Контакт

Надворешна политика

Австрија ќе се заложи за финансиска помош за Македонија и побрзо враќање на мигрантите

Објавено пред

Од канцеларијата на австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц, во понеделникот изјавиле дека целта на неговиот пристап кон Балканот е да им се помогне на одделните земји, особено на Македонија, да се справат со мигрантската криза, но не и да се отвораат кампови за мигранти.

dobivaj vesti na viber

 

Според појаснувањето на изјавата на Курц, Македонија може да очекува финансиска помош, како и помош за полесно враќање на мигрантите кои доаѓаат на нашите граници назад во нивните матични држави.

„Како Европска унија, ние мораме да сториме повеќе да им помогнеме на балканските земји, а особено на Македонија, да се справат во мигрантската криза, во грижата за мигрантите и бегалците. Министерот тука најави одвојување финансиска помош и помош при реадмисијата на лицата во нивните матични држави. Со тоа, Авганистанците би можеле да се вратат во Авганистан, Пакистанците во Пакистан, тие од Бангладеш во Бангладеш, и ние можеме да ви помогнеме со овие реадмисии и со финансиска помош. Можеме да обезбедиме финансиска помош за да се надмине дискрепанцата меѓу тоа што го трошиме на земји зафатени од мигрантската криза како што е Турција, и земји како Македонија и Србија. Потребна е поголема финансиска помош, и би било нефер од ЕУ да не ви обезбеди повеќе помош“, изјавијале за МИА од канцеларијата на австрискиот министер Курц.

Во врска со можноста за отворање кампови за мигранти, позиција на австрискиот министер за надворешни работи е дека „идеална ситуација е бегалците мигранти да бидат запрени на самата граница и во најдобар случај, потоа да бидат вратени директно во нивните матични земји. Доколку ова не е возможно, може да бидат испратени во центри за азил, пред се во Северна Африка или во Египет, или долж некоја од другите рути на бегалци надвор од Европската унија, но тоа не значи дека некоја земја беше посочена во врска со овој предлог, или пак дека со него е поврзана некаква условеност. Целта не е да се наполнат држави со бегалци, напротив, целта е да обезбедиме финансиска помош и друг вид помош од Европската унија, за да се надмине кризата. Воедно треба да се избегнуваат ваков вид на вештачки дебати“, рекле од кабинетот на шефот на австриската престолнина.

Претходно во понеделникот од кабинетот на македонскиот претседател Ѓорге Иванов за Макфакс рекоа дека Македонија е транзитна земја и бегалски кампови нема да има, а во врска со изјавата на австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц, кој најави можност за формирање центри за бегалци во Грузија, Египет или во западнобалканските држави.

„Република Македонија останува на ставот изнесен на состанокот на шефови на држави и влади во Брисел во октомври 2015 година. Во однос на мигрантската криза, Република Македонија како и досега, така и во иднина, ќе дејствува за да ја заштити својата националната безбедност. Секое решение кое вклучува згрижување на мигранти во балканските држави кои не се членки на ЕУ, нема да биде одржливо, бидејќи тие земји немаа капацитет и ресурси да се справат со очекуваниот прилив на мигранти. Во таков случај, многу веројатно е дека би се довела во прашање и стабилноста на државата“, рекоа од претседателскиот кабинет.

„Оттука, не смее да се дозволи создавање бегалски кампови во балканските држави кои не се членки на ЕУ. Република Македонија останува на ставот дека треба да се создадат безбедни зони и првични центри за прием, како и да се овозможи сигурност и хуманитарна помош што е можно поблиску до местата на потекло на кризите. Република Македонија е транзитна земја и бегалски кампови нема да има“, беше истакнато од кабинетот на Иванов./крај/мф/сн

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Ризик по животот: Човекот кој се искачи на Тајпеј 101 без заштита земал половина милион евра

Американскиот алпинист Алекс Хонолд изјави дека му е платен „смешно мал“ надомест за да се искачи на облакодер од 488...

Топ5 часа

Се претставил како инспектор, изнудил пари од жена за наводна сообраќајка, па бил фатен на граница

СВР Битола, во координација со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност, поднесе кривична пријава до Основното јавно...

