Црна хроника
Кривични пријави против стружанец и фирмата што стопанисува со хотелот „Бисер“
Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување или уништување деловни книги“ и „даночно затајување“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 58-годишниот К.Ш. од струшкото село Ложани. како и против Трговско друштво за угостителство, трговија и услуги „Шуми 81“ што стопанисувало со хотелот „Бисер“ кај Струга.
Во текот на 2016 година, пријавениот како управител на ДООЕЛ „Шуми 81“, е осомничен дека за извршените услуги за свадби, крштевки и други свечености во хотелот „Бисер“, не изготвувал соодветни фактури и не издавал фискални сметки и не ги регистрирал во книговодството на фирмата. Тој, во одредени случаи во целост или делумно паричните средства во износ од 315.836 денари ги задржал за себе, евидентирале во полицијата во Струга.
Пријавениот К.Ш. како управител на правниот субјект се товари дека иако знаел дека за реализираните услуги треба да уплати парични средства на име обврски според данокот на додадена вредност (ДДВ) во износ од 63.381 денари и 46.167 денари обврска за персонален данок, сепак тоа не го сторил туку истите ги задржал за себе. По овој основ, пријавениот К.Ш. ја оштетил државната каса за 109.548,оо денари. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.