Европа
Јункер: Земјите од западен Балкан треба да имаат ЕУ перспектива но членство нема да има пред 2019

Земјите од западниот Балкан мора да имаат европска перспектива, но не можат да сметаат на членство во Европската унија пред 2019 година, рече меѓу другото претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер во разговорите во Љубљана со младата генерација Словенци кои му поставуваа прашање за иднината на ЕУ, невработеноста, начинот на одлучувањето во европските тела , па и за тоа кога Унијата ќе дозволи користење марихуана.
На прашањето дали постапката на излегување на Велика Британија од интеграции ќе резултира со „вин-вин“ позиција, односно позитивен исход за двете страни, челникот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер рече дека тоа не треба да се очекува, бидејќи Брегзитот е пораз за двете страни.
„Ќе загуби и ЕУ-27, а ќе загуби и Велика Британија“, рече Јанкер, изразувајќи жалење што сега наместо ЕУ да се занимава со позитивни проекти и иднината, „часови и часови“ троши на расправата за истапувањето на една земја членка.
Мислам дека нови излагање од ЕУ нема да има, еден Брегзит е сосема доволен, рече Јункер на прашањето дали треба да се очекува дека уште некоја земја че се реши да го следи британскиот пат.
„Не треба да очекуваме нови напуштања на Европската унија, иако членките на одреден начин на тоа повикува нови американскиот претседател, напротив ЕУ ќе добие нови членки, а и земјите од западен Балкан неопходно треба да ја задржат европските перспективи иако нови членства нема да има пред 2019 година“, реле Јункер.
Балканските земји, според него, имаат потреба од европската перспектива за да ги довршат спроведувањето на меѓусебното помирување.
Кога станува збор за односите со САД и европската унија, Јункер рече дека е важна европската „мека сила“, но дека таа мора да ја јакне својата одбрана, бидејќи не може веќе да се смета на досегашниот американски ангажман,/
Јункер тврди дека досега запознал тројца американски претседатели, дека наскоро ќе го запознае и четвртот, како и дека сите тие се заземале за тоа Европа врз себе да преземе повеќе обврски во поглед на безбедноста и одбраната.
Младите Словенци го прашаа Јункер и за начинот на кој се носат одлуките во ЕУИ, со мислење дека станува збор за предолг и неефикасен процес за кој е потребно премногу време, но Јункер појасни дека брзината на одлучување често зависи од волјата и интересите на земјите членки, што, како што додаде, се покажало и при проблемите врзани за мигрантската криза.
„Доколку амбициите не се големи, како што сега е случајот, тогаш за некои одлуки ни е потребно повеќе време, а многу зависи и од волјата на земјите членки“, изјави челникот на Европската комисија во словенечката престолнина Љубљана,
Така, ЕК своите први предлози како треба да се дејствува заеднички во мигрантската криза ги изнела уште во мај 2015 година, пред големиот миграциски бран, но министрите на земјите членки го потврдиле дури кон крајот на годината, а сето тоа се повторило и кога доцнеше одлуката за заштитата на надворешни граници на ЕУ, за нова бегалска криза однапред да се спречи, објаснуваше Јунакер.
Рече и дека многумина не ги разбираат надлежностите на Европската комисија и на другите институции.
Така, на прашањето кога во ЕУ ќе биде дозволено користење на марихуана, како што тоа го сторија некои сојузни држави во САД за да ги „зашијат дупките во приходите“, Јункер појасни дека тоа не е ниту надлежност, ниту одговорност на ЕК, туку таа и таквите области ги регулираат земјите членки, а истото е и со законите за половата рамноправност, геј браковите и правата на ЛГБТ заедницата.
„Но кога јас бев претседател на владата на Луксембург, тоа подрачје го уредивме и геј заедниците ги имаат сите права“, рече Јункер./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Данските власти поставија воен радар на аеродромот во Копенхаген за откривање дронови

Откога неидентификувани дронови беа забележани над данските аеродроми и воени бази речиси секоја вечер минатата недела, данските власти презедоа низа мерки за да се осигурат дека претстојниот состанок на лидерите на Европската Унија во Копенхаген ќе помине без безбедносни закани.
Откога минатата сабота беше забранета целата активност на дронови над Данска, фрегатата на германската морнарица „ФГС Хамбург“ се закотви во пристаништето во Копенхаген во неделата. Германскиот брод ќе придонесе за надзор на данскиот воздушен простор за време на самитот на Европската Унија, објавија данските медиуми.
Најновата мерка на данските власти е инсталирање современ радар за откривање и следење дронови „Вајбел Ксента“ на аеродромот „Каструп“ во Копенхаген.
Данската полиција и Генералштабот на вооружените сили не сакаа да дадат подетаљни информации за радарот што може да се види зад оградата кај „Каструп“. Познато е само дека станува збор за уред од данската компанија „Вајбел саентифик“, што може да детектира сите летала на растојание до 30 километри.
фото: принтскрин
Европа
Орбан: Секој друг извор на нафта и гас, освен рускиот, е несигурен и поскап

Снабдувањето на гас и нафта од Русија е загарантирано за Унгарија, а секој друг извор на енергија е несигурен и поскап, изјави денес унгарскиот премиер, Виктор Орбан.
„Ниеден разумен човек не би разменил нешто сигурно за нешто неизвесно“, рече Орбан денес во поткастот Fight Hour, како што објави унгарската агенција MTI. Унгарскиот премиер рече дека испораката на енергија од Русија е загарантирана и дека цената е пониска отколку од другите земји. Доколку Унгарија купува нафта и гас од други земји по повисока цена, ќе мора да им наплаќа повеќе на своите жители, рече Орбан.
Унгарија, Словачка и Чешка се трите европски земји на кои им се дадени ослободувања од европските санкции за увоз на руска нафта. Чешка оттогаш обезбеди други извори на снабдување, но Унгарија и Словачка продолжуваат да увезуваат нафта од Русија преку нафтоводот „Дружба“.
фото: принтскрин
Европа
Рекорден премин на Ла Манш: 125 мигранти пристигнаа со еден брод

Рекорден премин на Ламанш беше забележан во саботата кога дури 125 лица пристигнаа во еден мал брод, што е досега најголем број патници во еден брод. Вкупно, речиси 900 мигранти го преминаа Ламанш во саботата, пишува Би-би-си.
Со ова е соборен претходниот рекорд од август, кога во еден брод имаше 106 лица. Официјалните податоци од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека 895 мигранти пристигнале во 12 бродови во саботата, со што вкупниот број на преминувања од почетокот на 2025 година достигна приближно 33.000.
Во сенка на нова трагедија
Веста доаѓа откако уште еден мигрант почина обидувајќи се да премине, а неговото тело беше пронајдено во неделата наутро на плажа во близина на Булоњ-сур-Мер во северна Франција, објави новинската агенција АФП.
Возраста и националноста на починатиот сè уште не се познати. Обвинителката на пристанишниот град, Сесил Гресиер, изјави за АФП дека истрагата ќе утврди дали постои врска помеѓу оваа смрт и обидот за премин во близина на Екиен-Плаж, каде што беше пронајдена 49-годишна жена и однесена во болница поради хипотермија.
Во саботата, две жени од Сомалија исто така ги загубија животите откако нивниот импровизиран чамец наиде на проблеми. Со ова, бројот на смртни случаи при обид за нелегално преминување од Франција во Велика Британија оваа година се искачи на најмалку 27.
фото: принтскрин