираат во САД. „Возбудени сме за новата соработка со општина Центар. Ова е можност нова генерација на млади луѓе да се запознаат и да го шират пријателството меѓу двете земји“, рече Браун.
Ова влегување во партнерски однос помеѓу САД и општина Центар е исклучително значајно и носи придобивки за граѓаните на општината. „Влегуваме во партнерски однос, што е бенефит на граѓаните на општина Центар, бидејќи ќе имаат пристап до голем библиотечен фонд, ќе можат да добиваат информации за стипендии и ќе се запознаат со образовните програми во САД“, рече градоначалникот Андреј Жерновски.
Локацијата на американското катче е во катната гаража на Судска палата, обезбедена од страна на општината, а опремувањето и обезбедувањето библиотечна колекција е обврска на Амбасадата на САД. Катчето ќе го користат сите граѓани бесплатно и ќе биде отворено за јавноста во работните денови./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

