Европа
‘Алмаз Антеј’: MH17 соборен со ракета ‘Бук’ која ја нема во вооружувањето на Русија
Малезискиот „Boeing 777“ со 298 патници и членови на екипажот кој во јули 2014-та се урна во источна Украина во зоната на борбени дејствија меѓу украинската армија и рускојазичните бунтовници крај Донецк, е погоден со проектил за старите системи „Бук“ кој е повлечен од вооружувањето на руската армија во 2011 година, објави во вторникот рускиот производител на оружје „Алмаз-Антеј“ чиј претставник Јан Новиков
Претставниците на оваа компанија на почетокот од јуни годинава прецизираа дека според траекторијата проектилот дошол од територијата којашто во моментот била под контрола на силите лојални на прозападните власти во Киев.
„Докажавме дека противвоздушната ракета којашто го соборила авионот Boeing над Украина, исклучиво би можела да биде од типот 9М38 комплексот ‘Бук’, истрелана од областа на селото Зарошченско. Последната таква ракета била пуштена во Советско сојуз во 1986 година“, изјавил Новиков на специјалната прес-конференција во Москва, пренесува агенцијата РИА.
Според него, крајниот и безбеден рок за овој тип проектили, вклучително и со сите надградби, изнесувал 25 години, по што тие биле повлечени од вооружувањето на руската армија.
„Двата последни експеримента покажаа дека во доколку Boeing-от би бил погоден со современата ракета 9М38М1 авионот би претрпел голем број значителни оштетувања во ткн вид на ‘пеперутка’, но од 7.000-те фрагменти секој четврти е со најголема кинетичка енергија“, изјавиl генералниот директор на концернот производител на системот „Бук“ притоа пред новинарите детално објаснувајќи го симулирањето на трагичниот лет и истрелувањето на евентуалниот проектил според документацијата фотографиите и карактеристиките на оштетувањата на остатоците од авионот од меѓународната истрага.
Резултатите од своето истражување од „Алмаз-Антеј“ на крајот од мај ги предале на меѓународната комисија за истражување на падот на авионот на летот МH17 од Амстердам за Сиднеј, но истакнаа дека се сомневаат дали тие ќе бидат земени предвид.
Како резултат на анализата во првата фаза во „Алмаз-Антеј“ решиле две задачи: прецизиран е типот ракета, според тоа е ракета (М38М1 со боева глава 9М314, како и дефинирање на условите на контактот на ракетата со авионот – ракетата се приближувала во пресек на курсот во хоризонтална рамнина 72 до 78 степени, во вертикална 20-22 степени. Најверојатна област од каде што би можел да биде истрелан проектилот, тоа е областа околу селото Зарошченско“ контролирано во времето на трагедијата изјави на прес-конференцијата советникот на главните конструктор во „Алмаз-Антеј“, Малишевски.
Инженерите на концернот за да го одредат типот проектил кој наводно го погодил авионот, „спроведоа темелна анализа на оштетувањата на надворешната каросерија и моќноста на рамката од авионот, како и оштетени делови доставено на меѓународната комисија земени од различни елементи на конструкцијата на авионот“, се истакнува во соопштението на „Алтај-Алмаз“. Притоа се истакнува дека „беа анализирани не само формата, туку и општиот карактер на оштетувањата“.
Специјално биле ангажирани експертите кои го истражуваа падот на рускиот патнички авион „Ту-154“ со 78 израелски туристи кој во 2001 година над Црното Море го соборија украинските противвоздушни сили
Несреќата на авионот на 17-ти јули во Донецкиот регион е една од најголемата воздухопловна катастрофа во светот во изминатата 2014 година, загинаа сите 298 патници и членови на екипажот, а околностите уште се обвиени со голема мистерија што навистина се случило. Постојат повеќе контрадикторни изјави од меѓународни експерти и политичари.
Украина и САД тврдат дека малезискиот авион е соборен со систем кој бунтовниците им го дала Русија, додека Москва понуди сателитски и радарски снимки според кои таков систем „Бук-М“ на украинската армија бил распореден во зоната на судирот, како и дека авионот бил пресретнат од украински борбен авион../крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако Вашингтон му понуди на Киев безбедносни гаранции по моделот на НАТО. Трамп, исто така, изрази увереност дека Москва ќе прифати таков договор, објави „Ле Монд“.
Трамп откри дека имал „многу долги и многу добри“ разговори со својот украински колега Володимир Зеленски, како и со лидерите на НАТО и европските земји како што се Велика Британија, Франција и Германија.
„Се обидуваме да го разработиме тоа и мислам дека сега сме поблиску“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба. „Имавме бројни разговори со претседателот Путин на Русија и мислам дека сега сме поблиску од кога било досега, па ќе видиме што можеме да направиме“.
REPORTER: An Article 5-like deal seems to be emerging without NATO membership for Ukraine. If such a security guarantee is offered, what incentive is there for Ukraine to give up any sort of territory?
US PRESIDENT TRUMP: Well, they've already lost the territory, you know, to be… pic.twitter.com/99sx8a6f03
— Status-6 (Military & Conflict News) (@Archer83Able) December 15, 2025
На прашањето дали неодамна разговарал директно со Владимир Путин, Трамп одговори остро: „да, разговарав“, без да навлегува во детали.
