Црна хроника
Еден застрелан и физички напади во Скопје
На подрачјето на Скопје во петокот се пријавени два случаи на физички напади, врз малолетник и врз универзитетски професор, а ноќта кон саботата е ранет еден маж, се наведува во саботниот билтенот на министерство за внатрешни работи.
На улицата „Димитрија Чуповски“ во Скопје, изминатата ноќ околу 1,40 часот е пријавено дека се слушнале истрели. Полициските службеници евидентирале дека дека 42-годишниот идентификуван како С.Ф. и 39-годишниот Е.М., и двајцата од Скопје, имале вербална расправија којашто подоцна прераснала во физичка пресметка. Потоа С.Ф. извадил пиштол и испукал два куршума кон противникот, кој инаку бил брат на неговата сопруга.
На повредениот му била укажана медицинска помош во Ургентен Центар Скопје и од страна на лекар била констатирана тешка телесна повреда, и тоа прострелна рана во пределот на десната дланка и повреда во пределот на стомакот по што бил пуштен на домашно лекување.
Со осомничениот ќе биде извршен разговор и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Две непознати лица во петокот попладнето, исто така, во централното подрачје на Скопје физички нападнале малолетник удирајќи го со тупаници. МВР соопшти дека вчера во 17,50 часот во Скопје, на булеварот „Партизански Одреди“ на автобуска постојка две непознати лица физички нападнале 16-годишен малолетник удирајќи го со тупаници и се обиделе да му го одземат мобилниот телефон, а откако не успеале избегале.
Се преземаат мерки за откривање и пронаоѓање на сторителите како и целосно расчистување на случајот.
Во петокот е скопската полиција добила пријава дека во во просториите на правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитет „Свети Кирил и Методиј“, од страна на непознато лице бил извршен физички напад врз 60-годишниот професор кого го полицијата го идентификува, според вообичаената практика, со иницијалите Љ.Ф. (60).
СВР Скопје извести во саботата дека се работи на целосно расчистување на случајот, без наведување поединости од овој инцидент./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.