Македонија
СДСМ: Новата Влада ќе го преиспита буџетскиот дефицит од 34,7 милиони евра само во јануари
Новата одговорна Влада ќе ги преиспита сите нетранспарентни трошења на парите на граѓаните од Буџетот, вклучувајки ги трошењата на власта во заминување во месец јануари, за време на нејзиното техничко функционирање, најавија во среда од СДСМ.
„Според официјален податок, Извештајот за извршување на буџетот за месец јануари 2017 година, Владата во заминување потрошила 34,7 милиони евра повеќе од приходите што ги собрала тој месец! Односно реализирани се 34,7 милиони евра од предвидените 302 милиони евра буџетски дефицит за цела година. Тоа е за 38 отсто повисока реализација од планираната месечна реализација на буџетскиот дефицит. Овој Извештај покажува дека реализацијата на капитални инвестиции во месец јануари е на многу ниско ниво од само 4,8 отсто од предвиденото“, се вели во соопштението.
Ваквите нетранспарентни трошења на народните пари ќе завршат со формирањето на новата одговорна Влада, којашто ќе ги стави на увид на граѓаните сите буџетски намени, а оние кои се огрешиле ќе одговараат, се додава во соопштението./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

