Црна хроника
Во две сообраќајќи тешко повредени дете и маж
Во саботата на територијата на земјата се регистрирани две поголеми сообраќајни несреќи, во кои со тешки повреди се здобиле дете во скопско Студеничани и маж од Струмица, кои се згрижени на Клиничкиот центар во Скопје.
Во саботата околу 14,54 часот на влез во скоспкото село Студеничани се случила сообраќајна незгода во кои учествувалепатнички автомобил „рено меган“ со скопски регистерски ознаки управувано од 33-годишниот Д.М. од селото Зелениково и велосипед управуван од деветгодишно дете од Студеничани. Во незгодата со тешка телесна повреда, односно скршена бутна коска, се здобил малолетникот. Нему му е укажана лекарска помош во Ургентниот центар Скопје. Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.
Претходно истиот ден, околу 09,45 часот на магистралниот пат Струмица – Радовиш, се случила сообраќајна незгода меѓу автомобил „фолксваген голф“ со струмички регистерски ознаки управувано од 46-годишниот Р.П. (46) од селото Василево и „пежо 607“ со струмички регистерски ознаки управувано од 46-годишниот Б.В. од Струмица.
Во незгодата Б.В. се здобил со тешки телесни повреди, а по укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар Струмица, поради сериозноста на повредите бил пренесен во Клиничкиот центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Струмица и се работи на целосно расчистување на случајот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец: ограбил манастир во Неготино
Вчера во 12:30 часот во Неготино, од страна на полициски службеници од ОВР Неготино од слобода е лишен 44-годишниот М.А. од Прилеп, по добиена пријава дека истиот ден околу 09 часот, со употреба на сила, одзел пари од манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и М.А. е лишен од слобода, а по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, запленети 300 теписони и патеки без документација
Вчера полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции на подрачје на СВР Охрид, поточно на место викано Подмоље го лишија од слобода А.Ј (52) од Скопје.
Имено, откако било сопрено товарно возило „форд транзит” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј., при преглед на возилото во товарниот дел пронајдени се 300 теписони и стази, без соодветна документација.
Лицето е лишено од слобода, а возилото и стоката се одземени.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
фото: МВР
Црна хроника
Со возилото удрил во заштитна ограда а возел со 1,98 промили алкохол во крвта: уапсен кичевец
Вчера во 18:25 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај месноста „Копачка“, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода О.М.(63) од Кичево.
Претходно, тој со патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, излетал од патот и удрил во заштитна ограда, а при преземање мерки во врска со незгодата е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,98 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информира МВР.

