Црна хроника
Се превртеле со машина за сечење дрва, едниот загинал

Постар маж загина откако заедно содруг се возеле на рачно изработена машина за сечење дрва, при што се превртеле.
Како што соопшти полицијата, во четвртокот, во 11.30 часот на локалниот пат за село Долно Блаце се случила сообраќајна незгода во која И.Ш. (53) од Скопје, управувајќи рачно изработена работна машина за сечење дрва, се превртел на патот.
По незгодата сопатникот Н.А. (77) од село Блаце, скопско, со друго возило бил пренесен во ГОБ „8-ми Септември“, каде е констатирана смрт.
Возачот И.Ш. по незгодата си заминал дома, од каде со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во ГОБ „8-ми Септември“ каде му се констатирани телесни повреди, по што е пуштен на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено во Институтот за Судска медицина за обдукција./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсени штипјанец и кавадарчанец, возеле пијани, а мажот од Штип предизвикал и сообраќајна незгода

Вчера во 21:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода 58-годишниот Р.Ѓ. од Штип. Претходно, околу 21:10 часот на крстосница од улицата „Борис Крајгер“ со улицата „Џемал Бједиќ“ во Штип со патничкото возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во патничко возило „сеат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 21-годишната А.П. од Штип.
Додека, при преземање мерки во врска со незгодата констатирано е дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,02 промили алкохол во крвта.
Ноќеска, во 01:45 часот на улицата Леце Котески во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода 41-годишниот Л.Т. од село Бегниште, кавадаречко.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „форд” со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал Л.Т., и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,30 промили алкохол во крвта.
Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Уапсен 30-годишен струмичанец: при претрес пронајдена марихуана

Вчера во 17:10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода 30-годишниот А.М. од Струмица.
Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени околу 300 грама марихуана, едно засадено стебло канабис, повеќе различни пакувања со марихуана и предмети со остатоци од марихуана.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против А.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Уапсени двајца скопјани: предизвикале пожар на две товарни и едно патничко возило кај спортскиот центар „Јане Сандански“

Денеска, во 02:20 часот во СВР Скопје е пријавен дека на паркинг простор од Спортскиот центар „Јане Сандански“ на подрачје на општина Аеродром во Скопје биле опожарени товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки и товарно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, двете сопственост на правно лице од Скопје и патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Е.С. од Прилеп.
Во 02:50 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а по преземени мерки и активности на полициски службеници од Полициската станица Аеродром и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, поради сомнение дека го предизвикале пожарот, на булеварот „АСНОМ“ од слобода се лишени Ф.Ц.(23) и И.Ц.(24), двајцата од Скопје.
Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.