Сепак, Трамп се чини дека сугерираше дека во замена за безбедносни гаранции, Украина ќе мора да се согласи да отстапи делови од источниот регион Донбас што сè уште се контролирани од Киев – можност што Зеленски претходно силно ја отфрли.
На прашањето каков поттик ќе има Украина за да се откаже од територија, Трамп одговори: „Па, искрено, тие веќе изгубија територија“.
Тој додаде дека Европа, која и покрај противењето на Русија повторно предложи испраќање мултинационални мировни сили, ќе биде „голем дел“ од секоја безбедносна гаранција.
Европа
Крај на краткорочните изнајмувања станови за туристи во Шпанија, Airbnb казнет
Шпанија го казни Airbnb со огромни 65 милиони евра за рекламирање недвижности за краткорочно изнајмување, без соодветни дозволи. Одлуката доаѓа во време кога расте притисокот врз владата да го ограничи туристичкото сместување во услови на продлабочување на кризата со домувањето, објавува „Евроњуз“.
Шпанското Министерство за заштита на потрошувачите соопшти дека казната е конечна и дека на платформата со седиште во САД ѝ е наредено веднаш да ги отстрани сите нелегални огласи. Официјалните лица изјавија дека повеќе од 65.000 огласи на Airbnb ги прекршуваат шпанските закони за заштита на потрошувачите, вклучително и огласување недвижности, без дозволи или со неважечки броеви за лиценца.
Казната е шестпати поголема од профитот што Airbnb го оствари од спорните огласи помеѓу времето кога властите ја предупредија компанијата и времето кога огласите конечно беа отстранети.
Зошто беше казнет Airbnb?
Според шпанските власти, 65.122 огласи на Airbnb ги прекршиле прописите дизајнирани да ги заштитат закупците и потрошувачите. Многу од овие имоти се наоѓале во региони во кои краткорочните изнајмувања се ограничени или бараат експлицитно одобрение.
Министерството нагласи дека од платформите како Airbnb се очекува да проверат дали имотите рекламирани во Шпанија се во согласност со локалните и регионалните прописи за домување. Кога не го прават тоа, велат, тие изнајмувања остануваат на пазарот подолго отколку што треба намалувајќи го бројот на домови достапни за жителите што бараат долгорочен смештај.
Министерот за права на потрошувачите, Пабло Бустиндуј, рече дека има илјадници семејства што живеат на работ поради кризата со домувањето во земјата, а некои компании профитираат од бизнис-модели што ги принудуваат луѓето да ги напуштат своите домови.
Борбата против нелегалните изнајмувања не е ограничена само на Airbnb. Во јуни Шпанија исто така му наложи на Booking.com да отстрани повеќе од 4.000 нелегални огласи.
Барселона ја предводи борбата против масовниот туризам
Барселона стана епицентар на борбата на Шпанија против краткорочните изнајмувања. Градот оваа година објави планови за постепено укинување на сите туристички станови до 2028 година, со што ефикасно ќе им се забрани на платформи како Airbnb да продаваат приватно сместување во станбени згради.
Градските лидери велат дека краткорочните изнајмувања ги испразнија локалните населби, ги истиснаа жителите од пазарот за изнајмување и ги трансформираа цели населби исклучиво за туризам. Локалните заедници се согласуваат, а протестите – од мирни маршеви до напади со водни топови – се сè почести против масовниот туризам и растечките трошоци за живот.
Другите регионални и национални власти во Шпанија следат сличен пат. Повеќе од 53.000 нелегални туристички станови неодамна беа отстранети од официјалните регистри во целата земја, главно во Андалузија, Канарските Острови, Каталонија и Валенсија.
Шпанија пречека рекордни 94 милиони странски туристи во 2024 година и е на добар пат да го надмине овој рекорд оваа година. Иако туризмот останува клучен економски столб, официјалните лица велат дека построгата регулација на краткорочните изнајмувања е клучна за балансирање на растот на бројот на посетители со квалитетот на животот на локалното население.
Европа
Турски борбени авиони соборија дрон надвор од контрола во близина на брегот на Црното Море
Турција собори беспилотно летало „надвор од контрола“ кое се приближувало до нејзиниот воздушен простор над Црното Море, соопшти Министерството за одбрана. Инцидентот се случува по украинските напади врз руските танкери од „флотата во сенка“ покрај турскиот брег и предупредувањата од турските политичари за опасностите од ширење на војната во Украина, објави АП њуз.
Министерството во соопштението наведува дека борбените авиони Ф-16 биле испратени по откривањето на објектот. „За да се избегне каква било потенцијална штета, тој бил соборен во безбедна зона надвор од населените области“, се додава во соопштението. Во соопштението не се дадени дополнителни детали за локацијата или времето на инцидентот.
Украина соопшти дека нејзините поморски беспилотни летала погодиле два танкери на 28 ноември, додека трет брод бил погоден на 2 декември додека се движел кон турското пристаниште Синоп. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги осуди претходните напади како закана за „безбедноста на навигацијата, животите и животната средина, особено во нашата ексклузивна зона“.