Топ5 часа

Пешак се бори за живот на Ургентен во Скопје , малолетник го удрил со автомобил

Малолетник со возило удрил во автомобил и пешак, кој се бори за живот во Ургентен цнетар во Скопје, информираа денеска...

Свет7 часа

Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти

Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред...

Свет8 часа

Киев е без греење на минусни температури, Зеленски бара поддршка за воздушна одбрана додека

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од сојузниците поголема поддршка за воздушна одбрана, бидејќи стотици згради во Киев се без греење...

Македонија12 часа

Безбеден град ќе казнува по 500 евра и една година без возачка за брзо возење

Министерството за внатрешни работи денеска во рамки на проектот „Безбеден град“ ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на...

Македонија13 часа

Да беше жив Тоше Проески денес ќе полнеше 45 години

На денешен ден, 25 јануари 1981 година, е роден Тоше Проески, македонски пејач чиј музички опус и хуман ангажман го направија...

Македонија13 часа

АХВ за една година спровела над 125 илјади контроли и наплатила 618 илјади евра

Над 125 илјади инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на...

Македонија13 часа

Денес може да се дарува крв во чест на хуманоста на Тоше Проески

Во рамките на традиционалните крводарителски акции на Црвениот крст на град Скопје и оваа година ќе се реализира крводарителска акција...

Македонија1 ден

Адвокатката на газда Деко од „Пулс“ бара надлежните да реагираат откако родителите на загинатите деца ја ставија на транспарент

Адвокатката Ивана Коцевска, која е бранител на прво и на третообвинетиот во процесот „Пулс“ денеска излезе со реакција, поради употреба...

Македонија1 ден

Семејствата на загинатите во „Пулс“ со порака: Правдата што доцни не е правда

„Правдата што доцни не е правда“ – ова беше пораката што денеска повторно одекна во Кочани, од блиските на загинатите...

Свет1 ден

Зеленски: Трилатералните разговори беа конструктивни

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека трилатералните разговори меѓу делегациите на Украина, Русија и САД во Абу Даби биле...

Топ1 ден

86-годишна жена од Виница измамена за 30.000 евра, лажен лекар ја довел во заблуда дека ќерката е повредена

Осумдесет и шестгодишна жена од Виница пријавила дека била жртва на телефонска измама во која останала без 30.000 евра, откако...

Свет1 ден

Завршија преговорите меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев во Абу Даби

Во Абу Даби предмалку завршија преговорите за безбедноста на Украина  меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев, јавијха руските медиуми....

Македонија1 ден

Државата наплати данок од над 2 милиони денари од донациите за настраданите во пожарот во Кочани

Иницијативата „Супорт Кочани“ ја реализираше третата распределба на средства собрани преку заедничката наменска сметка за донации. На лица директно погодени...

Свет2 дена

На минусни температури, 6.000 згради во Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад

Речиси 6.000 згради во украинската престолнина Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад, изјави градоначалникот на градот, Виталиј Кличко,...

Регион2 дена

Крвава ноќ во Калуѓерица, маж по расправија со девојка се прободел со кујнски нож

Д.Г. (40) се повредил со нож во пределот на стомакот по расправија со девојка. Инцидентот се случил во белградската населба...

Македонија2 дена

Со понудени куќи, булдожери и милионска гаранција конзулот Марковски излезе од притвор

Куќа со двор и 3 стана во Битола, 25 булдожери и камиони, се гаранцијата која ја дал сопственикот на „Марковски...

Македонија2 дена

По денешните протести, Синдикатот на „Македонска пошта“: Надминати се сите проблеми, декемвриската плата е исплатена

Незадоволството на вработените во Македонска Пошта денеска прерасна во организиран протест низ целата држава, а причина за ваквата реакција и...

Европа2 дена

(Видео) Се појавија првите снимки од денешната средба: разговорите меѓу САД, Украина и Русија во Абу Даби ќе продолжат утре

Трилатералните разговори меѓу САД, Украина и Русија, што се одржаа денес во Абу Даби, беа оценети како продуктивни и ќе...