Македонија
Музички хепенинг наместо протестна поворка во Скопје – За заедничка Македонија

Граѓанската иницијатива и поддржувачи на платформата „За Заедничка Македонија“ наместо на протесна поворка којашто вообичаено почнуваше изминатите денови од зграда на Владата до Собранието, во саботата во паркот „Жена борец“ во 13 часот одржуваат голем музички хепенинг, на кој се присутни и голем број граѓани и од другите градови од земјава.
Од собирот во паркот наспроти македонскиот паралмент се упатуваат пораки за сочувување на унитарноста на државата, како и за одржувањето на нејзиниот мултиетнички карактер. Учесниците упатуваат пораки за одбрана на македонскиот јазик и на националните обележја на државата.
Настапуваат повеќемина домашни музичари, пејачи, бендови, ансамбли, а од бината постојано се слушаат пораки за заедништво, за унитарност на Македонија и за натпартиска борба за заштита на јазикот и на националните обележја на државата
Организаторите најавуваат дека концептот на протестни маршеви сепак ќе го продолжат од понеделник низ сите градови на државата.
Светски афирмрианиот оперски пејач Игор Дурловски, еден од иницијаторите од движењето „За заедничка Македонија“. истакна дека има расположение на улица да се останува и цели ноќи, додека не се исполнат нивните барања, односно да се формира македонска платформа која ќе ги штити уставните и националните интереси на Македонија, наместо на други држави.
„Ние сме мирољубив народ, сега сме по тричетири часа на улица, а самиот народ е расположен да остане цели ноќи на улица додека не се прифатат нашите предлози, за враќање на работите на место каде што треба да бидат. Предалеку се отиде додека седевме дома, можеби мислеа дека не следиме што се случува, но со првиот ден од собирите покажуваме дека треба да се преиспитаат“, рече Дурловски./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Претежно облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.